Го гледав Event Horizon и конечно по подолго време нешто да ми се допадне. Иако не се работи за нов филм, сега можеби и не е ремек дело но ми се допадна. Накратко само се работи за исчезнатиот брод Event Horizon, чија конструкција била тајна, а тоа е првиот брод способен да ја надмине брзината на светлината и во него има вештачки креирана црна дупка. Исчезнал откако стигнал во орбитата на Нептун и кога го пуштиле новиот "погон" за да направи скок до најблиската ѕвезда.
По седум години бродот повторно се појавува на местото на исчезнувањето (Орбитата на Нептун) и се организира мисија во која учествува и главниот конструктор на бродот, за да откријат што се случило и каде бил бродот тие седум години.. И што е со неговиот екипаж.
Инаку нешто пребарував по форуми за овој филм и прочитав дека Event Horizon е многу сличен со некој друг, најверојатно негова обработка. Нешто во стилот на темната страна на Месечината ќе се открие влез во пеколот... Ако знае некој кој е овој филм и вреди ли да се гледа? Во Event Horizon не ми се допадна расплетот, па можеби во овој другиов употребиле повеќе имагинација.