Насилства во Македонија

Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
Не си ми јасен,како тоа си гледал што има на фронтот на ОНА ? си се шетал кај нив у ровови, или ? 5000 зборуваш доброволци,или со се полиција,војска од Прилеп ?
Нивните логори, ровови, позиции, самите терористи беа видливи за нас. Ние на оддалеченост од километар до неколку километри се гледавме едни со други.
5 илјади и нешто војска од Прилеп кои зеле учество при повикот за мобилизација. Помал дел се доброволци, но исто како да се сите доброволци. Бидејќи не постоеше никаква законска казна, ниту пак морална осуда ако некој не се појавеше при повикот да се мобилизира.
 
Член од
25 март 2012
Мислења
8.628
Поени од реакции
5.277
Грешка си за соодносот, некаде е 5:1, но ни тоа не е точно, немаше многу од Косово( 5 од Мак, 1 од Кос), немаше принудна мобилизација, се беше волонтерски(барем јас така знам), дури кај населбите кои беа надвор од конфликтот имаше ноќни стражи кои беа организирани надвор од ОНА, со лесно оружје, затоа што имаше страв да не влегува војската да прави немири, да, страв имаше.

Пред 2001 не течеше мед и млеко за албанците, интересирај се и истражи колку била невработеноста кај македонците и колку кај албанците, спореди ги хоризонтално и вертикално работните места.
Друже, најголема застапеност постигната во некоја институција била 1.5 %, ич да не анализираме други параметри.

Секој албанец нема да ја подржува војната од 2001, но секој, апсолутно секој ги подржува промените која ги донесе.

Голема Албанија е мит. Дури името Илирида нема никакво значење кај албанците, тој збор е наметнат, всушност целава идеја е наметната, тоа биди терорист за да ти ја окупирам земјата.
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006

А долговите или наводната помош запишана во црните тефтери па место нивно враќање присилно на се што има машко у фамилија шприннт у учк,она,овпмб............па за идеале да гину будале.
И сега немате некоја голема вработеност а тоа што е вработено 99%е неписмено со фалц или од штул диплома
Ако е мит зошто тогаш цртате карти и лепите плакати
 
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
Грешка си за соодносот, некаде е 5:1, но ни тоа не е точно, немаше многу од Косово( 5 од Мак, 1 од Кос), немаше принудна мобилизација, се беше волонтерски(барем јас така знам), дури кај населбите кои беа надвор од конфликтот имаше ноќни стражи кои беа организирани надвор од ОНА, со лесно оружје, затоа што имаше страв да не влегува војската да прави немири, да, страв имаше.
Како и да е тоа беше многу мал процент на учество на локалното албанско население во ОНА, што е за пофалба.
Ноќните стражи не можеш да ги рачунаш како борци на ОНА. Тие биле поттикнати од стравот што е природно. Не биле поттикнати и организациски поврзани со ОНА. Веројатно албанците претежно навивале за ОНА, ама не беа баш за да земат учество. Мислам дека не им се допаѓаше идејата да се земе автомат по повик на некои млади и зелени и да се пука по своите соседи. Очигледно е дека активираните беа од оние села и населби каде ОНА успеа да влезе и да ги активира со просто фрлање на опремата пред нозе и земање пред себе.
Природно е во секоја земја првенство да добива домашниот етникум кој е носител на суверенитетот. Логично е дека во Германија германците ќе имаат нешто подобри вработувања од другите етникуми. Исто како што е природно помалите етникуми внатрешно силно да се држат и благодарение на меѓусебната поддршка да бидат дури и материјално побогати од просекот. И покрај сите правни мерки, тоа не може да се избегне и се смета за природно. Никој никого не тера да живее во држава изградена врз крвта и жртвите на друг народ.
Малото учество на албанците во македонските институции не произлегуваше само од природното првенство на матичниот народ носител на суверенитетот, туку исто така од затвореноста и несакањето на добар дел од албанската заедница да служат во туѓи, македонски институции. Самите албанци не сакаа да бидат офицери во АРМ, да работат во полиција и слични места. Тоа се промени поради примамливите ветувања дека со влегувањето во институциите полека полека оваа земја може да биде превземена од македонците.
Македонија е земја на македонците, создадена од македонска крв и во нејзиното градење нема значајна заслуга ниеден друг народ. Секој обид за промена на суверенитетот е голема неправда која ќе доведе до кризи. Ако албанците се обидат тоа до крај да го спроведат ќе си направиме штета едни на други. Затоа што ќе дојде до кризи и меѓусебните судири во кои меѓусебно ќе се уништуваме и уназадуваме. Не верувам дека ова не би му било јасно на било кој албанец, да не беше создадена прикриена надеж за експанзија негувана од примамливи и лажни странски ветувања. Зошто лажни!? Големите сили ги примамуваат помалите со ветувања и ги злоупотребуваат како топовско месо за сопствените планови во кои не сме битни ние и нашите национални идеи. Битни се САД, Германија, Русија, Кина, Ватикан... Односно главните играчи. Во тие игри на големите ако бидеме глупи и наседниме на ветувањата па влеземе во меѓусебни пречкања ќе бидеме само жртви на нивните геополитички судири.
 
Последно уредено:
Член од
15 јануари 2014
Мислења
2.706
Поени од реакции
1.619
Самите вие кажувате дека ве присилувале да облечете униформа или да дадете по 1 или 2 сина од фамилијата за да бидат "борци за слобода".
 
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
http://republika.mk/?p=264024
Две условни и една 6 месечна затворска казна- Прво судење за Ѓорче Петров

Во Македонија повторно македонци судат македонци затоа што се борат за Македонија.
МВРО нели го мразите Голи Оток!? Зошто тогаш над сопствениот народ повторно го применувате Голи Оток даван во помали дози. А најголемиот виновник сте вие што покрај толку случки, толку подземни напади не правевте ништо. Наместо себе си да се обвините други казнувате. Убиството на Ангел паѓа на душата на вашата комфорност и неспречување на шиптарското самоволие, а ги казнувате оние кои искажаа оправдан револт. Ако Ѓорче Петров и останатите македонци си ќутеа, таквите убиства ќе станеа уште почести. А ако народот го игнорирате па настанат несреќи и народот реагира со револт, што очекувате, поезија да ви се чита.
Ајде да се прашаме како полицијата на Албанија, Косово, Грција, Бугарија... делуваат за сопствените активисти. Да се потсетиме на поддршката кои овие служби им го даваа на Спаска Митрова, Вранишковски, монструмите во Косово... за нивните радикални организации, Златна Зора, Атака, Црвено-црна унија.
Сакате да ги деморализирате луѓето. За повеќе никој да не се буни за било што и да се случува. Заради овие настани веднаш формиравте нова специјална единица само за да можете уште поефикасно да ги задушите ваквите народни бунтови.
Ако претходните беа и сеуште се тотално луди тогаш ова МВРО треба да го наречеме МВРО-безгрешно. Воопшто не сакаат да помислат дека во нешто грешат. Ако тие грешат, друг казнуваат. Ако се обидеме со арно да ви кажеме, не игнорирате. А кога на игнорирањето со револт насила ви ги покажеме пропустите, заради кои ние трпиме, тогаш тие ги казнувате. Зошто? затоа што ви ги посочуваат грешките?
МВРО-безгрешно! МВРО-папско! Зарем македонските родољуби се бореа да симнат еден безгрешен, папата Б.Ц. за на негово место да да дојде друг безгрешен папа Н.Г..
 
Последно уредено:
Член од
25 март 2012
Мислења
8.628
Поени од реакции
5.277
Како и да е тоа беше многу мал процент на учество на локалното албанско население во ОНА, што е за пофалба.
Грешка си, ти кажав и претходно, немаше толку колку што се мисли дојдени од Косово.
Ни не верувам дека 5000 членови имаше ОНА.
Ноќните стражи не можеш да ги рачунаш како борци на ОНА. Тие биле поттикнати од стравот што е природно. Не биле поттикнати и организациски поврзани со ОНА.
Тоа и го реков.
Веројатно албанците претежно навивале за ОНА, ама не беа баш за да земат учество. Мислам дека не им се допаѓаше идејата да се земе автомат по повик на некои млади и зелени и да се пука по своите соседи. Очигледно е дека активираните беа од оние села и населби каде ОНА успеа да влезе и да ги активира со просто фрлање на опремата пред нозе и земање пред себе.
Се разбира дека има голема разлика навивањето и учеството во војна, и сосем нормално е да не има масивно доброволно учество во неа. Но немаше присилно мобилизирање, колку што јас знам така било, заота што не ни требаше голема армија, дури првично на населението кое секаке се противеше за било каков воен конфликт им ветуваа дека само 2-3 дена ќе се пука малце и ќе престане, демек само внимание сакаат да привлечат. Конфликтов ги исполнува сите критериуми за да се вика исцениран од почеток до крај, и верувам дека целата македонска политичка елита знеа пред да се случи.
Природно е во секоја земја првенство да добива домашниот етникум кој е носител на суверенитетот. Логично е дека во Германија германците ќе имаат нешто подобри вработувања од другите етникуми. Исто како што е природно помалите етникуми внатрешно силно да се држат и благодарение на меѓусебната поддршка да бидат дури и материјално побогати од просекот. И покрај сите правни мерки, тоа не може да се избегне и се смета за природно. Никој никого не тера да живее во држава изградена врз крвта и жртвите на друг народ.
Проблемот кај нас беше што македонците немаа нешто подобри вработувања, туку ендоставно беа господари, а албанците слуги, а зборуваме за етникум кое било повеќе од 20%.
Вие мешате баби и жаби, не се албанците емигранти тука, тука сме биле отсекогаш. Некогаш сме биел на истата страна, некогаш на спротивната, и ние сме придонесувале за ова држава, и ние сме придонесувале за историското наследство на оваа држава, но тоа не се учи во учебниците кои ги купува власта.
Малото учество на албанците во македонските институции не произлегуваше само од природното првенство на матичниот народ носител на суверенитетот, туку исто така од затвореноста и несакањето на добар дел од албанската заедница да служат во туѓи, македонски институции. Самите албанци не сакаа да бидат офицери во АРМ, да работат во полиција и слични места. Тоа се промени поради примамливите ветувања дека со влегувањето во институциите полека полека оваа земја може да биде превземена од македонците.
Овие се веќе празни зборови.
Македонија е земја на македонците, создадена од македонска крв и во нејзиното градење нема значајна заслуга ниеден друг народ.
Државава можеби е на македонците, но земјава им припаѓа на сите граѓани подеднакво.
Секој обид за промена на суверенитетот е голема неправда која ќе доведе до кризи. Ако албанците се обидат тоа до крај да го спроведат ќе си направиме штета едни на други. Затоа што ќе дојде до кризи и меѓусебните судири во кои меѓусебно ќе се уништуваме и уназадуваме. Не верувам дека ова не би му било јасно на било кој албанец, да не беше создадена прикриена надеж за експанзија негувана од примамливи и лажни странски ветувања.
Странците забележаа совршен терен за интервенирање, забележаа едно голема малцинство кое не ги има правата кои ги заслужува, забележаа малцинство кое не е задоволна од владеењево.
Не е експанзија барање на човекови права. Зарем вие би негирале помош од странска земја која би ви помагале да добиете рамковен во Грција?
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.967
Е сега, не ми е јасно.
Момциве ги осудија, што условно, што затвор, што парични им лупнаа. Што се случува со шконтурот, некое инфо...
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Затоа што малце им е.[DOUBLEPOST=1402526085][/DOUBLEPOST]Две гребаници и брутално претепан :ROFLMAO: ракометари искачаат со повеќе модрици од тренинг него братов. Плачковци.
 
A

Ali Pasha

Гостин
Се надевам еден ден да те направат со гребаници, па да пишуваш повторно тука
Значи, лицемерие до безкрај!
 
Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.717
Поени од реакции
88.823
Да се навратиме на оној инцидент во Радишани од пред некое време, кога изговор на Албанците за толпата што излезе од куќата да тепаат Македонец беше многу едноставна... им поминувал пред куќата, затоа го нападнале, тоа не смеел да го прави. Епа еве ви ист одговор и за тепачкава во Ѓорче... поминувале низ доминантно Македонска населба, затоа ги нападнале.
 
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
Грешка си, ти кажав и претходно, немаше толку колку што се мисли дојдени од Косово.
Ни не верувам дека 5000 членови имаше ОНА.
Јас ја зедов највисоката бројка. Од сите внатрешни и надворешни проценки (НАТО) силите на ОНА во воените настани од 2001 се од 2500 до 5000 луѓе.

Се разбира дека има голема разлика навивањето и учеството во војна, и сосем нормално е да не има масивно доброволно учество во неа. Но немаше присилно мобилизирање, колку што јас знам така било, заота што не ни требаше голема армија, дури првично на населението кое секаке се противеше за било каков воен конфликт им ветуваа дека само 2-3 дена ќе се пука малце и ќе престане, демек само внимание сакаат да привлечат. Конфликтов ги исполнува сите критериуми за да се вика исцениран од почеток до крај, и верувам дека целата македонска политичка елита знеа пред да се случи.
Се сложувам со се, освен негирањето на присилното мобилизирање. Во сите бунтови, секогаш има „доброволно насила“. Да почнеме од партизанските одреди од Втора светска војна, преку словенечките, хрватските, косовските борци за независност, српските борци во 90тите. Секаде кој бил начекан бил собиран. Еден Србин од Панчево ми раскажуваше како за време на воените судири во бивша Југославија низ градот (секако истото и во другите градови) не можело да се види ниеден возрасен маж. Сите се криеле за да не бидат „собрани“. На работа влегувале по споредни влезови или преку прозорец. Ми опишуваше колку смешно било, облечени во одело, а преку прозорец се влегува и излегува од работа. Е сега ако некој бил начекан од воената полиција, доброволно се пријавувал :)
Кој „доброволно“ бил мобилизиран ретко кој после ќе каже насила бев земен. Откако преживеал повеќе му одговара да се прави херој. А оние кои ги зеле исто не им одговара да кажат дека шетале и насила ги собирале.

Затоа и не очекувај некој од ветераните на ОНА од 2001 да ти каже дека бил собран „доброволно насила“ посебно кога тоа сега му носи привилегии и кога сеуште има политичко значење.
Кај нас принудното мобилизирање не беше применето, бидејќи кај македонското политичко раководство не постоеше волја за победа во воениот судир.

Исто така при дејствијата многу често се забележуваше високо и брзо испукување. Очигледно беше дека од другата страна ги има кои се поискусни, но ги има и кои не сакаат да нанесат штета туку само да си ја исполнат должноста. Само да испука и тоа што побрзо и да се врати назад.
Ако не си бил во воен судир можеби не знаеш дека се додека не припукаш, прилично си безбеден. Но кога ќе запукаш, опасноста по животот ти се зголемува максимално. Затоа што никој не возвраќа во празно. Но штом некој почне да дејствува веднаш кон тоа место се насочуваат и снајпери и потешки митралези и артилерија. Колку посилно е дејството, толку повеќе сили се насочуваат кон таа страна. Некој кој мора да дејствува обично дејствува брзо за да ја потроши муницијата, пука високо да не предизвика штети на другата страна за да не привлече посилен удар. Со истрошувањето на муницијата ќе добие оправдување за завршување на дејството и да се врати на безбедно со исполнета должност.

Проблемот кај нас беше што македонците немаа нешто подобри вработувања, туку ендоставно беа господари, а албанците слуги, а зборуваме .а етникум кое било повеќе од 20%.
Македонскиот народ си има мани, ама една од подобрите страни е таа што ние над никого не сме биле господари. Има малограѓанштина во однос на ромите и пак многу помалку отколку во Словенија, Франција, Унгарија, Чешка и други европски држави кои се фалат со високи стандарди во човековите права.
Уставните права ви биле исти како и за сите други етнички заедници во Македонија потврдено и според меѓународните организации. Никој не ви е крив што под влијание на исламот негувате култура на затворени заедници кои не се интегрираат со другите. Како во Македонија така и секаде во светот. Но што е со правата на македонците во Албанија. Што е со признавањето на Македонија под уставното име. Колку е исправно да бараш нешто кое сопствената матична држава не им го дава на оние од кои бараш. Реципроцитетот е правно оправдано средство. А ете ние во ниеден момент не сме застанале и да речеме. Ќе ви ги дадеме правата тогаш кога истите ќе ги добијат и македонците во Албанија или кога Албанија ќе не признае како Р. Македонија. Така што погледни колку се лажливи овие оправдувања за наводна обесправеност.

Вие мешате баби и жаби, не се албанците емигранти тука, тука сме биле отсекогаш. Некогаш сме биел на истата страна, некогаш на спротивната, и ние сме придонесувале за ова држава, и ние сме придонесувале за историското наследство на оваа држава, но тоа не се учи во учебниците кои ги купува власта.
Никаде не реков дека албанците се емигранти. Реков дека мнозинската националност носител на суверениетот има природно првенство во дадената држава. Така е секаде во светот еве читај за Канада. А за придонесот воопшто не се согласувам. Непријателските дејствија на албанците кон македонската држава се далеку поголеми отколку продонесот. Затоа и од тој аспект треба да се потрудите за да можеме да ви веруваме.

Државава можеби е на македонците, но земјава им припаѓа на сите граѓани подеднакво.
Е ова е реченица за да почнеме да се почитуваме и нешто заедно да градиме. Ама ќе треба да дозволите да бидат отстранети оние кои напаѓаат, па дури и убиваат македонци само затоа што се македонци. Да дозволите и самите да се потрудите да ги опаметите оние кои ги уништуваат македонските обележја, кои ги сквернават и навредуваат работите кои нам ни се свети, кои се ситат на нашите несреќи, а се радуваат при нашите порази, оние кои вршат национални провокации (како поглаварот на ИВЗ).
Нам оваа земја ни е единствена и скапо сме ја платиле. Тука сме, сме биле и не планираме да ја дадеме. Но исто така иако има емотивни испади, во целина кај македонскиот народ нема намера никого да истера. Ако сака соживот. Никаде во ниедна македонска средина во Македонија, ти како Албанец немаш никаква физичка закана. А дали е исто за Македонец во некои албанските средини. Иако мислам дека таквите постапки се дела на потпалени и незрели поединци, ама засега не само што не се соочувате со тоа, туку секогаш барате оправдување за таквите насилства.

Странците забележаа совршен терен за интервенирање, забележаа едно голема малцинство кое не ги има правата кои ги заслужува, забележаа малцинство кое не е задоволна од владеењево.
Не е експанзија барање на човекови права. Зарем вие би негирале помош од странска земја која би ви помагале да добиете рамковен во Грција?
Не нема да примам помош против Грците ако некој тоа ми го наплати уште поскапо.
Вие албанците во Македонија не бевте робови. Сега станавте робови. Сега им станавте слуги на странците. Овој простор е од првостепен интерес на Ватикан и меѓу странските разузнавачки стратегии за овој простор првенство им се дава на ватиканските планови. Штом ќе ве доведат во целосна зависност од нивната помош, ќе почнат да ве прават католици и одеднаш ти и поискрени албанци ќе се најдете немоќни било што да сторите. Одеднаш ќе се зачудиш од каде толку албански лидери се кажаа дека веќе биле или постанаа римокатолици како Ибрахим Ругова, Рамуш Харадинај. Не ти е чудно како Харадинај онаков каков што е без ниедна посебно вредна причина одеднаш станува премиер на Косово.
Двата најголеми народи во Македонија сме како во клинч. Ниту вие, ниту ние можеме да мрднеме без другата страна тоа да не го знае. Не можеме да напредуваме без соработка. Можевме да градиме силна држава да не тргневте по умот на странски играчи. Погледни ги пример функциите кои за странците ги вршеле Артан Груби, Муса Џафери или Ветон Сурои. Очи боди дека се странски играчи и не работат за доброто на албанците. Ама ете само затоа што се нарекуваат албанци вие одите по нивниот ум независно колку и да дејствуваат штетно за меѓунационалните односи. А со тоа и за албанската иднина која сакале нејќеле и за двата народи нужно е поврзана во заедничка иднина или небиднина.
 
Последно уредено:

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Се надевам еден ден да те направат со гребаници, па да пишуваш повторно тука
Значи, лицемерие до безкрај!
Златен, откако го направија мостот, секој ден имаш Македонци претепувани од орките од Сарај и околните села кои по пријавување од полицијата испаѓа дека се сопнале, паднале и се повредиле. Вакви глупости иди треси им на америчко западњачки форуми, не тука. Лицемерие бе :facepalm:[DOUBLEPOST=1402526995][/DOUBLEPOST]
Да се навратиме на оној инцидент во Радишани од пред некое време, кога изговор на Албанците за толпата што излезе од куќата да тепаат Македонец беше многу едноставна... им поминувал пред куќата, затоа го нападнале, тоа не смеел да го прави. Епа еве ви ист одговор и за тепачкава во Ѓорче... поминувале низ доминантно Македонска населба, затоа ги нападнале.
Кое тепање, се сопнале на гребло и паднале ;) исто како старецот на насипот.
 
Член од
9 април 2011
Мислења
815
Поени од реакции
1.057
Го изгубив детето
Чудна смиреност деновиве владее во скопската населба Ѓорче Петров, а посебна тишина е надвисната на улицата "Хераклеја", пишува Утрински весник.

Тоа е истата онаа улица каде што живееше 18-годишниот матурант Ангел Петковски, а кој беше убиен од негов врсник од скопското село Грчец, откако претходно се обиде да му го украде велосипедот. Вчера екипата од Утрински весник го посетиле семејниот дом на младиот Ангел, каде пред куќата го сретнале неговиот татко Сашо Петковски. Нем и скршен од болка седел на клупата во дворот.

„Сега не сум во состојба да кажам што било. Се’ уште сум со лекарства. Кога ќе можам, ќе зборувам“, рече кусо Сашо Петковски и повторно се упати кон клупата на којашто седеше.

„Тоа е тоа… Го изгубив детето“, рече Петковски и во истиот миг до екипата се приближил еден од соседите. Човекот беше крајно резигниран и полн со критики на сметка на новинарите и медиумите.

„Видов дека сте новинари и затоа појдов по вас. Знаете ли вие дека Саше, од денот кога го убија Ангел, ниту гледа телевизија, ниту чита весници. Срамно е она што се кажува. Се отиде до таму да се каже дека Саше со безбол палка го тепал убиецот. Тоа не е вистина! Каде е таа безбол палка. Ја нема! Исто како што го снема ножот со кој беше убиен Ангел. Саше само се обидувал да си го спаси детето“, вели револтирано соседот.

Од господинот Петковски најљубезно екипата беше замолена да не го фотографира, ниту него, ниту неговиот дом и двор. А, токму во тој двор, пред нецели три недели Насер Е. (19) од Грчец, влегол со намера да го украде велосипедот на Ангел. Паркирано во дворот е и возилото „пежо“, со кое Сашо и неговиот Ангел го гонеле Насер по неговиот обид да им го украде велосипедот. Од домот на семејството Петковски до пешачкиот мост на Вардар има растојание од три-четиристотини метри.

Несреќата на скопското семејство Петковски се случи на насипот крај Вардар, поточно кај мостот кој ги спојува „Европската очна болница“ и Спортско-рекреативниот центар „Сарај“.

Од она што може да се констатира на самото место, тешко е да се очекува камерите на „Очната болница“ да прикажат повеќе од миговите кога таткото го носи својот син на раце и бара помош од лекарите.

Соседите велат дека само неколку дена пред овој настан, од двор во соседството биле украдени два велосипеда и еден чифт фармерки. Тие велат дека целиот тој крај е под постојан терор на соседите од другата страна на Вардар. Се спомена некаква бројка од 750 кражби кои се’ уште не се расветлени.

„Го познавав детето. Го носеше името на својот дедо,“ вели еден постар жител на населбата, во која се’ уште се живее како и пред 19-ти мај, денот кога беше убиен матурантот Петковски.
http://tocka.com.mk/1/128747/go-izgubiv-deteto
 
Kajgana Shop

На врв Bottom