ФОТО: Нова единица на СВР Скопје - овие спремни момци ќе воведуваат ред и мир

Во Центарот за обука во Идризово денеска беше промовирана новата Единица за јавен ред и мир и интервенции, како единица во рамки на организациските единици за општа безбедност и полициски станици од општа надлежност при СВР Скопје.
Функцијата на единицата, во чиј состав се 207 лица, е да се грижи за воспоставување на нарушен јавен ред и мир во поголем обем со цел заштита на животот и имотот на граѓаните односно ќе се грижи околу одржување на јавниот ред и мир на јавни собири, спортски и културни манифестации, најавени и ненајавени собири на граѓани - митинзи, штрајкови, но и други форми на незадоволства на граѓани искажани преку организирани или неорганизирани јавни собирања.
Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска истакна дека од единицата се очекува да биде ударна сила од униформираниот дел во СВР-Скопје, која ќе може да се справи со сите безбедносни предизвици со кои МВР се соочува во извршување на секојденвните работни задачи.
- Единицата, покрај вонредни, редовни, посебни обезбедувања, асистенции и спроводи, ќе има задача да врши и редовни полициски работи на територијален принцип со покривање на рурални подрачја на Полициските станици од општа надлежност при СВР Скопје, како и во урбаните средини со мотопатролни служби и пешачки патроли, појасни Јанкулоска. Таа објасни дека новата единица треба да делува и во спречување кривични дела со елементи на насилство и приведување опасни деликвенти.
Министерката Јанкулоска истакна дека дека во првото тримесечие од 2014 година регистрирани се вкупно 325 прекршоци од областа на јавниот ред и мир за разлика од истиот период лани, кога беа регистрирани 830 прекршоци. За 308 прекршоци веќе се поднесени барања за поведување прекршочна постапка против 415 лица, а лани, подвлече Јанкулоска, бројот на пријавени лица во првиот квартал изнесуваше 1.029. Најголем број од регистрираните прекршоци се физички напади и тоа 166 или тројно помалку од минатогодишните 485, како и учество во тепачка, 30 прекршоци, за разлика од ланските 92.
Министерката им посака што е можно помалку да има потреба од нивна интервенција и што е можно поефикасно постапување тогаш кога ќе биде неопходен нивниот ангажман.
Единицата за јавен ред и мир и интервенции пред присутните изведе показни вежби за работа со томфа и самоодбрана, апсење на опасно лице во бегство и воспоставување нарушен јавен ред и мир од поголем обем, контрола над толпата и контрола на просторот
http://press24.mk/node/93810
Незнам дали оваа единица ќе има ингеренции за превентивно дејствување и спречување на племенското однесување и постојани криминални напади врз некој општини. Факт е дека обичната полиција нема шанси да се справи со племенските организации кои делуваат од Сарај и селата околу Сарај како и од Чаир и околината. Или и овој пат функцијата на оваа единица ќе се сведе на тепање на Комити. Времето ќе покаже.