НБА сезона 2022/2023

Статус
Затворена за нови мислења.

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.398
Поени од реакции
35.074
Не гледам предвидувања. Прошлата серија сите дадоа понекое. :D

Што се мене тиче, само ќе кажам дека ќе биде неизвесна серија и дека може лесно да се стигне до 7ма утакмица. Денвер има предност дома, и надморската висина ќе влијае (а Нагетс како домаќини се аклиматизирани). Лејкерс ако не земат еден брејк во првите две аутоматски се во голема опасност. Сите утакмици се по 2 дена пауза. Убитачен распоред, не знам што размислуваат во НБА.

Интересно ќе биде тренерите како ќе се постават во одбрана. Од она што досега го гледам од Хам, АД нема да биде на Јокич цело време (и нема да почнува утамица со АД еден на еден на Јокара). Јокич не смее да се остава сам на 3-ка. Пошто многу е битно АД да биде блиску до кош (заради континуирано снабдување на пиљарата која ја држи откако почна плејофот, голема побарувачка за јужно овошје и слично). Веројатно Вандо би можел да искача на Јокара надвор на периметар, а кога ќе влегува да биде удвојуван (некое лабаво удвојување со враќање кон својот човек). Или некој од резервите ќе има пинутажа. АД веројатно ќе иде на Гордон кој мислам дека е најслаб шутер од стартерите на Денвер. Портер е streaky ама е доволно добар шутер да не смее да се остава сам. Така да Гордон ќе го оставаат (изазиваат) да шутира тројки и ќе живеат со тоа ако погодува. КЦП е streaky исто, ама не може да се остава (би бил втор избор за оставање сам ако баш мора). Веројатно Дило ќе иде на КЦП, на Мареј ќе се менуваат, Ривс на Портер, Леброн - на кој не трча многу. :)
Сега ќе им фалат Џавале и Двајт, прек-преклани ептен им се најдоа против Јокич. Ќе мора да добијат минути Габриел, можеби и Бамба. Се разбира зависно од тоа колку ќе ги убија Јокич, ама сум видел и почудни работи.

Обратно гледано, Денвер дефанзивно ќе го става Гордон на АД. Исто за да го поштеди Јокич. Од умор и од лични. Може и Брајант конечно ќе го извади од клупа, иако Мелоун е уште попрагматичен со ротацијата од Хам (овој пак им даде шанса на Вокер и Бизли). Брајант го знае системот на Лејкерс, го трејдаа во Јануари/Фебруари. Не знам зошто побогу цел плејоф не виде минути, сега зар'ѓан ќе мора да го става во игра (но уствари супер, сега кога не можам да навивам за нив).


Играта на клупите ќе биде Х фактор, многу важно. Мелоун е добар тренер, ама не во рангот на Стив Кер така да тука сум малку полабав. Но ќе биде ова тешка ама и интересна серија. Ќе се зачудам ако е помалку од 6 утакмици.


И ова: Кој ќе искочи од серијава е следниот шампион на НБА.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.398
Поени од реакции
35.074
^^ Денвер - ако тепа - ќе тепа во 5 или во 7 утакмици. Или ти предвидуваш дека 6-тата во Лос Анџелес дека ќе ја тепаат? :)
 
C

confusion

Гостин
Нема шанси да не гледаме 7 утакмици со Денвер и ЛАЛ, едноставно две прејаки екипи моментално, две екипи што тотално заслужуваат да бидат таму кај што се. Кој и да победи искрено ќе биде заслужено, ЛАЛ имаат страшна сезона, заличија на тим, играат тимски, ќе биде доста тесно, нема да биде доволно само Јокиќ да доминира, ќе мора и другите околу него да пружат нешто.
 

Down

Aloysius Devadander Abercrombie
Член од
4 мај 2012
Мислења
4.052
Поени од реакции
7.001
^^ Карусо беше голема грешка, се искржaви Џини Бас за „ситни“ пари тогаш. Мислеа дека имаат многу бекови, ама краткоглед потег пошто никој не го нудеше сетот работи кои Карусо ги работи. Реално вреди и повеќе пари.


Ривс е дефинивно ѕвер, да видиме само дали некој ќе се залета по него офсезонава. Нема да има многу тимови што ќе се летаат со пари, ама како игра момакот ништо чудно некој како Орландо да понуди макс (руки) пари. Но реално и вреди дечкото.
Јас мислам и за него и за Лејкерс ќе биде подобро да потпише само една година за релативно скромни пари. Прво Лејкерс да се уверат дека сезонава не била флук, а Ривс потоа ќе може да потпише подолгорочен договор за повеќе пари. Добро е за двете страни.
Баш обратно, ако е паметен сега ќе земе што може поише пари....доволно е една повреда и никад да нема можност за добар договор у иднина.
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.424
Поени од реакции
39.013
^^ Денвер - ако тепа - ќе тепа во 5 или во 7 утакмици. Или ти предвидуваш дека 6-тата во Лос Анџелес дека ќе ја тепаат? :)
Зошто да не, исто како со Феникс.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.398
Поени од реакции
35.074
Ма не се нормални!
Кер да не им беше крив што изгубија??

5-тата ја добија пошто ризикуваше казна да се жали за судиите. Со мрвтиот Томпсон, повредениот Вигинс, ментално заостанат Дрејмонд, и 35 годишен Стеф Кари толку е. Лани им се поклопија коцките, сега изгубија од подобар тим.

Свашта.
Што се случува во НБА, човече.


едит: Патка е.
Еве ја правата адреса на Шамс (без Ф на крај): https://twitter.com/ShamsCharania?ref_src=twsrc^google|twcamp^serp|twgr^author

Хаха како се напалија навијачите на Бакс во тридот, одма го „донесоа“ во Милвоки. :D
Автоматски споено мислење:

Баш обратно, ако е паметен сега ќе земе што може поише пари....доволно е една повреда и никад да нема можност за добар договор у иднина.
Сакаш да кажеш да иде на подолг договор?
Пошто повеќе пари ќе му дадат (Лејкерс или било кој) ако уште една две сезони изигра добро. Сите видоа што направија Вориорс со Пул - 120 милиони за некој што се изгуби во плејоф. Ај со Лејкерс малку се оправи - малку, ама со Сакраменто буквално го снема.

Инаку и јас се надевам дека ќе се согласи на подолг договор за нешто помалку пари. Посигурно е и за него, како за прв голем договор, да се обезбеди. Ќе има шанса за апла збогатување понатаму ако продолжи да игра вака.
 
Последно уредено:
Член од
30 јуни 2020
Мислења
3.153
Поени од реакции
11.831
6 или 7 натпревари ќе има серијата, блага предност има Денвер заради домашниот терен.

Доколку излезе Лејкерс од западот е шампион бидејќи годинава на исток растур се екипите, во таква една ситуција треба статуа пред стејплс центар да има Пeлинка за трејдовите на полусезона. Буквално ги воскресна и поштено изгазија во плејоф.
 
Член од
11 април 2023
Мислења
2.156
Поени од реакции
7.215
6 или 7 натпревари ќе има серијата, блага предност има Денвер заради домашниот терен.

Доколку излезе Лејкерс од западот е шампион бидејќи годинава на исток растур се екипите, во таква една ситуција треба статуа пред стејплс центар да има Пeлинка за трејдовите на полусезона. Буквално ги воскресна и поштено изгазија во плејоф.
Нема предност домашен терен веќе,умре тоа време.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.363
Поени од реакции
84.589
Ke bide dobra serija Denver-Lal,imam staveno 5000 denari Denver pobednik na zapad a navivac sum na Lal:D. Upatata bese uste koga mojve bea 10 mesto a kvotata im bese 12.Da bea protiv Gsv ke kazev sigurno dobiva,vaka u najmala raka 50-50.

Sent from my SM-A325F using Tapatalk
Ja така праев порано. Се кладев, на клучни утакмици, против тимот за кого многу навивав. Мене ми одговараше такво кладење. Ми прави увек да сум у некаква добивка.

Пензионери ветерани и антиталенти до конференциско финале ... а изгазија толку многу мега ѕвезди, таленти и млади играчи :
ни Милвоки, ни Бостон у финале
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom