- Член од
- 28 декември 2015
- Мислења
- 3.413
- Поени од реакции
- 5.891
Повторно ова се заклучоци изградени фрз фантазија, затоа не е арно да се дебатира со луѓе кои не можат да ја прифатат реалноста и да сфатат две три кратки дефиниции. Ти цело време пишуваш како би сакал да биде, но тоа така не е, ајде @Igorcemk има повеќе трпение и фино објаснува која е реалноста во поглед на појава и развој на нации и национални држави па и тоа дека двете се сијамци, јас немам толку трпение, значи врати се на прва страна, прочитај дефиниции и после врати се.Ти пак го прераскажуваш западното општество во средниот век... Тоа ти реков доколку земеш и прочиташ нешто повеќе ќе сватиш дека на исток цветала цивилизација, образованието буквално било достапно скоро на секој, пошто има многу чиновници, научници па цареви/калифи/канови на пример кои доаѓале од селанството или од ниското граѓанство. Граѓанството скоро во најголема мера биле писмени и тоа претежно збориме за мултикултурни градови каде на пример во еден град имало Ерменци, Асирци, Евреи, Грци, кои сите си имале сопствен јазик и сопствено писмо. Можеби во Париз до 18 век биле неписмени и прости, ама тоа не биле на пример во 9 век на истокот.
На пример во средниот век во Византија е воведена хоспитализација од хуманистички карактер. Тоа што Селџуците, Османлиите и Златната Хорда одиграле негативна улога во застојот на цивилизацијата на истокот, е друга приказна... и има многу аспекти да се збори за тоа, но тоа не значи дека во Отоманското Царство покрај рајата, владеачката каста и Јаничарите (кои биле земани од рајата) не биле писмени. Османлиите имале образовен процес, сходно на нивните потреби и нивната политика (карактеристики кои важат за било кој образовен процес). Во раниот период биле под влијание на Арапската култура и Византиската култура, а во подоцнежниот периот кон Европската и поточно Француската култура. Да речеш да имаш образование, а притоа да речеш дека немаш никаква јазична кодификација е нон сенс. Без разлика што користеле Арапско писмо и подоцна Латинско, не значи дека биле неписмени и прости. Ако е така Латинското писмо не е ниту на Англичаните, ниту на Германците, па сепак го користат...
Знам дека неможеш да ја сватиш паралелата денешна Турција со Перу, но за жал нема подобар пример кој може да ти објасни на пример како и зошто денешните Турци во Турција зборат ист јазик како Турците од Киргистан, а не се ниту иста раса. Од истата причина што и Астеките од Перу го говорат јазикот што го говорат Шпанците... Историјата на Европската колонизација во Америка, е речиси идентична со колонизацијата на Разни Турски империи во различни временски периоди во Азија, Источна Европа и Северна Африка. Па одтаму денеска имаме Турски јазик, таму каде што географски не припаѓа.... Слично како што имаме Француски, Португалски, Англиски и Шпански во Америките... Народ кон нема кодификација на својот јазик, неможе да го наметне својот јазик на било кој друг народ....
Ти реков, нема да ти шкоди да прочиташ на пример некоја книга од Амин Маалуф, кој се држи до многу релевантни извори. Или да прочиташ нешто за Византиската историја да речеме Острогорски. Може ќе сватиш дека тоа што важи за среден век во Западна Европа, не важи на истокот. Дури ни кај Монголите.
Небулозите дека имало образование за народни маси во среден век во Византија или било каде е толку неточно што веќе забегуваме во водите на психијатријата. Имено, неприфаќањето на реалноста онаква каква е и живеење во свој свет е зачеток на наубави работи кои завршуваат со кошула без ракави. Далеку од тоа дека ти би завршил во таква кошула, но живеење во свој свет со асирски и сумерски нации не е основа за дебата со соговорник, туку основа за фантазирање во својот си ум.
Образование имало за оние кои владееле, оние кои имале. Чак и не сите од нив биле писмени, имало и неписмени кралеви! Најмалку 99% од раја биле тотално неписмени.
Штета што виртуелниот свет овозможува некој да го храни своето лудило без последици, си праи каменко и кременко слика на минатото но што е тука е.
Какви црни сточари и селани писмени, не биле сите попови писмени чак, не забегувајте во фантазии претерано, не е тоа добро.Тоа се први српски држави, како што имаш германски држави баварија, прусија, аустрија.. сите тие се германци, и сега нели немаше нации а тиее да ти биле рашљани и дукљани?
Црквата била и образовна институција, така да дека баш религиозните луѓе билее неписмени мало морген, имаш трговци, земјоделци, сточари, занаетчии... и сакаш да ми кажеш сите биле неписмени и така си работеле немале трговска размена , па зошто Душан видел потреба од донесување на тој закон каад што се реегулира баш трговски односи, односно по денешно облигациони односи.
Вешто избегаваш да ми одговориш зошто Цар Душан се прогласува за владетел на Срби, Грци и Бугар, зошто не се прогласил за Цар од таму и таму рецимо цар на рајата од Солун па до Босна, туку тој го одредува народот и тачно го потенцира?
Еве ти за српски трговци и занаетллији во 16 век ако ти се чита.
После косовкси бој 1389, турците го одлагаат доаѓањето на балканот но Стефан Лазаревиќ се бори на турска страна како вазал на Бајазит во 15 век, постоа Турците ја окупираат балканот меѓу кој и Србија, при што доста бегаат од нив во денешна хрватска област краина каде и таму се борат против турците и од нивни продори.
Имаш во 16 век се обновува Пеќка патријаршија, така да уште еден доказ за присуството на Срби во 16 век, само ако сакаш да гледаш очигледно си тврдоглав и ваљда врз основа на некои агенда што ја имаш зацртано не ти одговара да нации постоеле и пред 19 век.
Автоматски споено мислење:
Упорно ти се укажува да не правиш споредби со западната цивилизација во која што палеле на клада ако мислиш дека земјата е округла, ништеле мачки бидејќи биле соработници на ѓаволот па им се деси епидемија од чума која ја пренесуваат глувци со болвите што ги имаат, али ти упорно споредуваш со западната цивилизација.
Каде тоа има за српски трговци? Цитат?
Тие патијашии биле христијански институции, никакви национални, тоа е многу јасно и не укажува на никакво србовање во тој век.
Знам, рашљари е занимање, поинтересно еРашани ваљда, од Рашка.
Дали фразата "србе на врбе" те нервира пример? Многу е интересно како тоа фактот што некој лик млати милиони, не се познавате, немаш ништо со него, никогаш не си го видел веројатно, со ништо не си придонел кон неговото млатење милиони = но сепак си горд на тоа што тој, тебе непознат, далечен, различен лик е успешен во полето во кое успева. Ми текнува дека Дража ти е позначаен од Дејвид БоувиНеможе да ги разбере работите, рецимо јас како србин сум поносен на Тесла, Пупин, Видиќ,Ѓоковиќ, Дивац, Стојаковиќ, Десанка Максимовиќ, Црњански, Беќковиќ, Петар Караѓорѓевиќ, Обилиќ... бидејќи како дел од мојата нација постигнале такви успеси на кои се диви целиот свет, за разлика од нив се срамам од реалити и турбо фолк бидејќи не претставуваат никакви вредности, додека ликот е поносен на стендап комичари и нивни вулгарности кои служат само за моментална забава во некоја кафана, тука можеш да му го видиш паметот.
Што направил тој Петар Караѓорѓевиќ за да се гордееш со него?
Тоа што негираш воени злочини, етнички чистења и масакри доволно зборува за каква особа се работи, значи за да бидеш дел од една нација, треба да ги преувеличуваш некои ствари кои ги сметаш за добри, а некои да се правиш луд и да ги негираш, оние непријатните со клања деца, силувања и конц логори при крај на 20.век.
Србовањето во 90-ти значеше и сечење грла на мали деца, масовно силување на жени и нивна ликвидација откако дојде нова "пратка", палење села, гранатирање и ракетирање градови, масакрирање цивили, да си србин значи дека припаѓаш кон геноциден колективитет, потврдено 1941-45 и 1991-95, нема враќање назад.
Го гледаш сега проблемот со националниот филинг?
Последно уредено: