Бреј...само да се критикувало, а гледам дека “критичарите“ се скарале со логиката и аргументите.
Изгледа се плашат да не инвестира индиецов тука, па да не испадне дека нивните опозиционерски партии ќе останат вечна опозиција, зошто нема веќе што да критикуваат
Абе луѓе, дај размислувајте трезвено. Индиецот дошол тука и ако сака да инвестира тоа ќе биде добро за Македонија и Македонците, без разлика кој е на власт и кој утре ќе биде на власт. Се прашувате зошто би можел да инвестира?! Па имаме најниски даноци во Европа (заедно со БГ), данокот на добивка е само 10%, додека во Индија истиот тој корпоративен данок изнесува 33% за мали фирми, 36% за средни фирми и 41% за големи фирми со голем обрт. Секој бизнисмен ќе инвестира и ќе произведува добра и услуги, онаму каде има најповолни услови за тоа. А Македонија тоа моментално го нуди со најниските даноци и безданочните ТРИЗ, каде во првите 10 години не се плаќа данок на добивка и персонален данок! Најголема расходна ставка која ја намалува заработката на фирмите не е работната сила, туку даноците, па потоа иде енергијата, па суровините и на крај работната сила. Во ЕУ вообичаена даночна стапка на данокот на добивка е 24% односно 240% повисока од македонската.
Само фирмата на Рој САХАРА ИНДИА ПАРИВАР вреди 26 милијарди долари. Малку погуглајте и видете кој доаѓа во Македонија, па после снимајте филмои.