Тоа од секогаш било така.
Тие што се малце постари можеби и Чарлтон тука памтат за една утакмица 2002. Вардар - слога, на малиот мост на Вардар се појавија група од околу 50-60 шверцери кои не поминаа од десната страна преку мостот туку само скандираа. Комитите кои броеа околу 100-200 се упатија кон мостот со цел да се пресметаат со шверцерите. Еуфоријата беше голема затоа што конечно требаше да има пресметка на две навивачки групи и беше многу реално затоа што во тој момент немаше полиција! По самото тргнување на комитите преку мостот се појави цел вод специјалци кои го блокираа мостот па така околу 30-40 комити останаа на сред мост! Ова не беше пречка туку напротив мотив повеќе да се докаже кои се комити, па така оваа мала група тргна во јуриш против шверцерите. Овие си се покажаа во вистинско светло - јунаци, почнаа да бегаат колку што ги држеа нозете и ниту еден не остана да се тепа. Бегаа кој каде стигна, а тие што беа фатени знаат како си поминаа. По 10 минутната хајка, комитите се вратија на мостот, некои од нив видно изнервирани зошто останатите не го пробиле кордонот на лавовите(!?), а некои презадоволни од тоа што се „омрсиле“. По натпреварот имаше поситни инциденти низ центарот на Скопје, а шверцерите, нели знаеме дека се "fighters" па искршија 10 автобуси на ЈСП (автобусите се искршени во јајапаша) и претепале еден студент кој се враќал од факултет, нормално и ова се случило во чаир. Браво шверцери ви сте ни идоли!