Пуно еве да ја цитирам и подржав твојата идеа. Значи факт е дека со децении се вртиме во круг и никако да разбереме дека вака никаде не одиме а млади животи си заминуваат од овој свет. Јас сум за тоа веднаш да запре насилството и сериозно да се работи со младите луѓе. Да застанеме сите заедно против хулиганството и криминалот.
Јас сум имал и ќе имам пријатели Албанци и ги уверувам сите кои немале дека не секој македонски Албанец е лош Албанец. Дури има многу Албанци кои живот би дале за Македонија но од вакви или такви причини не се во состојба тоа јавно да го кажат. Мислам дека веќе и на Албанците им е преку К.Р од имиџот и товарот кој мора да го носат поради криминални поединци. Проблемот е што сите тие работи неможат јавно да ги кажат затоа што имат страв, затоа што се оставени сами на себе. Мислите дека на сите Албанци во Чаир или во Сарај им е ќејф што законите и полицијата не функционират на овие територии. Еве нека кажат Албанците но верувам дека не им е сеедно кога ги пуштат децата на школо а знаат дека во сооседните кафичи седат разни сомнителни фаци и знаат дека нема кој да ги штити. Мислам дека во Чаир имаше и протести поради недоволното присуство на полицијата. Пробајте и ставете се во кожата на тие луѓе. Ставете се во кожата на ИБРАИМИ кој срцето го остава на терен за Македонија многу повеќе од повеќето други репрезентативци а на крај како заслуга за тоа добива навреди и свирежи. Значи работите треба да се гледат од двете страни без разлика колку и да сме револтирани во моментов.
Токму така, се вртиме во круг, веќе две децении де викаме да се делиме, де да се цепаме, де да се федерализираме де не знам што. И свака чуда три дана, после се по старо некое време. Мене ми изгледа дека случаевиве повеќето ги употребуваат за лечење фрустрации, а не проблем кој не треба да се повторува.
Ете ги, читај ги сите страници, сигурно повеќе од половина постови се вон темава, пишуваат смешки, нацистички пароли, за јанко пишуваат, за шпоновите пишуваат, бараат уривање на мостови, градење ѕидови.
Најмалку за тоа што треба.
Ако очекуваме дека овие од власт ќе ни ги решат проблемите, сме се нае....