Па слаб тим има реално. Гасол, Шрудер, Дејвис, Херел, Драмонд, Калдвел Поуп, Морис и Метјус.
Се се тоа клупа играчи хехе.
Искрено дојдов на темава да ја прочитам сеопфатната анализа на Ванлок, ама нема некако
Настрана подје*авањето ама слабо се дискутираше и последниот дебакл, и целата серија.
Мислам слабо аналитички се муабетеше, подје8авања има напретек.
Како и да е нема потреба од некоја детална анализа, играта на Феникс е едноставна: Правење гужва во рекет и обложување дека Лејкерс не можат да ги убијат со шут од далеку... Засега опкладата ја добиваат, а не гледам многу што може да се смени и понатаму без шут од далеку и без Ентони Дејвис (кој и да игра вечер ќе игра прилично повреден).
Стартерите КЦП, Шрудер, и Морис... Колку кошеви погодија?
Еден... Еден кош од катаљарда шутови, и тој еден беше првиот кош на утакмицата (Морис тројка).
Во втора четвртина само 10 поени.
Што повеќе да се каже? Кој тим ќе победи со стартери кои шутираат 1 од катаљарда?
Лејкерс се први во лига по градење ситуации со чист шут за тројка. Најмногу заради удвојувањата на Леброн и центрите. Ама што со тоа кога нема кој да шутира?
Вака, ако некако макар еден не-Леброн Лејкерџија се рашутира, Лејкерс можат да ја земат не само 6тава утакмица, туку и серијата, дури и без АД.
Само тешко тоа.
Криво ми е што ќе се топори тој мајмунот Крис Пол... Ама ај ќе видиме вечер, уште не е готово (барем додека не запее дебелата).
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)