НБА сезона 2020/2021

Кои тимови ке изборат плеј ин или плеј оф, покрај овие сигурните (ЛАЛ, ЛАК, ЈЏ, ДН, МБ, БС, МХ, БН)


  • Вкупно гласачи
    99

Jankoff

ATP Expert
Член од
4 септември 2019
Мислења
434
Поени од реакции
432
Kejf mi e so ispadna Nets, neka se praat PSG pak ke zavrsat ko PSG isto
 
Член од
23 август 2010
Мислења
33.849
Поени од реакции
87.485
Постојат реални шанси Атланта да поминат, е тогаш Коуч Бад ќе има дуел со МекМилан, еден од најдобрите во лигата.
И што дека? Вов па Мекмилан да не е Фил Џексон случајно, што толку го напраивте... Добар тренер е и Баденхолзер не зезајте, а Мекмилан колку и да е добар тимот му е тој и со Милвоки немаат баш големи шанси, особено ако се и без Богдан. Мада мислам Фила ќе пројде така да џабе муабетов. :D
 
Член од
30 јуни 2020
Мислења
1.185
Поени од реакции
4.451
БАШ!!!!
Непостоечки во цела серија. Од клупа да играа некој подобар процент ќе извадеше.

п.с. Штета за вечер тимовите што не се комплетни, ќе гледавме баскет.
 
Член од
7 јуни 2012
Мислења
265
Поени од реакции
496


Кај Филаделфија, наспроти генералната перцепција која преовладува со години меѓу фановите им, најчесто како алиби за флуктуациите во играта на тимот, повредите на Ембииииииииииииид се далеку помал проблем, речиси бенигни споредено со неговиот еби-ветер пристап во играта, пред се во контекст на нападот !

Ембиииииид веќе со години во тимот е и плејмејкер, и тројкаш, и центар и бек-шутер =четири -во -едно, игра така лежерно на моменти како да се работи за маалски стритбол турнир....Во серијава со Атланта, има повеќе тројки испуцано од еден Херис, кој е солиден шутер од дистанца (ако не и неконстантен цела кариера) и не знам зошто е толку резервиран во овој дел !? Недисциплината на Ембиид беше постојано толерирана и толку доминантна минативе години, да работите редовно бегаа од контрола и со Браун- претходниот тренер, и оваа година во плејоф и со Риверс е толку очигледна, го јаде тимот, делумно причина за хаотичниот и неефикасен напад!

И не верувам дека главна причина што не игра коњот голем дел од времето близу кошот ( максимално користејќи го неоспорливиот потенцијал) му се повредите, со цел да ги минимизира контактите во дуелите 1-1 и во гужва, па затоа демек бега на периметар,и игра надвор од рекет. Он колку сака може да си мисли дека е пристоен шутер. Тоа ја јаде Филаделфија, причина зошто имаат такви осцилации во нападот, се разбира, покрај бескорисноста на Симонс и неговиот придонес во тој дел ( сами ја одбраа таа опција и тргнаа по тој пат!)

Коркмаз може да шутира подобро. Кога сме кај шутот за три, проблем е и што зетот на Риверс, кој игра феноменално и е снајперот на Сиксерс, има дури земено третина од шутевите за три, од само еден играч во тимот! Тешко на таков напад, кога така се поставени работите и зависиш од еден фраер (тесно грло), цела серија!

Хил беше џокер за Мулињата во серијата со Бостон пред две години, пред се благодарение на раштиманиот Бостон, стар е веќе со 35 години (и пред две години сигурно не беше млад!), може многу повеќе да придонесе од 2 поени/просек со 30% шут, најискусниот играч во тимот ! Милтон само личи за добар шутер и не сум убеден (рано е да се каже) но и тој со Макси се неискусни....А Хауард панкерот, кога ќе го дадат во кадар со фризурата, со интегралните грисини залепени на главата ми паѓа притисокот...офанзивно нема што да понуди.

Има Филаделфија кадар играчки да ја направи серијата со Бакс одлична....серија многу битна за Ембииииид пред се. Симонс е теле офанзивно, ама дефанзивно со корпулентноста и подвижноста е на место за Анте-менгемето ! Дени може фали, ама последниве 3-4 години е неконстантет, со една тројка плус/минус не прави некоја разлика, покрај Симонс-снајперот и посебно кога Ембиииииид е во шема и се заебава со шутеви од дистанца !
==========================================================================================================================================

феникс без Пол нема што да бара серијава, играч со мултидимензионален импакт во екипата-магионичарот за тимот и не се само во прашање некои 20 поени/меч, кои ќе бидат повеќе од неопходни. Плус, клупата на Санс е мизерна, освен Пеин, кој е практично шило на успана одбрана, со брз чекор, другиве Џонсон (шут со две-три тројќи од место) и Шарич дебелиот, со тешките нозе, кому местото му е во АБА!!! Башка, Краудер во отсуство на Пол нема избор и мора да има плејоф серија на кариерата, со 20 поени, за што не е кадарен ниту на плејстејшнот. Камински дрводелец е тоа, и онака нема да се изнаигра...Преголем товар е за Букер.

Лу пак немаше многу избор, простор да им даде прилика на играчиве од клупа, со оглед дека тимот двете серии со ред, и со Далас и Јута ги почнуваше климаво 0-2, па во такви околности гледаш да ја спасиш серијата и ќе ги цедиш максимално стартериве, во кои и имаш нејголема доверба....Кенард, Зубац, Рондо чак и Казанот не се заебанција...Кенард на првиот натпревар со Јута имаше 18 поени, Клиперс го шитнаа мечот....за Теренс-борбено и енергично тике, кој делумно делува за грабеж во втора рунда драфт и изненадување, очекувањата по последниот натпревар со Јута не треба многу да пораснат, а се веќе нереални...Реџи амалот за 2 милиони игра ко препороден, во серијата со Далас го стави во сенка на неколку натпревари и Џорџ (плејоф Пи -Пинџур), Батум делува 10 години помлад....

Реџи (Милер) Мајкл Џексон има просек 35% шут за три во кариерата, а оваа година во плејоф е 45 %, во серијата со Јута 50% за три,....уште годините во OKC се забетонира како неконстантен шутер......игра оваа сезона со толку самодоверба, има во наочарите сомнителни некоја стелт технологија, му помага значително во нишанот ....ај да не го урочам!

Во отсуство на Ленард, Џорџ игра доста порастеретено....и самиот е свесен дека со Ленард заедно на терен, секогаш тој ќе биде во сенка и постојано ќе биде мета на критики, бидејќи и најчесто не може кога се двајцата на терен да го брка во статистики Ленард, а штом потфрли тој ги јаде сите критики! А и со двајцава знае нападов да им биде стагнантен и да се претвори во натпревар кој од нив повеќе поени ќе постигне! Притисокот тек ќе му се качи кога (и ако) ќе ги минат Феникс, во главното финале!

На кратко, Клиперс дури и без Ленард има балансиран напад, со квалитетен играчки кадар на сите позиции и дефинитивно најдобра дефанзивна екипа од овие кои останаа ...и како таков може да оди на титула, и без Ленард, ако изиграат на ниво!

Се уште Клиперс не вадат детали за повредата на Ленард и се многу мистериозни, не може по 1 недела по повредава веќе да немаат снимки и точна дијагноза, што, како , кога.....или Ленард прави драми слични како во Сан Антоњо или ПР-от на Клиперс сака драми и неизвесности да продава, племето нивно нетранспарентно.....

Чавките од Атланта, со Јанг врапчето, во дуел со Бакс немаат шанси, иако на youtube е документирано дека во природата и не е баш така, напротив......


Богданович шутерчината (шут очај, со рефус продадени топки) слично како и Херис (Нетс), на последниве два натпревари се испосра....Атланта прокоцка прилика да ја заврши работата во 6-от меч.

Јута, сега кога паднаа Нетс, исто треба да си грицне од дупето за историски пропуштената шанса....сите состојки како тим ги имаат да ги одерат Бакси!
 
Член од
19 март 2011
Мислења
11.864
Поени од реакции
11.720
Јута дефинитивно најголеми лузери испаднаа на плејоф-ов. Тежок блам им беа двата порази од Клиперс без Ленард.
Од екипиве што останаа сакам да ги видам Феникс и Бакс во финале, па нека тепа подобриот.
 
Член од
4 февруари 2012
Мислења
5.062
Поени од реакции
3.855
Овие Феникс ми стануваат симпатични ќе биде интересно ако станат шампиони и ќе ја измочаат цела НБА во фаца и директно или индиректно Лејкерс,Денвер,Клиперс,Бруклин,Милвоки,Филаделфија кои со години коваат планови,прават супер тимови и тука се негде но никако да стигнат до врвот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom