Леле Леброн
![Facepalm :facepalm: :facepalm:](http://forum.kajgana.com/styles/default/xenforo/emot/facepalm.gif)
На 6 мин пред крај таман стигнаа на - 10 зема искочи 2 минути за да ОДМОРЕЛ и им направија 20 разлика. Какво путенце лелелеелелел, од оној тип на луѓе што и на 40 години ја бараат мамичка да им плати сметка за струја у банка.
Разбирам и повреди и се ама резил е изданието на Лејкерс без Дејвис, срам, дно. Не го разбирам Кузма, со оние предиспозиции да играш како Адем Мекиќ е стварно греота. Но, доволно е да му влезете на инстаграм профилот и ќе знаете за каква личност се работи. Се да му ебам што си има.
Многу ме занимаше како би изиграле ЛАЛ и Нетс у финале али мртвиот и стаклен Дејвис заеба работа. Нема везе, Феникс баш добро изиграа и скроз ги искористија слабостите на Лејкерс, у напад ги уништија со централен пик меѓу Пол и Ејтон, од таму и бројот на погодени тројки на Феникс. Само не знам од каде идејата на Вогел пикот да го бранат народски кажано "испод блок", особено кога пикот го игра Букер, топ 10 шутер у лигата... На таков играч или агресивно се оди од страна на центарот, што се вика да го избркаш подалеку од кош или се удвојува. И многу други нејасни работи имаше али небитно, Феникс заслужено се понатаму. За Денвер и Далас ќе се навива од сега натака и секако Бруклин да не освои.
![Зелен :D :D](/styles/default/xenforo/smilies/biggrin.png)