НБА сезона 2021/22

Кој ќе биде новиот шампион?


  • Вкупно гласачи
    75

GreenRoot

^Зелен^
Член од
20 јули 2011
Мислења
2.614
Поени од реакции
2.236
Епско финале ке биде ова.

Sent from my LM-V450 using Tapatalk
 

Jankoff

Run that, pass that.
Член од
4 септември 2019
Мислења
1.735
Поени од реакции
2.824
ииииииииииии брејкчееееееееееееееееееееееееееее
каахаххахахахахахари .
све што радиш Алфредее таман је таман јееее
 
Член од
7 јуни 2012
Мислења
267
Поени од реакции
500
BREAKING NEWS - Ујдурма рипорт ! :tvg:


На почетокот на клипот Ван Ганди (затнатиот) зборува за очајот на Хит во тие моменти ....Подолу опишани многу ситуации опфатени со клипот, фокусот е на високите стандарди во судењето во НБА, во 7-от натпревар Бостон -Мајами .

Судии на мечот James Capers, Scott Foster, David Guthrie.
-------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Уште во првата четвртина можеше да се насети дека нешто се спрема, особено по неколку смешни одлуки (во корист на Мајами) во втората половина на прва четвртина беше јасно дека нешто вкусно се готви, и тоа :

41 секунда - Винсент го драматизира судирот со Вилијамс, го продава како да го удриле во глава (оваа година во плејоф оваа шема лесно врви)....Судиите Скот Фостер (48) и Дејвид Гатри (16) ќе се испотепаа кој да свирне прв! Прашање е Гатри што мислеше да досуди, дали неговата одлука ќе беше спротивна на Фостер, кој пак го има последниот збор во оваа ситуација и суди фаул во напад. При судирот на двата играчи, офанзивецот (иако драстично поснажен) губи контрола на топката, аут и напад за Мајами, и терај, сите среќни и весели.... нема тука фаул во напад.

59 секунда - Винсент повторно драматизира, гратис слободно добива 3+1, мрсно му се фати, го вади јазичето...минималниот контакт на Хорфорд е неизбежен тука, доцни и нема никакво влијание на исфрлање на топката при шутот, а ниту при доскокот има поозбилен контакт, вреден за санкционирање...смешки!

1мин 24сек - Батлер поентира, мине несанкционирано со чекори при ролингот. Колку често со оваков "ролинг" се провлекуваат играчите во лигата....но не е фокусот на клипот на несанкционираните ситуации-пропусти во делот на чекорите. Имаше и кај Бостон 1-2 прилики пропуштени (Хорфорд итн...)
--------------------------------------------------------------------------------------------------

Во втората четвртина кулминираа работите, пресудна за Мајами и пред се за неизвесноста на мечот.

Резултатот 34:17 за Бостон, ги пердашат Мајами, мечот почнува да личи како 7-от со Милвоки кога ги одраа Мулињата со одличен шут за три, само што сега дерењето на Хит почна уште при крај на прва четвртина. Две прилики, битни Мајами рано да го фатат бонусот :

2:11 Лаури-докажаното каскадерче продава никаков контакт од Причард (цвили овој во одбрана демек по вилица го закачил Лаури)...Скот Фостер ќе го награди, а слични прилики до крајот на мечот со задоволство и без колебање ќе ги свири, инстантно, мислиш јазичето
му е сраснато со свирчето, како еден орган да се.

2:28 Џими-драматургот добива гратис слободно(2+1)...по овие две одлуки и почнува процесот на интензивно молзење на Бостон,
Мајами рано да фати бонус и потоа секој контакт ќе се свири со леснотија, брутално ќе се злоупотребува службената положба од судиите.

Планот беше јасен од самиот почеток на мечот- шема видена, досадна (ма никогаш не здосадуваат перверзиите на судиите во делот на шашаво судење), добро разработена и проверена низ минативе декади во лигата =со судење на минимални и дискутабилни контакти ќе го демотивираш тимот да не биде толку агресивен (дефанзивно), ќе му ги подврзеш рацете во тој дел.

Во втора четвртина Мајами ќе бидат почастени 19 слободни. Резултатски се вратија на полувреме(ги вратија од кома судиите) од -17 на -5, и тоа при дури 7 слободни промашени таа четвртина! Лигата не сакаше очигледно уште еден 7-ми натпревар во оваа (доста слаба) плејоф сезона, во рана фаза да оди со убедлива предност за едниот тим и второто полувреме да биде тепање време, само формалност, дојадување на пуканките.

Лаури на 3:00, во дуел со Смарт мине несанкциониран, личи дека го бутка(со оглед на траекторијата на лансирање на Смарт) но со сигурност не може да се каже од тој агол/кадар. Инаку, Смарт како мал сонувал да стане космонаут, на Илон футуристот ракетите вака не забрзуваат на лансирање!

3:08 Судијата Гатри му го удри меракот на Хорфорд и го демне, и суди дефанзивни три секунди, навремено, точна одлука....ги части Мајами 1 слободно, едноставно секој поен е битен за Мајами, како инфериорна офанзивна екипа која се мачи да продре до кошот, против камен одбрана.
Со вакви лесни поени лесно се топи водството, ко сладолед заборавен на бетон во Август. На другата страна пак, редовно ќе се игнорираат/занемаруваат дефанзивните три секунди од Мајами, пример - 20 сек. (Лаури дефанзивни 5 секунди) или на 1:35 (Адебајо) или 3:30 повторно Адебајо спие во рекет (дефанзивни 10 секунди)...двојни стандарди колку ти душа сака. Случајност ?!

Во контекст на непристрасното санкционирање дефанзивни три (кои и онака слабо се судат во лигата, генерално, а ги има премногу- да се играло "ЗОНА") на цел меч само еднаш на Хорфорд што му досудија, ситуацијата веќе опишана погоре, како што може да се провери од play by play транскриптот подолу

3:20 на Џејлен фаул во напад му судат, ова е фаул од Струс, кој доцни тука

Во многу прилики во текот на целиот меч, дел од нив 3:54, 4:36, 5:37- ќе фрчат и подвижни од Адебајо...ај што не знaе детето блок правилно да постави (и доцни со тајмингот), судиите се прават слепи, не знам кој го има учено и од каде овие навики. Не е детето изолиран случај, и онака подвижните блокови толку многу доминираат денес, т.е пропустите во нивното санкционирање се најголем карцином во лигата ( за што истата и многу не се замара) и на многу мечеви прават голема разлика, бар последниве 5-10 години, поради стилот на игра-висок пнр и тројки
форсирање.

4:17 Лаури го частат слободно, 2+1...смешен контакт, мототo и концептот е "секој поен е битен!"

4:52 Aмбициозниот Оладипо Бабатунде (излуфтиран играч по повредата, за жал) научил некоја финта од Лаури инструкторчето, се гледа дека се труди... му падна шеќерот тука!

5:08 (или 5:23 друг агол) На Лаури му падна шеќерот нагло...вакви прилики чека со нетрпение Скот Фостер, и одма една инјекција инсулинска за Мајами. Лаури почнува да паѓа пред да биде судирот со Тејтум, и тоа е потврда дека не глуми Лаури, туку едноставно шеќерот му паѓа(или притисокот), колабира. Цела екипа на Мајами шеќераши, очигледно редовните систематски прегледи потфрлиле во организацијата..ЗАГРЕОВИ !!

5:53 Батлер со несуден фаул во напад, "штити" простор недозволено. До последен момент на мечот се судеа глупости, во корист на Мајами.

Последна четвртина, од ~11 минута до 2:40 до крај на меч, Мајами постигна само 8 поени, во тој период имаа суша од 9 промашени напади со ред. Мајами Шит шутираше 1/10 за три последна четвртина, а во второ полувреме 3/17 за три. Џабе домашен терен.

Можеби НБА сакаше со сите документирани ујдурми во клипот само да ја продолжи традицијата, со оглед дека во 77.1% од случаите домаќинот во 7-от натпревар минел, па и да ја подобри статистиката во овој дел. Нема ништо злонамерно од судиите, само луди теории на завери-омилен жанр на фелата со четврто одделение!



Финалето 2006 со Вејд важи генерално за највпечатлива- бенчмарк серија по злоупотребите во судењето, во делот на "интерпретирањето" на смешни и минимални(измислени) контакти, 2010 Финалето Бостон -Ла 7-от сигурно нема да се заборави и во годините кои идат, се разбира Сакраменто -ЛА на времето...Споредено со овој меч, разликата е што во сите спомнати( и други) серии кои ги красеше хоштаплерско судење, подобрите и пред се оштетени тимови (Далас, Бостон,Сакраменто) ги загубија сериите. Кога оштетениот тим се спасил и ги пребродил неправдите судиски, брзо се забораваат грешките во судењето, колку и да биле на број, а со тоа и самите упропастени серии.

Малку фалеше последни 2-3 минути да се издрскаат Бостон.

На 6:30 и коментаторот Марк Џоунс се подсмева со итроштините на Итар Пејо од Пенсилванија. Јавна тајна е дека и Лаури има дрес од Џумерко! (или да не беше обратно?)

Коментарот на Ван Ганди (алапача почитувана) и Џексон, за вештините на ајдукот Лаури-

Лаури- вонреден професор (PhD - "Селски финти и техники на продавање фаули на слепци"), кој докторираше на катедрата за балет и флоперај на Беркли, под менторство на почитуваниот акадeмик и гимнастичар CP3.

Резил од натпревар.
Целиот мој живот, НБА редовно и така дрско и брутално ми ја вреѓа интелигенцијата, без осет, особено во плејоф, третирајќи ги најголем дел од посматрачите како морони. NBA CARES!

Затоа, I LOVE THIS GAME!
ЖИВЕЛИ !!
-----------------------------------------------------------------

Во темава мртовечка, по секоја победа на Бостон во плејоф, без разлика на противник/рунда, следат неколку денови на жалост....


Поздрав до ожалостените, со едно хитче



 

Nino Manchester

Oŋce α RED, αlwαys α RED
Член од
4 јуни 2009
Мислења
14.541
Поени од реакции
17.958
Bog se javi, ova trt mrt de

Sent from my SM-A325F using Tapatalk
 
Член од
28 октомври 2019
Мислења
1.853
Поени од реакции
4.496
Земал коментира Лаури бил флопер како Бостон дека го нема Смарт у екипа
 

ilz

Член од
15 октомври 2013
Мислења
4.348
Поени од реакции
3.987
Kawhi ocekuvam sledna sezona vo finale da go gledam,samo da se site zdravi,mnogu jak tim imaat Clipers
Ke vidime ke ima trejdovi letovo...
Na Kawhi ne go peri nisto povekje, covekot ja napravi najgolemata greshka vo istorijata na kosarkata, samo sto stigna vo Toronto prva sezona odma osvoi titula, za potoa naredna sezona da otide da se spojuva so George vo Clipersi.
Trebase umreniot da ostane barem uste najmalku edna sezona vo Raptorsi.
Bombona ekipa bea okolu nego gi imase Siakam,Gasol,Lowry,Ibaka,Vanvleet,Deni Grin, Powell, i ostanatite.
Ne mi e jasno kako mozese da gi napusti site ovie prekrasni igraci so koi odigra edna edinstvena sezona i osvoi titula za da odi da se spojuva so eden Dzordz.
Ocigledno titulata otide ednas za Kanada i ne smeese toa da se povtori pa zatoa odma go preselija vo Los Angeles ovoj koj sezonata bese apsolutno najak igrac vo ligata.
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.510
Поени од реакции
8.117
Значи која гето црнчуга е овој дрејмонд, мајкооо... и вечерва требаше да добие две технички, ама судиите немаат свирчиња.
Би сакал да им се случи она што им се случи кога изгубија од лефлоп додека играше во Кливленд.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom