Напиј се вода од изворот

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.018
Поени од реакции
4.199
Пророк ако Господ кажал изрично јасно и недвосмислено да не правиме/сликаме ништо што е на небото,земјата или под неа и да не им се молиме и да не им служиме тогаш чуму икони и такви работи..И кој е тој обичниот смртник(макар бил и патријарх)да ми преведува- Абе знаеш ОН уствари сакаше да каже тоа и тоа..
И зошто книгата на Енох(Хенок) е прогласена за ,,апокрифна" кога таму има објаснување кое е клуч за разбирање и поврзување на нештата особено сега во времето во кое живееме..
Читај ја втората Божја од почеток до крај, не „на парче„, оти само во нејзиниот контекст можеш да ја разбереш.

Значи, сликањето на нештата кои се „горе„ или „долу„ и нивното претворање во бог односно идол, на кого/кои некој треба да им се поклонува, туку е главната причина за забраната на сликарски приказ на нешата кои се на Небесата и/или на Земјава. Така, сам Бог не дозволува постоење на измислени богови-идоли, оти само Он Е единствениот жив и постоечки Господ Бог.

Светото Писмо е пишувано низ векови, во различни услови и од различни автори, така да за негово правилно разбирање, потребно е и негово правилно толкување во авторитети, кои се на исто ниво‘ од светост како и самите пишувачи на Книгите од Писмото.

Наведената книга не е влезена во канонот на Стариот Завет, затоа што неговите канонизатори (старозаветните еврејски теолози и преведувачи) така одлучиле, а Црквата во зема Стариот Завет како „готов производ„, без никакви подоцнежни интервенции во него.
 

831

HOATH IAIDA
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.732
Поени од реакции
11.998
Дај бе сменете го насловов. Кога и да го сретнам ми делува како тема од Сунгерот Боб каде се бројат кој колку вода испил од изворот и кој број бил по ред...
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.775
Поени од реакции
11.833
Кога изборот на твојот внатрешен пат е филозофија која нејзиното појавување го смета за отпочнување на некаков нов еон и сите ги пикне во него против нивна волја, а стариот еон го прогласува за минато, тогаш е во ред?


WOW, каков критериум за универзална и апсолутна вистина.:confused:
Овде можете да упатите директно прашање до член и да прашате тоа што ве интересира со што би ја изгасиле својата жед за радозналост!
Тема која што треба да биде нешто помеѓу разговор на форум/религија и разговор во ЛП.
Трудете се да нема премногу лични прашања,а тој што треба да одговори доколку смета дека прашањето е премногу лично
може да побара да се преформулира или воопшто да не одговори!

Во друг жаргон кажано...кафана/кафич во која седите на маса, земете си по едно кафе , сокче ,благо - солено..или песна и прашајте што сакате да знаете!
Демек тука некој ќе дојде да праша ако нешто не знае за религиите и некој друг веднаш ќе му даде одговор и ќе биде задоволен од одговорот... знаеш, жедни за знаење и разбирање и оп - тука ќе добиеме заситување, како да сме пиле вода од чист извор на Шара :)
Во таа смисла го гледај... барем јас така го разбирам некако, иако ми вреска со его-трипови и слично...

Нека стои како нем сведок на некои луѓе и настани и состојби...
 

парва

errorhead
Член од
12 јуни 2014
Мислења
3.604
Поени од реакции
20.478
Не треба духовна книга да се разбира како историска.Затоа имате толку прашалници.

Се однесува за духовноста и како таа се дели.
Со Авел кој бил овчар се преставени инцијаторските групи кој ја имаа улогата на апостоли.(не оние кој тераат стада кози, туку овци)
Додека со Каин, догмите и верувањата кој се своевидно семе кое се сее во срцата на луѓето.
Да ви биде појасно кој кого убива и кој е скитник на земјата.

Сети се на зборовите на Исус, каде вика..
Јас сум добриот Пастир.
Ете , ве праќам како овци меѓу волци...итн
И на друго место...
Излезе сејач на семе.

На едни им се зборува отворено за духовноста, додека на други во параболи.

Во битие тие две работи се преставени со синови и нивниот меѓусебен исход.
Чекај бе алф,вамо викаш дека си вансериски верник,тоес дека се декларираш само како некое битие кое се запознало само себе си и сфатило дека е човек.А од другу страну само гу цитираш библију и викаш да се сетимо што кажаја Исус?
Дај бе ти осфести се и кажи ни што си.Кој те тебе васпитаја религиски или си некој мутиран авраамски наследник,кој га прати писмо господово,а устфари не е Исус,тоес неговиот отец,тоес сфетиот дух.
Ако знаеш ти на што си,ја ке га сечу по фтор пут мој кур шаолински.

Значи Исус според тебе е сејач на семе,ама не,ти не си христијанин.
Овој тфое е исто како некоја да каже,не ја не сам курва,само се ебу за некој денар.

Еве питање по којзнае кон пут.
Дали ти алф,да беше роден у Јемен,исто ке праеше метафорички литургие како ск или ке си праеше ифтар и ке те болесфа колена?

Нели пологички е дека фторото ке се дешаваше.Нели?
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.791
Поени од реакции
18.422
Никој не сака да сфати дека Адам и Ева се уствари клонови т.е. хуманоиди создадени со генетски инженеринг. Од таму е и причата со реброто. Од коскената срж е земена ДНК за создавање ново суштество. Рајската градина е каспсулата или пак просторијата каде што се испитувани дали и колку можат да се навикнат на земјениот живот и атмосфера и се пропратно како гравитација, воздушен притисок, микроби, клима, вируси .
На земјата веќе постоеле и други хуманоиди само што не биле хомоеректуси туку некој поглупи полумајмуни. Сите тие се геноцидирани. Во индиските епови Рамајана или Махабхарата пишува во еден пасус дека луѓето воделе војна против човеколики мајмуни која што ја победиле. Од таму е и легендата за Манки Кинг т.е. Sun Wukong .

Бтв Адам после Ева бил со Лилит. Таа е една од " локалките ".

А црквата е таа што не сака да прашуваме.
А од кај биле Адам и Ева?

Ја па мислев генетски инжињеринг на мајмуни праеле, они геноцид им напраиле.

Зашто мајмуните не треба да се потценуваат

 

Ingvar

MONAD
Член од
28 март 2020
Мислења
3.717
Поени од реакции
8.752
А од кај биле Адам и Ева?

Ја па мислев генетски инжињеринг на мајмуни праеле, они геноцид им напраиле.

Зашто мајмуните не треба да се потценуваат

Он спомна за хуманоиди, мајмуни што оделе исправено како луѓето денеска. Еден од аргументите уствари во насока на генетскиот инженеринг е стапалото нивно во споредба со човечкото кое е посупериорно иако егзистираат од пред два милиони години а човекот негде 100000 год и е последно скалило на еволуцијата.
Иначе околу интелигенцијата, мајмуните се смешки у споредба со човекот...ма да најверојатно ние сме биле смешка у споредба со Cro-Magnon.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
18.213
Поени од реакции
9.806
Дај бе сменете го насловов. Кога и да го сретнам ми делува како тема од Сунгерот Боб каде се бројат кој колку вода испил од изворот и кој број бил по ред...
Насловот и темата се одлични...проблемот е што нема многу жедни за знаење.
 

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.546
Поени од реакции
1.102
Права, треба да правиш разлика од телесно и духовно,(земно/небесно)!
Сврзуваш тело за некоја религија и нација и без размислување ја врзуваш душата/духот за истото.
Исто и за книгите.Книгите се духовни,зборат за тоа што е во мене,тебе или било кој човек,а тоа не се присвојува, како што си начекал во светот.Немој така!

Цело време зборуваш за телесното и прашања произлезени од телесното.
Ако ти треба јачење на телесното и нацинализмот,културата оди на друг пдф,...политика,незнам види таму.
Ова пдф религија, тука зборуваме за внатрешното.

Еве размисли малку,ако во умот го тргнеш с'е она кое си го прилепил на својата душа од овој свет, извади се..име,презиме,нација,култура,верување,..душата да биде таква како што била во утобата на мајката.
Не родено,во светот е,но не е од светот.Пробај,за ова не ти треба книга.
Но, не тргнувај од надворешното па навнатре,ако мајката е верник на одредена доминација и детето е тоа,тргни од внатре.Метафорично со мајка -дете, држава - човек ти уочувам од каде тргнуваш со размислување и поставуваш прашања.
На тацна духовноста не се сервира.


Ако толку многу запнуваш и толку си жеден, можам во приватна порака да ти се преставам со име ,каде сум учел,што работам , брачен статус.
За телесно прашање,телесен одговор да добиеш.
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.492
Поени од реакции
9.480
Адам живеел 930г., Ева 935г., што е доволно долго време за раѓање и на други деца, не саде Авела и Каина.

Синовите се „парат„ со сестрите и во тие рани години од човештвото, таквиот начин на продолжување на родот човечки, откако Адам стана смртен, не бил проблем, затоа што генетската извитопереност кај првите генераци луѓе не постои, а истата се јавува со тек од време, како што тогашните луѓе постепено стануваат огревовени па последично и нивните гени се „расипуваат„.

Затоа денес не е дозволено стапување во брак меѓу сопружници најмалку до 4-то колено од нивна роднинска блискот. Кумулираните „грешни„ гени доаѓаат до израз ако блиски роднини зачнат нов човек.

Слободно прашувај, инаку како ќе дознаеш...
Па зошто да не, сум прашувала и верници и атеисти, не толку зошто и со кој се парела Ева, тоа и сега го имаме и во комшии и дома кај некои соседи, не ме шокира тоа, повеќе сакам да ми ја објаснат нивната симболика за Адам и Ева, зошто ваљда не се будали да веруваат дека постоеле вистина и дека сите тие приказни се вистинити и се случиле.. Ајде за парењето, ама бидна први ден и бог создаде небо, цел ден го правеше, го местеше, па после земја и тн па ајде адам од земја и кал во која како што сме создадени во неа ќе влеземе што велеше баба ми...

И не ми е мене воопшто смешна ни религијата ни библијата, ни верниците. Ни целата приказна. Ја читав мн библијата како дете, не знам од кај сум натапкала библија за деца, се сеќавам дебела книга голема, со слики и само прашував по дома а и како дете ги доживував симболично некако сите тие ликови и не сакам да знам кој на кого му бил брат и зошто го убил, него што претставуваат тие браќа за еден верник? Верувам дека библијата е една книга полна со метафори и секој верник си ги толкува поинаку. Верата е убава работа, да нема зло, да се верува дека злото ќе се казни, барем оние што го преживеале да се фатат за некоја сламка, ама зарем секој верник баш буквално ја сфаќа библијата?
 

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
9.720
Поени од реакции
23.825
А од кај биле Адам и Ева?

Ја па мислев генетски инжињеринг на мајмуни праеле, они геноцид им напраиле.

Зашто мајмуните не треба да се потценуваат

Адам и Ева се клоновите.
Попаметно прашање без одговор е од каде и која била Лилит втората жена на Адам.

Генетскиот инжињеринг бил од мајмуните (не буквално мајмуни туку некој вид на прост прачовек) вештачки да создадат попаметен хуманоид што ќе можат да го манипулираат за нивна корист. Непотребните хуманоиди ги геноцидирале т.е. ги уништиле неуспешните обиди од експериментот.
Инаку хомоеректусот е дванаести или тринаести тип на хуманоид што живее на земјава. Единаесет или дванаесет други се целосно исчезнати.
Автоматски споено мислење:

Па зошто да не, сум прашувала и верници и атеисти, не толку зошто и со кој се парела Ева, тоа и сега го имаме и во комшии и дома кај некои соседи, не ме шокира тоа, повеќе сакам да ми ја објаснат нивната симболика за Адам и Ева, зошто ваљда не се будали да веруваат дека постоеле вистина и дека сите тие приказни се вистинити и се случиле.. Ајде за парењето, ама бидна први ден и бог создаде небо, цел ден го правеше, го местеше, па после земја и тн па ајде адам од земја и кал во која како што сме создадени во неа ќе влеземе што велеше баба ми...

И не ми е мене воопшто смешна ни религијата ни библијата, ни верниците. Ни целата приказна. Ја читав мн библијата како дете, не знам од кај сум натапкала библија за деца, се сеќавам дебела книга голема, со слики и само прашував по дома а и како дете ги доживував симболично некако сите тие ликови и не сакам да знам кој на кого му бил брат и зошто го убил, него што претставуваат тие браќа за еден верник? Верувам дека библијата е една книга полна со метафори и секој верник си ги толкува поинаку. Верата е убава работа, да нема зло, да се верува дека злото ќе се казни, барем оние што го преживеале да се фатат за некоја сламка, ама зарем секој верник баш буквално ја сфаќа библијата?
Ако си ја читала таа црвената библија со слики таа е најсекташката варијанта. Протестантска мисија после независноста 1991 год ги има делено тие библии бесплатно. Ако не си протестант нема зошто да веруваш во тие будалаштини.

Инаку тоа со создавањето на луѓето т.е. мажот од земјата е еврејско срање од суеверие што одма од старт ја става жената во подредена улога.
Нашата стара вера не учела дека мажот и жената се еднакви и баш дека во разликите и слабостите треба да се надополнуваат наместо да се потценуваат и злоупотребуваат. Затоа постојат машки и женски работи и се останато што ги дистанцира двата пола. Но ова е друга офтопик тема.

Старата вера не учела дека после смртта душата оди на небото но не на небото како на цртан филм како англече со харфа и ореол туку во центарот на вселената т.е. кај универзалниот креатор. Со реинкарнацијата секоја душа во универзумов се реинкарнира во друго тело. Ова е уште еден факт што го докажуваат и индиго децата. Таа наша религија вика дека телото треба да се спали за да огонот ја прочисти душата доколку е корумпирана од црни сили а чадот да и помогне да се придвижи побрзо кон небото. Со закопувањето душата неможе да излезе од носот ( како ште вели христијанското суеверие) и се заглавува под земја. Од тука доаѓаат и суееверијата за вампири и духови што се враќаат кај семејството и бараат да бидат ослободени затоа што неможат да најдат мир.
И секогаш кое било решението ?
Телото го палеле со што ја ослободувале душата побрзо да оди кај универзалниот центар (креатор) и повторно да добие шанса да се реинкарнира.
 
Последно уредено:
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.791
Поени од реакции
18.422
Адам и Ева се клоновите.
Попаметно прашање без одговор е од каде и која била Лилит втората жена на Адам.

Генетскиот инжињеринг бил од мајмуните (не буквално мајмуни туку некој вид на прост прачовек) вештачки да создадат попаметен хуманоид што ќе можат да го манипулираат за нивна корист. Непотребните хуманоиди ги геноцидирале т.е. ги уништиле неуспешните обиди од експериментот.
Инаку хомоеректусот е дванаести или тринаести тип на хуманоид што живее на земјава. Единаесет или дванаесет други се целосно исчезнати.
Википедија вика дека му била прва жена, ваљда не им идело, па морале Ева да ја направат од ребро.

Те разбрав де. Пошто ти спомна дека се клонови од капсула кои биле прилагодени за живот на Земјата,

Рајската градина е каспсулата или пак просторијата каде што се испитувани дали и колку можат да се навикнат на земјениот живот и атмосфера и се пропратно како гравитација, воздушен притисок, микроби, клима, вируси .
ваљда сакаше да кажеш дека некој ги донел тука или не?

Човекот има 99% идентична ДНК со шимпанзоно погоре од видеото, па мислев дека ќе пишеш за генетски инжињеринг на мајмуни и за Анунаките и како после Анунаките почнале да земаат жени од земјата, па ќе им се родат деца џинови, попознати како Нефилим. И нив ги пишува во Библијата и во Kнигата на Енох, а и во Епот за Гилгамеш, во Рамајана и Махабхарата ги нема колку што ми е познато. Али нема везе, веројатно е негледана епизода на Ancient Aliens. :)

Ако си ја читала таа црвената библија со слики таа е најсекташката варијанта. Протестантска мисија после независноста 1991 год ги има делено тие библии бесплатно. Ако не си протестант нема зошто да веруваш во тие будалаштини.

Инаку тоа со создавањето на луѓето т.е. мажот од земјата е еврејско срање од суеверие што одма од старт ја става жената во подредена улога.
Нашата стара вера не учела дека мажот и жената се еднакви и баш дека во разликите и слабостите треба да се надополнуваат наместо да се потценуваат и злоупотребуваат. Затоа постојат машки и женски работи и се останато што ги дистанцира двата пола. Но ова е друга офтопик тема.

Старата вера не учела дека после смртта душата оди на небото но не на небото како на цртан филм како англече со харфа и ореол туку во центарот на вселената т.е. кај универзалниот креатор. Со реинкарнацијата секоја душа во универзумов се реинкарнира во друго тело. Ова е уште еден факт што го докажуваат и индиго децата. Таа наша религија вика дека телото треба да се спали за да огонот ја прочисти душата доколку е корумпирана од црни сили а чадот да и помогне да се придвижи побрзо кон небото. Со закопувањето душата неможе да излезе од носот ( како ште вели христијанското суеверие) и се заглавува под земја. Од тука доаѓаат и суееверијата за вампири и духови што се враќаат кај семејството и бараат да бидат ослободени затоа што неможат да најдат мир.
И секогаш кое било решението ?
Телото го палеле со што ја ослободувале душата побрзо да оди кај универзалниот центар (креатор) и повторно да добие шанса да се реинкарнира.
Човекот/неандерталците закопувале уште пред да знаат како да запалат оган, ваљда наједноставен начин за да се ослободат од тело во распаѓање било да ископаат дупка. Мислам дека првата гробница ти датира некаде од пред 250000 години. Баш палењето на телото или кремирањето е инспирирано од религиски побуди, не сум сигурен само за центарот на Вселената и реинкарнацијата :) , ама за да отиде полесно на небото да. Народите кои што го практикувале, практикувале и закопување и кремирање паралелно и е доста скорешна практика ако се земе цела човечка историја.

Права, треба да правиш разлика од телесно и духовно,(земно/небесно)!
Сврзуваш тело за некоја религија и нација и без размислување ја врзуваш душата/духот за истото.
Исто и за книгите.Книгите се духовни,зборат за тоа што е во мене,тебе или било кој човек,а тоа не се присвојува, како што си начекал во светот.Немој така!

Цело време зборуваш за телесното и прашања произлезени од телесното.
Ако ти треба јачење на телесното и нацинализмот,културата оди на друг пдф,...политика,незнам види таму.
Ова пдф религија, тука зборуваме за внатрешното.

Еве размисли малку,ако во умот го тргнеш с'е она кое си го прилепил на својата душа од овој свет, извади се..име,презиме,нација,култура,верување,..душата да биде таква како што била во утобата на мајката.
Не родено,во светот е,но не е од светот.Пробај,за ова не ти треба книга.
Но, не тргнувај од надворешното па навнатре,ако мајката е верник на одредена доминација и детето е тоа,тргни од внатре.Метафорично со мајка -дете, држава - човек ти уочувам од каде тргнуваш со размислување и поставуваш прашања.
На тацна духовноста не се сервира.


Ако толку многу запнуваш и толку си жеден, можам во приватна порака да ти се преставам со име ,каде сум учел,што работам , брачен статус.
За телесно прашање,телесен одговор да добиеш.
Па и Карл Јунг напишал книги за тоа што е во тебе, што не ги земеш нив ко Библија?

Човекот што се плаши од Пекол после смртта, станува религиозен. Човек што искусува Пекол додека живее, станува духовен.
 
Последно уредено:
Член од
12 март 2024
Мислења
400
Поени од реакции
540
Па зошто да не, сум прашувала и верници и атеисти, не толку зошто и со кој се парела Ева, тоа и сега го имаме и во комшии и дома кај некои соседи, не ме шокира тоа, повеќе сакам да ми ја објаснат нивната симболика за Адам и Ева, зошто ваљда не се будали да веруваат дека постоеле вистина и дека сите тие приказни се вистинити и се случиле.. Ајде за парењето, ама бидна први ден и бог создаде небо, цел ден го правеше, го местеше, па после земја и тн па ајде адам од земја и кал во која како што сме создадени во неа ќе влеземе што велеше баба ми...

И не ми е мене воопшто смешна ни религијата ни библијата, ни верниците. Ни целата приказна. Ја читав мн библијата како дете, не знам од кај сум натапкала библија за деца, се сеќавам дебела книга голема, со слики и само прашував по дома а и како дете ги доживував симболично некако сите тие ликови и не сакам да знам кој на кого му бил брат и зошто го убил, него што претставуваат тие браќа за еден верник? Верувам дека библијата е една книга полна со метафори и секој верник си ги толкува поинаку. Верата е убава работа, да нема зло, да се верува дека злото ќе се казни, барем оние што го преживеале да се фатат за некоја сламка, ама зарем секој верник баш буквално ја сфаќа библијата?
Unchain your mind, we are the aliens on this planet.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom