Не е добро сите албанци да се стават во ист кош. Ако не правиме разлика им правиме услуга на оние злосторнички и неодговорни поединци кои кобожем скокаат за албанската кауза всушност исполнуваат свои лични желби или уште поточно лични фрустрации.
Ова им е јасно на повеќето албанци, ама и тие што да прават со своите политичари како ние со нашиве. Затоа, си правиме голема штета кога без расудување се употребуваат погрдни изрази за албанците. Да се престане со ова нерасудување и ставање на сите албанци во ист кош. Тоа е клучно ако сакаме да ги отстраниме злите планови за поделба на Македонија.
Во конфликтот од 2001 година учеството на албанците од Македонија беше незначително. Од военоспособното албанско население во МК не учествуваа ни 0,5%, така што не може да се зборува дека албанците подигнаа востание. Ако ги имало борци на ОНА сега тие ќе се тупаа в гради. Ама гледаме дека такви се многу малку. Затоа што малкумина се приклучија кога шизофреници и криминалци ги повикаа да пукаат и да ги убиваат своите соседи.
Можеби секој Албанец ја посакува Голема Албанија исто како што и скоро секој Македонец посакува враќање на македонската империја. Ама освен блесави поединци никој нема заради остварување на мегаломански идеи да земе автомат и да пука по своите соседи во соседната нива, кој исто се поти за парче леб, .
Тоа го прават обично поединци кои немаат развиено квалитети, а сака да дојде до нешто, да биде нешто, тогаш ја велича силата и со сила го граба она кое личносно не може да го постигне. Исто како некој сака да биде со некоја девојка, ама знае дека нема личност за да ја придобие, тогаш за да дојде до неа се користи со силеџиски средства. Исто како што ако некој не е успешен, па криви му се албанците, македонците, Владата или не знам кој.
Навистина постои кај албанците историско наследство од минатото за користење на дива сила. Пред се наследство од нивната позиција во Отоманската империја и идеологијата на исламот.
Постои таква насилна некултура кај дел од албанското население, но помалку во Македонија и Албанија, а повеќе во Косово. Најмалку кај оние кои биле во светот. Но исто така кај албанците можат да се видат и некои исклучителни квалитети.
- голема работливост и волев пристап кон работата
- почитување на авторитети (родители, постари лица, роднини, свештеник (оџа) и се што е од „вакафска“ природа (независно дали е муслиманско или христијанско)
- задоволување со малку (не бараат многу комфор и посебни услови)
- поврзаност со природата од која црпат голема сила
- ценење на животот (нема абортуси)
- штедливост, а истовремено не размислување за пари (меѓусебна солидарност) ако треба да се помогне/спаси близок
Затоа едните, поштените да ги викаме албанци, другите да ги викаме ш и п т а р и за да се прави разлика помеѓу нив.
Кај нас, македонците, има доста добри христијански особини. Има помала употреба на сила, ама имаме и многу малограѓански мани. Ги има доста македонци кои се себични и кои само кукаат, а мислат само за себе. На никој не помагаат и тогаш кога помошта за другиот или за заедницата, не ги чини ништо или многу малку. Нам се некој друг ни е крив, се нешто ние само се плачиме оти очекуваме друг (затоа плачиме) да се нафати да ни ја заврши нашата работа. Така што да погледнеме и кон себе.
Највиновни се политичарите, посебно македонските кои освен она себичномакедонското за себе и комфорот на својата фамилија не сакаат да ја сфатат одговорноста која ја превзеле. Во 2001 година ние бевме предадени од македонските политичари и до ден денес постојано сме предавани.
Вкупниот број на „ОНА“ не беше над 5000 луѓе. Повеќето беа од Косово, Албанија како и платеници. Добар дел од македонските албанци беа земени „доброволно насила“. Тоа не беше востание туку уфрлени групи. Во почетокот имавме поддршка од цел свет да го решиме проблемот како што се решава со уфрлени терористи.
Вакви терористички обиди не се невообичаени за државите. И во СФРЈ се случувале 3-4 пати. Во историјата ваквите упади на уфрлени групи скоро никогаш не успеваат. За жал и за голема срамота тоа успеа кај нас во 2001. „Нашите“ криминални власти наречени македонски си се договорија со нивните колеги шип тарски криминалци терористи. После падот на системот во 90тите раководствата и кај нас и кај албанците ги зедоа погрешни луѓе под силно влијание на криминалци и грабачи.
Сегашното албанско политичко водство во Македонија со настаните во 2001 всушност ја узурпира албанската политичка волја и од тогаш не дозволуваат нормални и одговорни луѓе да ги застапуваат интересите на албанското население. Со злоупотребите на старите националистички традиции од 19 и почетокот на 20 век тие никако не дозволуваат на политичката сцена да се појави напреден одговорен и свесен албански политичар.
Затоа да се престане со митологизации. Повеќето албанци се обични граѓани кои се заинтересирани за доброто на своите семејства. Во моите лични контакти имам претежно добри искуства, но мислам дека причината е во мојата поставеност. Сум ги гледал исто како и секој и сум се дружел и однесувал како и со секој. Ако добро се однесува, сум се дружел, не оптеретувајќи се со националното. Ако ми згреши не сум му дозволувал и сум реагирал без никаква задршка затоа што бил Албанец, исто остро како и со Македонец. Во тие ретки ситуации „проблематичниот“ не само што не го поддржале другите албанци како што обично се зборува дека им се случувало на други, туку напротив тие реагирале со осуда на сонародникот.
Многу од работите што ги пишувате и зборувате за албанците се митологизација. Мит е тоа дека албанските родителите се различни од другите родители и дека се спремни да жртвуваат дете заради национална причина, демек ги имале многу деца. Мит е дека албанците се спремни со лесно да извршат убиство, туку така станува убиец. Мит е дека не размислуваат многу дали ќе лежи во затвор, дали ќе пострада. Ова се се чисти глупости. Мит е дека сите се единствени (само подобро си го контролираат јазикот од нас и помалку јавно ги изнесуваат меѓусебните несогласувања). Мит е дека албанците се задоволни од политиките на Ахмети и Тачи. Тврдам дека мнозинството не го сака ни едниот ни другиот само бидејќи ја имаат политичката моќ (сојузена со македонските политичари) принудени се да си поќутуваат и да учествуваат во се што се повикани.
Затоа мислам дека проблемот е во нас. Сите нас не негираат и не поттепнуваат. И албанците и србите и бугарите и грците и европејците и кој се нашол... секој. Проблемот е во нашата млакост. Еднаш на сите да има кажевме кои сме и дека нема да попуштиме, нема да дозволиме однесување кое ќе ја помине црвената линија на здравиот разум. Реално да покажеме дека за своето достоинство решителни сме да се бориме со секој, па и ако треба до смрт. Што ќе се случеше, она кое мене ми се случувало. Ќе дојдеше до една две напнати ситуации, ама пак немаше да дојде до ништо сериозно. Иако си мислиш си се скарал, од тој момент почнува да те почитува. Ќе издржевме 4-5 години и трајно ќе си го решевме проблемот. А не вака имаме продолжено мрцварење, кое нема крај и кое постојано се влошува.
Меѓу 19 и 20 век не излеговме на масовно востание за себе и затоа после дадовме 10 пати повеќе безцелни жртви војувајќи во туѓи војски, туѓи војни за туѓи интереси.
Ако веќе вршиме притисок притисокот да го усмериме кон нашите политичари не е битно која партија. Тие се главните виновници. Не ни требаат нас странски инвестиции. Доволно е само да се оневозможи црпењето и изнесувањето на она кое народот го сработува. Пола Македонија може да живее само од белиот мермер (број 1 во светот) кој го имаме овде.
Ова, меѓуетничките трзавици, и двете врхушки - македонската и албанската ги користат за да може непречено да владеат и да се богатат. Сервилните партиски послушници се најголемото зло и расипувачи на партиите и на државата. Тие со недостатокот на било каква критичност им го држат грбот на самозамислените летнати в облаци политичари кога го јаваат и уништуваат народот.
Така што ќе ни тргне тогаш кога прво ќе се погледнеме себе си за да ги видиме маните кои се причина за националните слабости и тогаш многу лесно ќе се разбереме со албанците како и со грците, бугарите и србите.