Читај ја втората Божја од почеток до крај, не „на парче„, оти само во нејзиниот контекст можеш да ја разбереш.Пророк ако Господ кажал изрично јасно и недвосмислено да не правиме/сликаме ништо што е на небото,земјата или под неа и да не им се молиме и да не им служиме тогаш чуму икони и такви работи..И кој е тој обичниот смртник(макар бил и патријарх)да ми преведува- Абе знаеш ОН уствари сакаше да каже тоа и тоа..
И зошто книгата на Енох(Хенок) е прогласена за ,,апокрифна" кога таму има објаснување кое е клуч за разбирање и поврзување на нештата особено сега во времето во кое живееме..
Значи, сликањето на нештата кои се „горе„ или „долу„ и нивното претворање во бог односно идол, на кого/кои некој треба да им се поклонува, туку е главната причина за забраната на сликарски приказ на нешата кои се на Небесата и/или на Земјава. Така, сам Бог не дозволува постоење на измислени богови-идоли, оти само Он Е единствениот жив и постоечки Господ Бог.
Светото Писмо е пишувано низ векови, во различни услови и од различни автори, така да за негово правилно разбирање, потребно е и негово правилно толкување во авторитети, кои се на исто ниво‘ од светост како и самите пишувачи на Книгите од Писмото.
Наведената книга не е влезена во канонот на Стариот Завет, затоа што неговите канонизатори (старозаветните еврејски теолози и преведувачи) така одлучиле, а Црквата во зема Стариот Завет како „готов производ„, без никакви подоцнежни интервенции во него.