Колку си дозволувате мешање во туѓ живот?
Да појаснам што ми е прашањето.
Значи, постои млад брачен пар или партнери во подолга врска и вие со едниот од нив сте блиски (другари, пријатели, роднини). Лично сте виделе и со сигурност знаете дека едниот од нив не функционира како што треба, а вешто го прикрива тоа од својот партнер (има друг/а, коцкање, финансиски малверзации кои по извесно време би ги довеле до финансиски колапс, и сл.).
Дали би си дозволиле да му кажете на другиот партнер, кој ви е близок и сакате да го заштитите, а свесни сте дека може да направите сериозен проблем меѓу нив?