Најголем дел од интелигентните и талентирани тинејџери одбираат да слушаат хеви метал

  • Креатор на темата Креатор на темата Гижо
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
black angel напиша:
asalno gledano sekoj si e za sebe.ne mozes da mrazis nekoj zs e maetalec ili nekoj zs e turbo folker sekoj si ja gradi svojata licnost po svoj izbor.muzikata e izbor na licnosta
потполно си во право,ама само да потсетам за следново:
стилот на музика, и општо вкусот за било каква уметност многу ја одразува психата на еден човек и неговиот карактер.

Гижо напиша:
Мислам дека повеќето што не се согласија на темава помислија дека студијата вика дека Металот ги напраил интелегентни :pos:
Жално е што ние луѓето често го гледаме само она што нашите очи сакаат да го видат, а не онака како што е дадено.
 
Ја одразува моменталната состојба на психата можеби, но тоа не значи дека целосно го гради човекот.
Сите ние имаме периоди, и јас се нервирав кога за Курт Кобејн ме гледаа како од Марс да имам паднато, пошо носам розово а зборувам за „некој”, ама тоа ти е.
Секогаш ќе има промени кај една личност, како созрева, така и музиката која ја слуша ќе се менува.
 
И политичарите што не лажат носат зелено.
Лошите луѓе носат црно.
Талентираните фудбалери сакаат хорор филмови.
Добрите програмери не се смеат на вицеви.
Добрите кантер играчи сакаат да читаат дела од класицизмот и реализмот.

Допишете го и вашето од темата тука па да праиме фешти.Зашто иста глупост е.
 
Ja mislam, deka se lazaes i deka znam deka mnogu moi drugari bas se taletirani vo odnos na sekoe pole na umetnosta i se so site petki u skolo i slusaat hevi metal.Pa fala bogu nastojuvaat da se oblekuvaat potocno da izgledaat kako metalci.
 
Значи пошо дечко ми има брада и долга коса е металец, ама другарите негови кои немаат долга коса и брада не се???
Висок коефициент на интелегенција...навистина.:tapp:
 
Гижо напиша:
Авторите на истражувањето тврдат дека оние на кои металот им е омилен издувен вентил, имаат недостиг на самодоверба, проблеми во односите со семејството и потешкотии при склопувањето нови пријателства. Некои од анкетираните студенти признале дека ја користат хеви метал музиката за да се справат со притисокот кој им го предизвикува нивната интелигенција, но и со фрустрациите и гневот кој секојдневно го чувствуваат.

Авторите на истражувањето немале многу среќа со испитаниците.Изгледа им се погодиле деца од растурени фамилии или многу срамежливи.
Јас како тинејџерка слушав хеви метал по 6-7 саати дневно,а и сега слушам кога ќе ми текне.
За мојата самодоверба,sky is the limit,никогаш не сум имала проблеми со комуницирање или склопување на нови пријателства.
Лани бев на тестирање на интелигенција (од работа не носеа),излегов со коефициент 119.А хеви металот не ми е вентил за издувување,едноставно ми се допаѓа музиката и текстовите!
 
Гижо напиша:
Секој со својата приказна...
Гижо пер зошто мислам дека сите ја сватија темава во обратен правец???
 
Јас колку што сфатив, ако сфатив нешто, ова е обична статија која е направена на одреден број луѓе и каде никаде не се спомнува дека металците се најпаметни, а другите се глупави. Само многу прав се кренало за темава, што е позитивно, зошто зад добриот коњ се крева прашина:wink:
Можеби преку оваа музика најдобро се искажува револтот против неправдите во општеството, можеби најдобро се искажуваат револтот, бесот, итн., меѓутоа не е само тоа, има многу повеќе во ваквата музика, јас, на пример, не сум бесна, исфрустрирана, разочарана ама сепак рокот и металот најмногу ме расположуваат и опуштаат.
А, да, со темава се открија скромните луѓе, како почнаа да се вадат, "јас не слушам метал ама сум интелегентен/а", ако не се пофалиш сам/а тогаш кој, смешки еј:pos2:
 
Гижо напиша:
Мислам дека повеќето што не се согласија на темава помислија дека студијата вика дека Металот ги напраил интелегентни :pos:
До некаде си у право сум се дружел со такви лица и мислам дека има што да се научи.99% од металците што ги знам го владеат англискиот јазик, и имат прочитано многу литература.
 
Гижо напиша:
Музиката која мнозинството ја сметате за агресивна и неандерталска, сатанистичка, одвратна...вистина е, има агресивност, има сатанизам во одредени поджанрови... но, зошто тинејџерите прибегнуваат кон оваа музика? дали затоа што овозможува идувување и искажување на своите мисли-емоции-размислувања, и не се пронаоѓа оваа музика во луѓе со затворени умови, конзервативни размислувања...
На страна од анкетата... стварно ме интересира зошто? Она што јас знам за тие поединци и што имам приметено е дека се деца на кои дома не им е обрнато правилно внимание. Значи или се воспитувани престрого или прелесно. Кое и да е, мислам дека овие деца наоѓаат начин како да се справат со родителите. Токму она кое на нив не им се допаѓа. Гласно, грубо и без респект...
Мене искрено не ми се допаѓа тој правец, но дека анкетата држи вода, се согласувам. Тешко е да се биде најдобар во класот... не смееш да бидеш непослушен, но кога си дома и сам... тоа е друга приказна... сигурно нема да слушаш џез откако цел ден го помина со таа музика. Дома не се слуша хип хоп затоа што не е таа целта на тој музички правец... Дома се лудува ако надвор си бил мирен... Е после од дома, кај другар ти... од другар ти на саем... од Саем у државна ради пукната аркада у шутка... ама тоа е друга тема... :music3:
 
Па шо знам мене хеви металот ми е некако безвеза, не се согласувам со тоа дека по интелегентните тинејџери баш пдбираат хеви метал, тоа нема врска, секој си има свој стил и начин на живот. Мене побвеќе ми се допаѓа електронската музика како trance, house, progresive ,elektronika, dance. И никој нема да ме разубеди дека таа музика не чини и слично. Јас не сум против никоја музика но несакам некој да збурава вака така за тоа што го слушам јас.
 
Најверојтно тоа е начин да го искажат својот бес, лутината поради незадоволството што го чувствуваат. Додека некои рикаат од учење, други учат умерено и наоѓаат време за дружење, шетање, забави и сл. А овие т.н. ИНТЕЛЕГЕНТНИВЕ после напорно учење со денови, тоа го наоѓаат како единствен излез да ја истрошат сета енергија акумулирана во нив. А што е до тоа да се разликуваат од другите, тоа е чисто задоволување на она претходнот, јас сум најпаметен и за инат нема да правам се она што другите го прават макар и тоа да не ми се допаѓа толку многу, да не речам ИЧ. Примери милион низ градски парк, долги коси, бради, црни шминки, безброј преубави девојки облечени во црно од глава до петици...за само да не е како што другите ќе кажат. Бунтовници кои поради некое незадоволство се обидуваат што повеќе да го искажат револтот кон општеството.
Не ми се допаѓа како и да. Не треба долга коса за некој да слуша метал, ниту па црна шминка за рок...
 
Слушаат затоа што металот е замислен (меѓу просечните) за музика на отфрлените, гневните, а самиот жанр нуди исфрлање на гневот. Јасна е псиохологијата тука и се гледа зошто баш интелигентните тинејџери се следбеници на жанрот. Не значи дека металот нуди некој естетски врв на музиката или слично, само што емоциите што ги вади и користи се тие што децата не можат да ги изразат на друго место. Класичната музика делува како старска музика, секојдневната МТВ тип на музика им е одбивна дека ги потсеќа на патетичниот просек и си наоѓаат место под музичкото сонце. :)
 
А што е со постарите, ко мене, кои не се тинејџери, a сакаат од време на време да слушнат ваква музика?:)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom