Во 5-то одделение бевме на роденден кај еден другар во пицерија. Седевме на втор спрат, а ние едно 10-тина деца бевме собрани на кружна маса.
И не знам што ни текна почнавме да се маваме со салфетки.

Прво едно девојче го маваа и тоа се изнервира ја фрли доле, потоа тоа мене ме мавна и јас да и вратам она се тргна, така што и мојата салфета излета доле, ама мојата паднала на пица која во тој момент била јадена од некого.

После тој келнерот зема се качи и почна да ми тропа лекции едно 5-10 минути, а на девојчето не му кажа ништо. :nerv: И така сите го слушаат, а јас наведнат како посран.
После се нервирав цел ден за тоа, ама сега се смеам слатко на случката.

П.С. Сакам да му кажам sorry на тој кој бил жртва на мојата салфета. :helou: