Насилство и повредени на протестот во Скопје

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
12 декември 2007
Мислења
4.827
Поени од реакции
10.196
Уште ли дозволувате да ве ебаваат соросоидите, комуњарите и сличните на нив. Што мозок ќе имавте, се гледа од авион кој профитира и кој ја намести работата. Некој ги изманипулира студентите и антидемострантите. Тој некој профитираше од сево ова.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
687
Поени од реакции
662
не ми се верува значи до каде ниско паднавме. дојдоа неписмени копуци да ја водат државата па налет тоа и да ги малтретираат интелектуалците. јас само се чудам каде се на протестот останатите интелектуалци, критичари , револуционери и сите оние кои се противат на едноумието.па да ви кажам си заслужуваме ова што ни го прават.кога стигнавме онај дебелиот со бурекот да го диктира јавното мислење и да ги заведува масите, па уште и етикети да дава на тие што не мислат исто, можам да речам дека ја заслуживме титулата „банана држава“.не дека не сме од порано,само сега го ставивме печатот.
се надевам дека ќе има следни протести против црква на плоштад, и се надевам дека сега наместо 150 студенти ќе има барем 1500 интелектуалци спремни да си го кажат и бранат својот став.јас сигурно ќе бидам таму и ќе бидам и спремен за тепање ако треба.иначе да му појаснам на „верниците“ јас сум платен војник,атеист и спремен да го бранам она во што верувам до смрт.па бујрум следниот пат нападнете ме да видиме дали вашиот бог ќе ви помогни!
Не си и ти поарен од овие што ги критикуваш. Цел пост ти е во стилот атеист-фундаменталист, ако постои таква категорија.:toe:
 
Член од
18 јули 2008
Мислења
36
Поени од реакции
2
Imam edno prasanje:

Kolku potpisi se potrebni za da sa pokrene inicijativa za referendum na nivo na Grad Skopje i na koj ke mozat da se izjasnat samo skopjani?

Postoi takva opcija?
Добра идеја. Да не речам една од ретките добри предлози на Трифун, мислам дека тао е последната надеж за дас е спречи легално силувањето на плоштадот. Па и треба да се почне една таква иницијатива што поскоро.
Серпико на тебе је ред :helou:!!!
 

Amnaesiac

Paranoid Android
Член од
9 декември 2008
Мислења
1.818
Поени од реакции
43
Имам впечаток дека имаше 3 групи на случката. Едни студентите и некои инфилтрирани меѓу нив можеби, друга група верници мирни кои како што видов на тв ми изгледаше стоеја настрана (оној дечкото со црната долга коса и брадичка кој викаше дека тие се со црквата) и трета група не знам како да ги наречам - џихадисти највеќе одговара.

Инаку одамна кажувам дека загадувачи на медиумскиот простор, самопрогласени новинари и гласници на народот кои немаат врска со новинарството ја водат државата во многу лоша насока. Оној паразитон што јадеше бурек едно време во вистинска смисла на зборот сега профитира на маките на народот па може да си приушти и кавијар и дон перињон има голем удел во последиците. Со кој мозок тој повикува на контрапротест во исто време. Ај нека било и еден час порано. И си отишол тој демек пола час пред 12, откако ја запржил кашата. Ама што мозок ќе се бара, кога најголемиот волумен од него отпаѓа на сало од седење и сурфање.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.576
Поени од реакции
27.414
не ми се верува значи до каде ниско паднавме.
Според тоа што го збориш уште не си ни блиску да видиш ....

дојдоа неписмени копуци да ја водат државата па налет тоа и да ги малтретираат интелектуалците.
А од друга страна се најдоа неписмени копуци кои се спремни на све (па и да жртвуваат студенти) за да се вратат на власт.


јас само се чудам каде се на протестот останатите интелектуалци, критичари , револуционери и сите оние кои се противат на едноумието.
За среќа на луѓето им е преку глава од овие интриги, па решија прекрасниот ден да го поминат во парк, на водно, во зоолошка, наместо партиски да се пресметуваат во срцето на нашата метропола, водени од умот на некои кариеристи. И све на задоволство на нашите душмани.

па да ви кажам си заслужуваме ова што ни го прават.кога стигнавме онај дебелиот со бурекот да го диктира јавното мислење и да ги заведува масите, па уште и етикети да дава на тие што не мислат исто, можам да речам дека ја заслуживме титулата „банана држава“.не дека не сме од порано,само сега го ставивме печатот.
Определеноста не те прави свесен. Тоа што си наседнал на суптилната страна од манипулацијата, не те прави неопределен и објективен. Диригирањето е обостран процес, само некој тоа го прави посуптилно и очигледно излезе како победник на настанот.



се надевам дека ќе има следни протести против црква на плоштад, и се надевам дека сега наместо 150 студенти ќе има барем 1500 интелектуалци спремни да си го кажат и бранат својот став.јас сигурно ќе бидам таму и ќе бидам и спремен за тепање ако треба.
Ете доказ за успешно одработената работа. Уште еден „неопределен“ спремен за тепање ако треба. Како што тие од другата страна беа спремни на тепање. Епа мил мој пријателе, си се фатил на орото, си влегол во бубањот и сега се вртиш. Си станал дел од толпата декларирано „неопределени“ овчички во борба против едноумието. А све тоа водено од паролата „Непријатељи мојих непријатеља су моји пријатељи“. Нивото е постигнато и сега е еднакво на двете страни.
 
Член од
21 февруари 2009
Мислења
1.315
Поени од реакции
47
Добра идеја. Да не речам една од ретките добри предлози на Трифун, мислам дека тао е последната надеж за дас е спречи легално силувањето на плоштадот. Па и треба да се почне една таква иницијатива што поскоро.
Серпико на тебе је ред :helou:!!!
Zosto be Sepirko, kaj ste vie sto laete na tastaura, sto ne napravite vie nesto ili samo sedite od strana i ke gledate seir.
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
Уште ли дозволувате да ве ебаваат соросоидите, комуњарите и сличните на нив. Што мозок ќе имавте, се гледа од авион кој профитира и кој ја намести работата. Некој ги изманипулира студентите и антидемострантите. Тој некој профитираше од сево ова.
кој да разбере другар ...
некои луѓе си поигруваат со чувствата на Македонците и не бираат средства за да ги остварат своите цели ...
и ја прашав кој профитираше со оваа местенка. ..
излегоа на пресс сдсм од никаде нигде вмро биле тие Груевски тепал (жени, деца, баби, студенти) ц цц која глупост ...
проблемот е шо има народ у државава ќе им поверува.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.576
Поени од реакции
27.414
Која корист би имал некој од ВМРО да си прави штета токму сега кога повеќе им одговара воопшто да не реагираат и ќе поминеше протестов ко да не бил.

Насловите и првите реакции кои беа?

“Груевски ги тепа студентите“, “Груевски ги подели верниците“, “Груевски ги тепал бабите и дедовците“ итн. се во познат стил.

Башка, појавувањето на “набљудувачите“ од СОРОС, Милчин и компанија за мене доволно говори.
Братот,

Глупоста нема граници, верувај. Паднаа на ситна провокација.
 
Член од
19 април 2005
Мислења
1.806
Поени од реакции
75
Оф: Знам дека е недела, ама љубезно ја потсетувам администрацијата да ја прочисти темава од вулгарности и закани кои не се во склад со правилата на форумот.
Он:
Прво - Во вера НЕМА присила. Ова што се случува, ова што го читам, не приличи на христијанско однесување. Напротив. Ама тоа на Свети Петар ќе му го ојасните. И ќе ви треба бајаги време да ја оправдате употребата на крстот како оружје.
Второ - Македонија е секуларна држава. Верските објекти НЕ се градат од буџетски пари.
Трето - Мојот личен став е дека на плоштадот веќе нема простор за било каков објект.
Четврто - Ако повторно ги партизираме работите (сосема неоправдано), мислам дека „крстоносците“ им ги отворија очите на неопределените гласачи. Многу контрапродуктивен потег.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Четврто - Ако повторно ги партизираме работите (сосема неоправдано), мислам дека „крстоносците“ им ги отворија очите на неопределените гласачи. Многу контрапродуктивен потег.
Тоа и беше намерата.
 
Член од
18 јули 2008
Мислења
36
Поени од реакции
2
Добро Рамбо, ајде малце моториката вкључи ја:

1. Се организираат протести против партиската одлука на ВМРО-ДПМНЕ да гради црква.
- значи не против сите други објекти кои ни го узурпираат местото на живеење кои се од 10 пати поголем приоритет за сите нас, туку се оди против овој партиски проект.

2. Се бира термин за овој протест меѓу 2 изборни круга.

3. Се организираат 2 групи протестанти и контрапротестанти.


Доколку се оставеле студентите да протестираат, тие 30тина души ќе поминаа сосема НЕЗАБЕЛЕЖАНО и во медиумите и никаква реакција немаше да испровоцираат.
Тебе ќе ти чуеше лево маде за некој си протест.

Кои се логичните заклучоци:

а) се бира сомнителен термин за овие протести

б) се продуцира испланиран инцидент каде тепачите се претставени како прилично аматерска секта која глуми патриотизам - намерно уфрлање на знамиња на Грчката црква со што би се поврзало ВМРО.

в) се поврзува тоа со ВМРО бидејќи тие стојат позади градењето на црквата

г) СДСМ го користи ова во политичката изборна кампања како потпалувачки момент и профитира.


Која корист би имал некој од ВМРО да си прави штета токму сега кога повеќе им одговара воопшто да не реагираат и ќе поминеше протестов ко да не бил.

Насловите и првите реакции кои беа?

“Груевски ги тепа студентите“, “Груевски ги подели верниците“, “Груевски ги тепал бабите и дедовците“ итн. се во познат стил.

Башка, појавувањето на “набљудувачите“ од СОРОС, Милчин и компанија за мене доволно говори.


Истово сценарио беше употребено и за палењето контејнери на Партизанска после протестот на Пела, каде им беа делени по 500 денари на хулиганите од Карпош маало од страна на “команданти“ од СДСМ.


А ти брате мили, можам да си заклучам дека на секоја тема нафрлаш масло во огнот и поттикнуваш делба меѓу македонците и сеир маваш.
Не си ти глуп, знаеш мн. добро што правиш.
Не си ништо подобар од оние кои ги организирале тепачите и ги опремиле со аматерски реквизити.

Другар добро сценарио! си пробал ли да режираш некоја драма или слично???

До негде може ќе се согласам, бидејќи точно е дека во тепачите имаше луѓе кои беа членови на СДСМ но откако стана Фенси да си ВМРОВЕЦ земаа книшки од ВМРО и сега се "поголеми" ВМРОВЦИ
дури и од револуционерите од 1903. Од такво глумење лудило на некои простаци им е смачено на многу вистински ВМРОВЦИ кои од за мене непознати причини дозвовлуваат таквите да ни ја уништуваат паритјата.
Уште еднаш ќе повторам дека напаѓачите вчера на жалост беа од ВМРО( лично ги познавам ) и не бев на плоштад, првата вест за инцидентот ја прочитав на телетекс а втората информација беше кога се сретнав со тие несреќите и кога почнаа да ми се фалат како ги истепале студентите. Потоа исконтактирав со луѓе кои беа на плоштад во групата од контрапротест кои беа максимално изнервирани ради глупаците што се степаа.

Така да гоманријата се случи. Кој го наеба го наеба, кој изгуби кој доби е друга работа. Само мора да се најде начин да се обели образот, ако е тоа нешто возможно.
Ќе препорачам сега на УМС на ВМРО, да се огради од инцидентот и во знак на добра воља да поведе јавна дебата за оправданоста на локацијата за изградба на црква на градскиот плоштад!
Па повторно да се сретнат аргуметните без проклетите Милчини и Антмилчини. туку на Серпико и комапнија во кој јас лично верувам.
и контрапротестантие со што би се разјансиле многу работи

М
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Ебате црквата изградена со тепачки!
Не ја бива...лоша карма ќе ја следи!
 
Член од
14 декември 2007
Мислења
3.271
Поени од реакции
708
protestiraat 30 studenti so uredno prijavuvanje u MVR ...."vernici" doagaat i gi napagaat fizicki ...i tolku ....natamu nema potreba da se komentira....
 

Amnaesiac

Paranoid Android
Член од
9 декември 2008
Мислења
1.818
Поени од реакции
43
Ако вака гледаме на чие конто се собраа повеќе поени, испаѓа дека “крстоносците“ беа повеќе изманипулирани. Или можеби грешно ги бројам поените, или можеби воопшто не треба да ги бројам.
 
Член од
18 јули 2008
Мислења
36
Поени од реакции
2
Zosto be Sepirko, kaj ste vie sto laete na tastaura, sto ne napravite vie nesto ili samo sedite od strana i ke gledate seir.
Мислев на Серпико и неговата екипа зашто ја почнаа целата оваа работа со протестот за оваа работа. Не е фер сега после ќотекот некој друг да ја зима нивната заслуга. А јас како лаач на тастатура и член на неколку невладини организации ќе дадам моја лична подршка и ќе пробам да издејствувам и останатите да ја подржат иницијативата без разлика на која страна се.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom