Најголемите Македонци низ историјата

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Не е важно како се декларирал , факт е дека и мајка му и татко му се Македонци од Вевчани ми се чини беа



ОК бе мачорче , во право си...не видов дека прв ти го имаше пишано филозофот и научникот од Стагира...хе хе
Е сега уште дециве да знаат зошто е македонец и каде е Стагира....!

Секој оставил трага ама според мене

Ченто - Македонскиот Џорџ Вашингтон


Во една прилика дошле некои бугари во Прилеп да опипаат како е расположено населението да прифати бугарски попови и учители. И зборувал некој бугар, зборувал, и луѓебо негодувале, а Ченто молчел. И овој бугаров го прашал господине Андонов, вие сте многу мудар и паметен, ама зошто не реагирате, зошто сте така тивок, на што Ченто му одговорил

"Нема зошто да се расправаме тука, туку јас да си одам дома да си го спакувам куферчето, иако само што се вратив од затвор, гледам дека пак ќе одам таму зошто ти ова што го кажуваш ниту може да биде, ниту ќе биде"
Му давале куферче во затвор??

П.С. По мене наш ГООООЛЕМ херој, иако не е македонец, е Вудроу Вилсон! И треба нему паметник (не споменик) да му се изгради.
 

Македон91

Благородник
Член од
21 јануари 2009
Мислења
2.134
Поени од реакции
120
П.С. По мене наш ГООООЛЕМ херој, иако не е македонец, е Вудроу Вилсон! И треба нему паметник (не споменик) да му се изгради.
А зошто наш херој? Која е неговата заслуга за нас Македонците и зошто сметаш дека треба да му изградиме паметник?
 

Ptolomej

Дрвен адвокат
Член од
7 август 2005
Мислења
1.737
Поени од реакции
984
Е сега уште дециве да знаат зошто е македонец и каде е Стагира....!



Му давале куферче во затвор??

П.С. По мене наш ГООООЛЕМ херој, иако не е македонец, е Вудроу Вилсон! И треба нему паметник (не споменик) да му се изгради.
Право да ти кажам ич нема да се замарам да им објаснувам на децава зошто е Пупин македонец и каде е Стагира...нека земат нека прочитаат нешто настрана од форумов и од партиските соопштенија кои секојдневно ги голтаат...иначе во право си за Вилсон , само незнам дали знаеш дека Пупин лично му испратил меморандум на Вудроу Вилсон на ден 19. IV 1919 год. , на основа на добиените податоци за историските и етничките карактеристики на граничните подрачја на тогашна кралска Југославија ( вклучувајќи ја и Македонија ) во врска со тешката ситуација за границите на тогашна Југославија , што допринесе Вилсон да не го признае Лондонскиот договор на сојузниците со Италија...ти веројатно ме разбра шо сакам да кажам со ова , а за другите...нека се информираат малку повеќе самите...хе хе хе
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
А зошто наш херој? Која е неговата заслуга за нас Македонците и зошто сметаш дека треба да му изградиме паметник?
Прочитај подоле, а ако не разбереш, гуглај или земи енциклопедија, Вилсон е еден од оние кои не смеевме да ги споменеме во СФРЈ.

Право да ти кажам ич нема да се замарам да им објаснувам на децава зошто е Пупин македонец и каде е Стагира...нека земат нека прочитаат нешто настрана од форумов и од партиските соопштенија кои секојдневно ги голтаат...иначе во право си за Вилсон , само незнам дали знаеш дека Пупин лично му испратил меморандум на Вудроу Вилсон на ден 19. IV 1919 год. , на основа на добиените податоци за историските и етничките карактеристики на граничните подрачја на тогашна кралска Југославија ( вклучувајќи ја и Македонија ) во врска со тешката ситуација за границите на тогашна Југославија , што допринесе Вилсон да не го признае Лондонскиот договор на сојузниците со Италија...ти веројатно ме разбра шо сакам да кажам со ова , а за другите...нека се информираат малку повеќе самите...хе хе хе
Те разбирам мошне убаво.

Слично како и за Вилијам Гледстоун што треба да има паметник!
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Е сега уште дециве да знаат зошто е македонец и каде е Стагира....!



Му давале куферче во затвор??

П.С. По мене наш ГООООЛЕМ херој, иако не е македонец, е Вудроу Вилсон! И треба нему паметник (не споменик) да му се изгради.
А зошто наш херој? Која е неговата заслуга за нас Македонците и зошто сметаш дека треба да му изградиме паметник?

САД и Македонија пред Мировната конференција во Париз – 1919 г.

- Во Мировната програма на Вудро Вилсон објавена 1918 г., промовирана е Стратегијата на САД во меѓународните односи, заснована на Американската демократска традиција за човековите права, правото на народите на самоопределување и свои национални држави, рамноправност на народите и др.

- Претседателот Вудро Вилсон во текот на 1918 и 1919 г., за време Париската мировна конференција, активно ја застапува идејата за обединета, автономна Македонија, под првичен протекторат на САД.


Активностите на САД за правилно решавање на македонкото прашање пред Париската мировна конференција во 1919 г.

- Кон средината на 1918 г., Вашингтон согледувајќи го македонското прашање како клучно за разрешување на Балканскиот проблем, упатува во Македонија, специјална мисија.

- Во Мисијата се мајорот Линдеј Бринер – воен аташе на САД при Главниот Француско-Американски воен комесаријат, и Луј Крентон – Сенатор на државата Мичуген.

Со ова САД сакаа:

- Од “лице место” да се согледа – Македонското прашање низ објективен третман и со непристрасно испитување.

- НАЈВАЖНОТО: САД САКА РЕШАВАЊЕ НА МАКЕДОНСКОТО ПРАШАЊЕ ВРЗ ОСНОВА НА СОСТОЈБИТЕ ПРЕД ПОДЕЛБАТА ОД 1913 год.

- Вашингтон става до знаење дека Букурешкиот договор и решенијата од таму, особено оние за Македонија, НЕ МОЖЕ ДА СЕ ЗЕМАТ КАКО ОСНОВА за разрешување на македонското прашање.

- Вашингтон нагласува дека тој Договорот е –“ДЕЛО НА КОРУМПИРАНИТЕ БАЛКАНСКИ БУРЖОАЗИИ”.

- Вашингтон декларира став дека Македонија треба да се конституира како одделна политичка единица , како – ПОСЕБНА АВТОНОМНА МАКЕДОНСКА ДРЖАВА.

- 03. XII. 1918 г., САД и Англија се состануват да во рамки на глобалното решавање на Балканот, изградат заеднички ставови. САД се јасни и конкретни:

- САД да добијат мандат за трите стратегиски точки на Полуостровот – Цариград, морските премини со Тракија и Македонија.

Американскиот амбасадор во Лондон Дејвид Хантер Милер, известил дека со предлогот на Вашингтон се предвидувало и:
“Македонија да се стави под мандат на САД“ и во тие рамки, како мандатор, САД да ја превземат на себе “грижата за Македонија“.


И дополнителна белешка од историјата од времето на Вилсон:

Македонски "Јенки" во Првата Светска Војна
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Терај Брате, цртај, а бе КАКО БЕ МОРА ДА ВИ СЕ ЦРТА ВАМ, КОИ СЕ преправате дека сте МАКЕДОНЦИ....ААААХХХХ, пусти македончиња, неучени, неузнаени, ах, вака ли држава ќе градиме!

Арно реков, трк на обука како и кога се почнува градење на држава!

П.С. Сега чекам некој пишман да праша кој бил Гледстоун!
 

MacedonianSun

herE I gO agaiN!
Член од
13 декември 2008
Мислења
1.111
Поени од реакции
33
Васил Чакаларов

Роден е во 1874 година во с.Смрдеш, Костурско. Голем организатор на национално – ослободителната борба на македонскиот народ во Костурско. Костурски реонски раководител и војвода. Бил близок соработник и пријател на Гоце Делчев. Учествувал на Смилевскиот конгрес, заедно со војводата Пандо Кљашев, како претставници на Костурскиот реон. На конгресот Чакаларов бил задолжен да ги води протоколите. За време на Илинденското востание бил главен раководител на востанието во Костурско. Раководел и учествувал директно во многу борби со турскиот аскер во овој реон.
Загинал за време на Втората балканска војна на 6 јули 1913 година, на планината Вич, во борба против грчката војска.
Тогаш соборците во неговите пазуви ја нашле четвртата тетратка од неговиот дневник, што почнал да го пишува уште пред Илинденското востание. Таа била доста оштетена, долги години ја чувале неговите соборци, кои во тие тешки времиња се засолнале во Бугарија и со голем пиетет ја предавале на помладите патриоти.


Тој има напишано дневник, потресно сведоштво за едно судбоносно време раскажано со убав јазик на човек што играл клучна улога во тие настани. Дневникот на костурскиот војвода Чакаларов е значаен и поради тоа што е создаден во исто време со популарната драма на Војдан Чернодрински и со „Македонцките работи“ на Крсте Мисирков. „Значи, во самиот разгор на Илинденското востание, кога похомогено почнува да се буди свеста кај Македонците, и тоа не само за ослободување на татковината од отоманското ропство, не само за создавање автономна македонска држава, туку и за создавање услови за целокупен национален развој.Во дневникот на Чакаларов мошне интересно е едно писмо што тој му го пишува на својот пријател Лазар Киселинчев, во кое ги пренесува разочарувањата на костурските востаници по трагичниот крај на востанието и нецелосното вклучување на сите реони во борбите за слобода. Повлекувајќи се под притисокот на турскиот аскер, тие ќе стасаат во Мариово, каде што ќе видат поинаква слика од таа што ја очекувале.
„Може со сигурност да се каже дека оттаму Леринско немало никакво востание, таму дури сега се агитирало и покрстувало. Четите таму се движат скришно и апсолутно никаков напад не презеле, ниту имаат намера да сторат нешто. Четите, па и селаните, ги одбегнуваат средбите со костурските чети за да не си навлечат некоја опасност. Исто е и во Прилепско, таму нема никакво востание, ниту еден од Турците нема некаде повреден. Прилепскиот раководител Петар Ацев бил многу лут, затоа што костурчани направиле толку шумно востание и воопшто зошто востанале“, пишува Чакаларов до својот пријател.
Пренесувајќи ги кажувањата на еден војвода, Чакаларов нагласува дека во Мариовско бил и Ѓорче Петров со една чета, но систематски избегнувал да се сретне со костурските востаници. „Со него бил и Пере Тошев. И двајцата го осудувале штабот, зашто побрзал да го крене востанието толку брзо. Тие се криеле по едни непроодни планини и не преземале никакви дејства за да не им се нарушело спокојството, дури избегнаа и да се сретнат со нас. Од тоа нашите момчиња најмногу се разочараа штом видоа дека натаму нема никакво востание. Во Воденско дури ниту чета, Солунско исто така, само во Одринско се слушаат ѓурултии и сето тоа придонесе нашите да паднат во очај и да паднат со дух, а за тоа придонесе нивната голотија. На сите востаници облеките им се распарталени, до еден се боси, без опинци, додај ја кон тоа и гладта и очајот е целосен“, пишува Чакаларов до својот пријател.
Драмата што тогаш ја доживувале костурчани ќе ја пренесе во своите спомени и Ѓорче Петров, кој во тоа време со својата чета се наоѓал во овој крај. Тој притоа ќе признае дека тие биле вистински херои во споредба со прилепските четници: „Ми оставија грд впечаток, сите беа искинати, голи и боси како Цигани, насекаде прогонувани од војската, изгладнети како волци. Но, во споредба со прилепските четници, предизвикаа восхит кај нас. Тие беа херои во споредба со нашите баби“, напиша Ѓорче Петров.

Пошироката македонска јавност сигурно не знае дека за време на Илинденското востание, покрај Крушево, беа ослободени уште два града и двата во Егејскиот дел на Македонија - Клисура во Костурско и Невеска во Леринско. Клисура паднала многу лесно. Вечерта на 5 август околу 600 востаници го нападнале градот кој бил бранет од 300 војници. По неколкучасовна борба, на чело со војводите Васил Чакаларов, Пандо Кљашев и Иван Попов, востаниците влегле во ослободеното гратче со песна и развиорени знамиња. Сето население излегло да ги пречека, а војводите на присутните им одржале говор и им ги објаснувале целите на востанието и на борбата што ја водат. Клисура била слободна дури 22 дена, од 5 до 27 август. Во своите спомени војводата Иван Попов раскажува дека луѓето од околните села тие денови доаѓале на пазар во градот. „До 14 август (стар стил - н.б.) бевме целосни господари на Клисура, дење и ноќе се свиреше, пееше, се виореа знамиња“, раскажува тој. На 25 август била ослободена и Невеска. Во Невеска турскиот аскер имал околу 300-400 војници, меѓутоа нападнат од востаниците се повлекол, користејќи ја ноќта. Ослободувањето на ова гратче било изведено со заедничка акција на костурските и леринските чети.



Многу ми е жал што малку Македонци имаат слушнато за него. Во историјата не се спомнува многу во школите. Но тој не бил обичен војвода, бил главен за тој дел од Македонија за востанието. Предводел чета од 1000 души. Се надевам ке се заинтересирате повеќе за некои вакви македонски големи имиња.
 

Ptolomej

Дрвен адвокат
Член од
7 август 2005
Мислења
1.737
Поени од реакции
984
Терај Брате, цртај, а бе КАКО БЕ МОРА ДА ВИ СЕ ЦРТА ВАМ, КОИ СЕ преправате дека сте МАКЕДОНЦИ....ААААХХХХ, пусти македончиња, неучени, неузнаени, ах, вака ли држава ќе градиме!

Арно реков, трк на обука како и кога се почнува градење на држава!

П.С. Сега чекам некој пишман да праша кој бил Гледстоун!
Изгледа децава незнаат дека Гледстоун е тој кој шо прв ја кажа толку многу спомнуваната реченица “Македонија на Македонците“
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Да не победел Дизраели, поинакво оро ќе се играше.
исто така, педерите англиски ни го начукуваат до балчак што не се додржуваат со планот на Вилсон, ама....на истурено млеко не се плаче.


Јас би им изградил паметник на обајцата, како си пружаат рака над карта од етничка Македонија!
 

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
634
ГОРГИ ДИМИТРОВ





Георги Димитров (Ѓорѓи Димитров) (18 јуни 1882 - 2 јули 1949) е политичар од Бугарија со потекло од Македонија[1], раководител на Бугарската комунистичка партија и на Комунистичката интернационала, како и премиер на Народна Република Бугарија од 1946 до својата смрт.

Во македонската историја Димитров е особено важен како прв челник на Бугарија што ја признал македонската националност. Затоа во негова чест, неговото име го носи една скопска гимназија.
 

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
634
ПА Е ДЕ...ЗАТОА пиринот ке го отцепеше, затоа Гоце го врати каде треба, затоа го утепаа
 

Dr_ViRuS

DarkSide with green light
Член од
9 јануари 2006
Мислења
1.076
Поени од реакции
28
Има многу кој имињата не и се познати кој работеле во позадина.
Од почетокот до крајот сите се заслужни секој за својот период .
Небалгодарно е да се рангираат бидејки сите живееле и умреле со единствена цел.

Нашите борци не се од типот на Шекспир борци за пари туку борци за слобода и минамлен достоен живот на Македонскиот народ
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Џабе...се додека не знаете кој е нашиот најголем деец, ништо!
 

Ptolomej

Дрвен адвокат
Член од
7 август 2005
Мислења
1.737
Поени од реакции
984
Значи сепак вистина бил Македонец Ѓорѓи Димитров...имав негде прочитано за ова ама не бев сигурен...да не знајте случајно од каде е поточно?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom