Најголемиот приватен работодавач во Индија доаѓа во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата iksimkd
  • Време на започнување Време на започнување

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
Локација
Струмица
Курир ексклузивно дознава дека Субрати Рој, мултимилијардер и магнат од Индија, сопственик на компанијата Сахара Индија Паривар, која вработува над 2 милиони работници, утре пристигнува во Македонија, и е прогласен за еден од највлијателните луѓе во Индија.

sube240.jpg

Посетата на познатиот индиски стопанственик, доаѓа како резултат на поканата за посета на Македонија која беше врачена од страна на македонската влада, за време на економската турнеја во Индија каде беше извршена промоција на нашата земја како поволна дестинација за инвестиции и водење бизнис.

Според нашите информации, Субрати Рој ќе престојува неколку дена во нашата земја, при што ќе посети повеќе локации на кои би можел да оствари инвестиција во различни дејности или сектори, меѓу кои земјоделството, образованието и туризмот.
Нашите извори велат дека претходница на посетата на Субрати Рој е веќе пристигната во Македонија, и истата е предводена од неговиот син Сушанто Рој кој веќе во има остварено подготвителни средби со македонските власти.
subrati.jpg

Компанијата на Субрати Рој, Сахара Индија Паривар, се занимава со реализација на проекти во повеќе сектори, како што се хотелиерството, изградба на инфраструктура, станбена изградба, осигурителен бизнис, медицински установи и информатички технологии, а богатството на познатиот индиски магнат се проценува на 63 милијарди долари.
Курир дознава дека Субрати Рој треба да пристигне на аеродромот Александар Велики во текот на утрешниот ден во утринските часови. Се очекува во рамките на неговата посета и престој во Македонија да оствари неколку средби, меѓу кои и средба со премиерот Никола Груевски.

Извор: Курир

Многу милијардери и магнати дојдоа годинава во Македонија ама тешко кој остави барем еден мал дел од своето богатство како инвестиција во Македонија. Ако, сепак убаво е вака кога гледаме како политичариве наши се дружат со светски познати фаци и милијардери, ако ништо друго барем на по едно кафе да излезат да се напијат и да стекнат повеќе пријателства.

ПС: Луѓево имаат повеќе пари отколку целиот Буџет на Р. Македонија! Која пара еј!
 
Ако уште малку се намали минималната плата (која реално рајата може да ја издржи) и ако работиме со 2-3 заостанати плати во просек (што е и реално денес), и Кинезите ќе дојдат да вработат Македончиња.

Секој сака работници кои ќе работат без пари.
 
Како успеа Курир прв да дознае стварно не ми е јасно :pos::pos::pos:

Незнам ни јас, малку се чудев дали е стварно така... На time.mk ми излезе како прва вест и си викам овие мора да го смениле целиот концепт на ексклузивно новинарство.
 
Курир ексклузивно дознава дека Субрати Рој, мултимилијардер и магнат од Индија, сопственик на компанијата Сахара Индија Паривар, која вработува над 2 милиони работници, утре пристигнува во Македонија, и е прогласен за еден од највлијателните луѓе во Индија.

sube240.jpg

Посетата на познатиот индиски стопанственик, доаѓа како резултат на поканата за посета на Македонија која беше врачена од страна на македонската влада, за време на економската турнеја во Индија каде беше извршена промоција на нашата земја како поволна дестинација за инвестиции и водење бизнис.

Според нашите информации, Субрати Рој ќе престојува неколку дена во нашата земја, при што ќе посети повеќе локации на кои би можел да оствари инвестиција во различни дејности или сектори, меѓу кои земјоделството, образованието и туризмот.
Нашите извори велат дека претходница на посетата на Субрати Рој е веќе пристигната во Македонија, и истата е предводена од неговиот син Сушанто Рој кој веќе во има остварено подготвителни средби со македонските власти.
subrati.jpg

Компанијата на Субрати Рој, Сахара Индија Паривар, се занимава со реализација на проекти во повеќе сектори, како што се хотелиерството, изградба на инфраструктура, станбена изградба, осигурителен бизнис, медицински установи и информатички технологии, а богатството на познатиот индиски магнат се проценува на 63 милијарди долари.
Курир дознава дека Субрати Рој треба да пристигне на аеродромот Александар Велики во текот на утрешниот ден во утринските часови. Се очекува во рамките на неговата посета и престој во Македонија да оствари неколку средби, меѓу кои и средба со премиерот Никола Груевски.

Извор: Курир

Многу милијардери и магнати дојдоа годинава во Македонија ама тешко кој остави барем еден мал дел од своето богатство како инвестиција во Македонија. Ако, сепак убаво е вака кога гледаме како политичариве наши се дружат со светски познати фаци и милијардери, ако ништо друго барем на по едно кафе да излезат да се напијат и да стекнат повеќе пријателства.

ПС: Луѓево имаат повеќе пари отколку целиот Буџет на Р. Македонија! Која пара еј!

Кои пари бе брат, 2 милијарди и кусур е целиот буџет на РМ. На глобално ниво 2 милијарди се ништо, Епл само во штек чуваат 100 милијарди, Бил Гејтс сам има 50 милијарди.

Овие не доаѓаат за да и помогнат на државава, туку да заработат на грбот на ефтината работна снага!

Еве што значи 8050 денари минималец. И од Конго уште некое време ќе дојдат ’инвеститори’...
 
Околу болдираниот текст, и јас го мислев истото, тоа ми беше зборот. Целата држава наша напатена тежи исто толку колку што имаат Карлос Слим и Бил Гејтс заедно а можеби и помалку вредиме од кај да знаеш, да не некој точно ќе ти каже....
 
и ШТО ако дојде :D ? голема работа па у индија каков проблем имаат со невработеност тој тука да не ќе инвестира -.-
 
Не му кажувајте на Индиецот како се прават пари но можете да му ги дадете вашите пари

Проблемот е што вакви битанги ко Индиецов, Карло Слим и слични богаташи инвестираат само во енергетика, хотелиерство, недвижнини...

Ропаци, да се избркаат со клоци.
 
Кај нас во што и да инвестираат тешко дека ќе им се исплати инвестицијата. Има многу фактори кои укажуваат на тоа.
 
Преку која партија ќе ги зима рабтниците? Џоносн Контролс се преку овој С.Анѓелов од Обединети за Македонија. :D Фала од вакви инвеститори. :гомце: :tapp:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom