Браво за дербито и за сите кои што допринесоа од двете страни, да истото го личи како што му доликува. Во вакви услови, дербито испадна и повеќе од одлично. Еве од мое гледиште како изгледаа работите.
Чкембари: Испаднаа фер се изборија да гостуваме, немаше по пат од никого никакви непотребни реакции, најискрено се надевам дека така ќе биде и од другата страна.
Стандардот во копот си го држат на дербињата, имаа сосема убав коп за око, убаво пиро, се потрудиле за паролите некои имаат смсила, некои немаат воопшто, се потрудиле да изработат и мотки иако не беа уметници, ама пробуваат многу работи да спроведат за кои никој нема да се согласи нормално, ама секој може да примети. За поздрав е изработката ама најискрено делуваат фушарски, без естетика, колку да се наштанцаат. И јас ја барав на Горан, меѓутоа редоследот на боите не е тој така да не знам како е истата мотка.
За навивање не коментирам затоа што ниту они можат нашето, ниту ние нивното да го пратиме. Имаше моменти каде што супер изгледаше цел коп како се тресе. Нешто што разочара, уште едно дерби без кореографија, можеби така би ви бил стилот, ама на моменти е многу контрадикторен ставот, исто како и палењето на знаме одземено од обични фанови, па уште земале на трибина сликаат со телефоните во први редови. Верувам има и кај вас што се свесни која брука е, ама што да прават кога им одлучуваат луѓе со ставови - што го донел ако не може да го брани. Небаре сите се запознаени како функционира навивачкиот свет, сигурно ќе се замара рандом обичен фан дали ќе дојде некоја група на натпревар на Вардар да му го влече знамето, испаѓа дека не смее некој да си отиде на натпревар да си навива за својот клуб, по таа логика треба секој рандом навивач со дрес, капче, маичка од клубот да се тепа нели, затоа што не требало да носи реквизит од клубот ако не може да го брани, дно дна. Честитки за новата трибина, се надевам што побрзо ќе се изгради целиот стадион.
Комити: Брутално и премоќно спроведување до стадион, одлично запазен дрес код, во мини кортео пропратено со огномет, перфектно изведено. Бројката како бројка беше супер, а се согласувам дека се очекуваше повеќе со оглед на сосема добрите гостувања во текот на сезоната, бројката на јубилејот која сите позитивно не изненади, веројатно се очекуваше позитивно изненадување и за дербито. Одлична група на момци беше дојдена да ти е мерак да гостуваш и на 2 000 километри, сложно со супер дружба, со господски карактер. Фалеа 50 души да крца копот до последно место, уште подобро да изгледаше, се друго беше чиста 10ка. Грмеше трибината, права журка, со 90% пеење за Вардар, извадени пароли, од кои едната беше штосна дупешка, одлична координација меѓу членството, супер пиро, еден куп знаменца, барјаци се по мерак таман, прејако знаме на ограда, сите елементи беа на ниво вистински пример беше дербиво како треба да изгледа еден натпревар, потег за поздрав беше и тоа што конечно ни беше дозволено и да останеме до самиот крај, нема подемотивирачко нешто од тоа да влезеш во 20та и да те туркаат со сила да излезеш во 70та а цел ден си го одвоил за тој натпревар, така што вака да продолжат двете групи очекувам се подобри и подобри дербиња во иднина.