Добро Рамбо, ајде малце моториката вкључи ја:
1. Се организираат протести против партиската одлука на ВМРО-ДПМНЕ да гради црква.
- значи не против сите други објекти кои ни го узурпираат местото на живеење кои се од 10 пати поголем приоритет за сите нас, туку се оди против овој партиски проект.
2. Се бира термин за овој протест меѓу 2 изборни круга.
3. Се организираат 2 групи протестанти и контрапротестанти.
Доколку се оставеле студентите да протестираат, тие 30тина души ќе поминаа сосема НЕЗАБЕЛЕЖАНО и во медиумите и никаква реакција немаше да испровоцираат.
Тебе ќе ти чуеше лево маде за некој си протест.
Кои се логичните заклучоци:
а) се бира сомнителен термин за овие протести
б) се продуцира испланиран инцидент каде тепачите се претставени како прилично аматерска секта која глуми патриотизам - намерно уфрлање на знамиња на Грчката црква со што би се поврзало ВМРО.
в) се поврзува тоа со ВМРО бидејќи тие стојат позади градењето на црквата
г) СДСМ го користи ова во политичката изборна кампања како потпалувачки момент и профитира.
Која корист би имал некој од ВМРО да си прави штета токму сега кога повеќе им одговара воопшто да не реагираат и ќе поминеше протестов ко да не бил.
Насловите и првите реакции кои беа?
“Груевски ги тепа студентите“, “Груевски ги подели верниците“, “Груевски ги тепал бабите и дедовците“ итн. се во познат стил.
Башка, појавувањето на “набљудувачите“ од СОРОС, Милчин и компанија за мене доволно говори.
Истово сценарио беше употребено и за палењето контејнери на Партизанска после протестот на Пела, каде им беа делени по 500 денари на хулиганите од Карпош маало од страна на “команданти“ од СДСМ.
А ти брате мили, можам да си заклучам дека на секоја тема нафрлаш масло во огнот и поттикнуваш делба меѓу македонците и сеир маваш.
Не си ти глуп, знаеш мн. добро што правиш.
Не си ништо подобар од оние кои ги организирале тепачите и ги опремиле со аматерски реквизити.
Другар добро сценарио! си пробал ли да режираш некоја драма или слично???
До негде може ќе се согласам, бидејќи точно е дека во тепачите имаше луѓе кои беа членови на СДСМ но откако стана Фенси да си ВМРОВЕЦ земаа книшки од ВМРО и сега се "поголеми" ВМРОВЦИ
дури и од револуционерите од 1903. Од такво глумење лудило на некои простаци им е смачено на многу вистински ВМРОВЦИ кои од за мене непознати причини дозвовлуваат таквите да ни ја уништуваат паритјата.
Уште еднаш ќе повторам дека напаѓачите вчера на жалост беа од ВМРО( лично ги познавам ) и не бев на плоштад, првата вест за инцидентот ја прочитав на телетекс а втората информација беше кога се сретнав со тие несреќите и кога почнаа да ми се фалат како ги истепале студентите. Потоа исконтактирав со луѓе кои беа на плоштад во групата од контрапротест кои беа максимално изнервирани ради глупаците што се степаа.
Така да гоманријата се случи. Кој го наеба го наеба, кој изгуби кој доби е друга работа. Само мора да се најде начин да се обели образот, ако е тоа нешто возможно.
Ќе препорачам сега на УМС на ВМРО, да се огради од инцидентот и во знак на добра воља да поведе јавна дебата за оправданоста на локацијата за изградба на црква на градскиот плоштад!
Па повторно да се сретнат аргуметните без проклетите Милчини и Антмилчини. туку на Серпико и комапнија во кој јас лично верувам.
и контрапротестантие со што би се разјансиле многу работи
М