има бе и кај нас работа посебно во Скопје. Проблемот е информацијата, тоа што имаме слаби информации иначи има многу работни места. Тинејџери можат да работат во невладини како анкетери, на некој проекти во невладини, во кафич,кафана,интернет кафе или крајна алтернатива ако не се стремат многу многу да заработат а имаат познатства можат да се обидат со некој од МЛМ шемите Орифлем, Авон итн. Дури од вчера добив идеа за умрената професија - тапкароши. Имено порано киното и театорот биле толку атрактивни што многу останувале без карти,а тапкарошите ги купувале картите пред време и ги препродавале поскапо вечерта пред киното. Се разбира ова е неможно со денешното кино, ама се денешниот театар верувајте ми можно е, едноставно поради фактот што сум бил неколоку пати 15мин до пола сат пред да почни представата и немало карти.