Насилство и повредени на протестот во Скопје

Статус
Затворена за нови мислења.

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
“христијаниве“ ги тепаат “антихристите“
луѓе бе 21 век е
на што личи ова?
па со “христијаните“рамо до рамо и поповите...со икони во раце и крдтови
во името на Бога ли ќе водиме крстоносни војни во 21 век???
па ако им треба црква ете им ја Соборна на 10 чекори,нека се молат таму
a bugari??...kaj se tepaat nositeli na bugarski koreni????..kako gledam Frckovistickite maniri vleguvaat vo moda...:)

Inaku ABC gi spomna dimenziite na KAPELATA za na plostad, ne mi e jasno zosto ne gi zemat zidinite na Muzejot na sovremena umetnost i ne napraat edno asalno crkviste, sto ke nadvisi se zivo i divo...nesto 100x100x100 metra....kako sto sto e red vo HRISTIJANSKA, pa uste i MAKEDONSKA zemja??? :)
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Внимавајте со постовите, ќе ви здрвам бокс :))

Каква е таа редарска служба што сте ја немале и ќе добиете прекршочна пријава? И тоа со нагласување дека само вие ќе ја добиете зошто ХРИСТИЈАНИТЕ спонтано се собрале.


:nesvest:
Редарска служба може да постои за нашиот протест, најавен.
Не за некаков контрапротест.

Иначе, во случајов е фаќање за сламка, откако сите тв снимки иницираат оставка на министерката за внатрешни. Ал, тоа во нормална земја. Во Џангл Ленд, утре е нов ден :)
 

asterix_m

Регулатор
Член од
19 април 2006
Мислења
2.765
Поени од реакции
33
Враќање на ДПБНЕ на 5-10 пратеници во парламент? И зошто велиш недај боже? Се плашиш да не бидеш ословен како педер или наркоман ако не користиш "бог" во твоите постови?
Прва работа што може ДПБНЕ да ја направи во остварување на нивната цел на фашизам е да ги укинат изборите. А бидејќи тие не се укинати (сеуште), сосема реално очекувам нивно губење на власта и победа на Фрчко за 1 недела. Само бидејќи ова зло е многу поголемо од она што Фрчко може да ни го нанесе.
Луѓето сакаат економска плелодба плед се, а не духовна. Таа може да биде клајна.
значи, во историјата на светот секој оној што се дрзнал да тепа студенти не знавршил добро. Физички да напагаш некој само затоа што не се согласува со нечи ставови (болни амбиции да гради цркви според негово име, небаре е петар велики) е невидено едно умие!!!:nenene::tapp::kesa:
 
Член од
19 јануари 2008
Мислења
22
Поени од реакции
0
Garant ne si bil,a ako bese tamu i u slucaj da si radikalen vernik kako mene nemase da te interesira dali udaras masko,zensko,staro,mlado taka da kuti.

радикален верник????
ај објаснете ми каков е тој радикален верник?
или радикален е заради тоа што тепа жени,деца,стари,млади....
ем верник ем тепа се што ќе му дојде под рака:nenene:
 
Член од
23 декември 2007
Мислења
486
Поени од реакции
6
Ако сте ги прочитале моите досегашни постови сигурно знаете дека често ги напаѓам Бранко и Фрчко, така што треба да ви е јасно дека во овој пост не ги застапувам нивните интереси.

Но, во исто време сум згрозен од насилството од страна на "верниците". Буквално бев во шок кога ги гледав снимките. Точно е дека тајмингот беше лош и најверојатно мотивите на барем дел од студентите биле политички, но...ПА ШТО?

Ако не се согласувате со нив излезете и вие на свои протести, организирајте трибини, пишувајте по блогови и форуми, гласајте на изборите, нека се чуе и вашиот глас. Со ставови и аргументи, а не со тупаници.

Луѓе, ставете си го прстот на глава. Ова што се случи денес е страшна работа за Македонија. Ова е далеку од демократија. Мислам дека допрва ќе се свестиме колкави ќе бидат последиците и каков раздор ќе предизвика во општеството.


И уште нешто... Очигледно беше дека "верниците" не се собраа спонтано. Со нив носеа некакви знамиња и банери кои беа исти на изглед и очигледно потекнуваат од еден извор.
 
K

KomitaMKD

Гостин
значи, во историјата на светот секој оној што се дрзнал да тепа студенти не знавршил добро. Физички да напагаш некој само затоа што не се согласува со нечи ставови (болни амбиции да гради цркви според негово име, небаре е петар велики) е невидено едно умие!!!:nenene::tapp::kesa:
Ум?Што е тоа.Од едноумие може само едно да остане, умот веќе одамна го изгубиле ако некогаш и го имале
 

realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
Еее друже Serpico.

Ова се случува кога егоцентризмот ќе ја надвладее и последната буква од зборот демократија,
и кога малото чудовиште наречено едноумие ќе прерасне во монструм, кој дури и неговиот создавател веќе нема да може да го контролира.

И незнам зошто ти е чудно кога ова не е ништо ново и ништо непознато.
Ново е само што денес Ти првпат си го осетил на своја кожа.

Срамота за десетпати побројните пи*ки и дивјаци кои се само продукт на она што погоре го напишав.

Подршка за демократијата!
Подршка за слободната мисла!
Стоп за едноумието!

А на малите егоцентрисчиња и диктаторчиња им порачувам:
Немој случајно да престанете!
Дајте се од себе.
Газете се што не мисли како вас.
Достигнете ја кулминацијата на вашата беда.

Па после ќе го завртиме листот за да си ја видите глупоста.

Бидете убедени дека на крајот ќе победи демократијата!
 

slobbo

LoneRyder
Член од
16 ноември 2008
Мислења
1.686
Поени од реакции
583
Јас искрено сум да се изгради Црква на плоштад, но сепак сметам дека треба да се послушаат сите експерти и да се донесе правилна одлука со која ќе бидат задоволни сите.
а за инцидентот на плоштат можам да кажам само:
СРАМОТА РЕЗИЛ БРУКА НЕЗНАМ ШТО ДРУГО ДА КАЖАМ...
имаш право на свое мислење ако и само ако мислиш со главата на шефот на партијата, без оглед дали тоа е правилни, всушност “шефот“ секогаш знае најдобро. Ту бре овци... Вака ли ќе се брани црква, ало ?!?! јас мислам дека послеовие инциденти МПЦ сама ќе се повлече од идеата за градба.
сепак овде темата е за правопто на свое мислење и искажување на истото,
толку од демократијата во Македонија, или си со Грујо или си предавник, осуден на пропаст, незаслужуваш да живееш и мораш да умреш... навистина се потресов абре луѓето имале повеќе право на искажување на своето мислење во среден век бре, ало, незнам што да кажам друго, навистина се потресов само од тоа што го видов на тв... после сакате младите да остануваат во ова буребарут да живеат и да работат за негово добро, ало за кое добро за доброто на шефот од партијата?
Тоа ти е толку од македонската демократија, е дури сега се уверив и дека од ова општество нема да остане ништо за неколку години ако продолжи вака...
Само би додал, Господ да не чува од Македонските политичари и институциите кој ги водат... Епа нека ни е со среќа и Господ нека ни е напомош :(
 

Quark

brr,brr...zbrc
Член од
12 март 2008
Мислења
3.489
Поени од реакции
156
Значи народе можеме да очекуваме во идниот период диктатура,широка влада,предвремени парламентарни избори или недај боже...
Mene se poveke mi mirisa na ona "ne daj Boze".:toe:
Jas nemam nisto zaednicko so onie denesni neandertalci na plostad.
Gledajki deka takvite od den na den se poveke gi ima, redno i logicno ke bide konecno da ni se razdelat patistata. Neka teraat so krstonoscite, jas ke gledam da pravam pari i da si go prcam ednas godisno na Maldivi.
Edino zal mi e za nekoi, ama jebiga mili i dragi moi braka ( da, da, za braka ve smetam ), ja tuka veke nisto ne mozam da storam. Caj sekogas ke ima za vas kaj mene :toe:
 

Mangavadu

пролетер
Член од
23 март 2009
Мислења
695
Поени од реакции
42
Внимавајте со постовите, ќе ви здрвам бокс :))



Редарска служба може да постои за нашиот протест, најавен.
Не за некаков контрапротест.

Иначе, во случајов е фаќање за сламка, откако сите тв снимки иницираат оставка на министерката за внатрешни. Ал, тоа во нормална земја. Во Џангл Ленд, утре е нов ден :)
Зошто не се протестира за 10000 објекти бесправно изградени? Зошто мора да се протестира баш сега, за црква и зошто е потребно патронството од предавниците Милчин и Геле?

Не го оправдувам насилството, отпрвин не ми беше јасно кој го организираше протестот. Но гледам вина и во двете страни.

Првите: Протестираат за политички цели на сензитивна тема.

Вторите: Во име на бога прават насилство.
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Зошто не се протестира за 10000 објекти бесправно изградени? Зошто мора да се протестира баш сега, за црква и зошто е потребно патронството од предавниците Милчин и Геле?

Не го оправдувам насилството, отпрвин не ми беше јасно кој го организираше протестот. Но гледам вина и во двете страни.

Првите: Протестираат за политички цели на сензитивна тема.

Вторите: Во име на бога прават насилство.
Сензитивна тема? Јас на пример, протестирав во една прилика пред Собрание на РМ, со уште двајца луѓе, 5-6 саати на сонце веевме знаме, тропавме со барабани и држевме слогани.

За Македонија протестиравме. По сензитивна тема, амин.

Тројца.
Никој не дојде друг.

А за патронството, па да му ебам мајката, никој ништо да не прајт најубо ќе е така? Бидејќи секогаш мојт некој да се појавит со мислење, некој Милчин или некој Латас, и одма да ти дајт конотација на полтрон.

Јас сум глуп. Сеуште се надевам дека во очите на здравиот мозок ќе се филтрираат тие „патронства“ или „кумства“ на туѓа свадба.

И немам душа веќе да пишам и објасвам што, како и зошто.

Ако нечија вистина е:
Партиски протестанти против Црквата си го бараа и добија на плоштад, нека е.

Се надевам дека никој никогаш во животот нема да се чувствува како јас денес.


А вие,
enjoy the show.

п.с. А1 сосема солидно известуваше, освен делот дека протестот бил портив изградбата на црква.


Лека ноќ, Виетнам.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Кога ова не би било веќе видено 400 километра посеверно, и 14 години порано, би се трудел да најдам 4 аргументи за дебата. Вака, на овциве изминативе 14 страни ќе им кажам да си купат мозок и да погледнат 400 светлосни години во својата имагинација, и да најдат 4 милиграми љубов и разбирање.

Инсистирам да го праиме муабетов пак, после изборите, каде несомнено ќе има одлична дебата.
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Само што гледав на ТВ и уште не можам да поверувам во каква држава живеам, да го браниш христијанството со тепање на студенти, во земјава уште има луѓе кај кои не завршиле еволутивните процеси, им фалат некои алки од тоа еволутивниот синџир за да можат да почнат да се нарекуваат луѓе, иако чисто сумњам дека ќе успеат во тоа, сега за сега може да бидат само стока. Во принцип гледам да се држам што подалеку од политика, у ствари ова е мојот прв пост на овој форум, до сега немав гласано ни еднаш, ама сега за инат ќе гласам и тоа знам за кој.
 

Dave

subcomandante
Член од
15 февруари 2008
Мислења
1.663
Поени од реакции
2.949
Бев на протестот, како архитект...

...прво, ама прилично значајно - катастрофа е што СДС се обидува некако да застане позади него, не верувам дека сфаќа зошто се архитектите против изградбата на објектот (црква, џамија, пагода, што и да е) на тоа место...

... на ДПБНЕ и на боксерот му честитам за идејата за изградба на хвам, што предизвика уште една поделба, уште еднаш што се става над сите закони и посебно неговите членови верници и патриоти, што пред споменикот на скендербег страв им е да поминат, а камо ли да се соберат повеќе од двајца, а недај боже да истепаат некого...

Уште чекам да чујам став од МПЦ, ама со оглед на тоа дека синодот го сочинуваат (во голем процент, не сите) екс-бајачи и екс-надрилекари, не верувам дека ќе го осудат чинот на насилство, што го предизвикаа „такозвани„ верници...или можеби пости се - па не смее ни вербално да се напаѓаат сопартијци во тежок пост...

Неписмени „крстоносци„ сакам да го видам денот, кога на местото на омилениот ви (на боксерот) официрски дом (народне војске краљства Србије), ќе се фрла лопата командант ахмети за „јебем ли га која е„ џамија и кога 50000 орки ќе веат знамиња со црни орли на сред плоштад...да видиме дали тогаш дрољи вмровски ќе се соберете во име на црквата!

Сите што тепавте денеска - ви посакувам многу парастоси во новиот храм!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom