НБА сезона 2015-2016

Како ќе заврши серијата?

  • Вкупно гласачи
    67
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
23 август 2010
Мислења
38.294
Поени од реакции
108.412
Другар колку си грешка, сегде се води дебата Данкан - Мелоун најдобра 4ка на сите времиња, дури и повеќето му даваат предност на Данкан. И тоа како е пред Коби.
Ајде појасни како е пред Коби според тебе? Мислам, глупи се овие муабети бидејќи споредуваме двајца дијаметрално различни играчи, на различна позиција со различен пристап на играта. Само некако Данкан и Коби играа во скроз различни тимови, првиот во тим каде преовладува тимската игра и нема изразити ѕвезди, а Коби во тим каде тој е лидер и тој ги држи сите конци, или пак со уште некој (Шек, Пау).
 
Leo Bonnie

Кад се врате скитнице
Член од
20 декември 2008
Мислења
4.449
Поени од реакции
5.456

Подобар лидер е Тим, тимски играч кој нема толкаво его и тимот му е на прво место. Многу поефикасен играч, не троши толку многу топки, поефикасен е. Исто така и подобар дефанзивец. Секако дека се глупи муабетите и неспоредливи но кога би имал шанса да бирам меѓу Данкан и Коби на 19 години би го одбрал Данкан како темел на екипата.
 
Се е во ред ама подобар лидер Данкан? Некако не можам да се сложам со ова, али добро, секој со свое мислење.

Него, вечер Јута против ГСВ, заебано гостување за Вориорси, ако и тука не паднат ондак упм нек се носат, 82-0 ќе имаат. :D
 
Leo Bonnie

Кад се врате скитнице
Член од
20 декември 2008
Мислења
4.449
Поени од реакции
5.456
Се е во ред ама подобар лидер Данкан? Некако не можам да се сложам со ова, али добро, секој со свое мислење.

Него, вечер Јута против ГСВ, заебано гостување за Вориорси, ако и тука не паднат ондак упм нек се носат, 82-0 ќе имаат. :D
Освен вечер и во Торонто не гледам каде може да паднат следните утакмици, рекордот на Лејкерс од 33 победи е реален. Секако и распоредот е на страна на Голден Стејт, немаат изиграно ни со Оклахома, Спарс ни Кливленд.
 
Дим4е

NZT-48, want some?
Член од
24 октомври 2007
Мислења
7.248
Поени од реакции
8.335
Се е во ред ама подобар лидер Данкан? Некако не можам да се сложам со ова, али добро, секој со свое мислење.

Него, вечер Јута против ГСВ, заебано гостување за Вориорси, ако и тука не паднат ондак упм нек се носат, 82-0 ќе имаат. :D
Да подобар лидер е. И двајцата имаа среќа да ги водат тренеришта ама се разликуваат во тоа што на Коби во прајмот на кариерата му носат готови играчи, а кај Тим се носат играчи од цел свет кои се пронаоѓаат во системот на Спарс. Тони, Ману и Кавај почнуваат кариера во Спарс. Таков пристап да се има при градењето на тимот на Коби не верувам дека би имал исти успеси, а не би ни останал во една иста франшиза цела кариера.
 
Член од
18 септември 2011
Мислења
5.432
Поени од реакции
5.555
За мене најголем, раме уз раме со MJ23 иако остана краток за еден прстен...знам дека некои нема да се сложат, али има и некои други работи... истите тие заради кои Ален Ајверсон увек ке биде класа играч за Ајзеа Томас, Денис Џонсон, Џејсон Кид и остали великани кои имаат титула во џебот.

Коби увек водеше војна против сите, заколнат антиконформиста кој не се плашеше еден ESPN да го нарече дека е група од идиоти, го болеше курац дали му се допаѓа некому или не, никогаш не ќутеше на провокациите, едноставно да биде медијски кул лик...

Џордан дојде во НБА како потполно формиран играч и маж со 21 година, додека Коби имаше 18, неговиот прв договор го потпишаа Џо и Памела Брајант, затоа што тој беше малолетен.

Коби слети во Лејкерси, од кои секогаш се очекува напад на титула, имаа 11 таа 1996 година, кога дојде притисокот беше огромен. MJ почна во булси кои беа во подрумот на лигата, не беа освоиле титула никогаш а никогаш и не беа влегле во финале и никој ништо не очекуваше од нив, така да притисокот беше помал.

Коби со 18 мораше да се бори со Еди Џонсон, Ник Ван Ексел, клупската легенда Скот кој дојде да се опрости,Себалос и искусниот Керси за минутажа и оттаму не можеше на мира да се кали како играч...секој негов потег беше под лупа. На сетоа тоа Лејкерси го доведоа и најдоминантниот центар во лигата посте Вилт..кој беше веќе прв стрелец во лигата и околу него беше граден тимот.

Во најдобрите години имаше само еден добар играч - Одом, додека остатокот на тимот го сочинуваа Брајан Кук, Лук Волтон, Смуш Паркер, Кваме Браун, Слава Медведенко, Рони Туријаф, Морис Еванс...

Правдата сепак се задоволи 2009 и 2010 со помош на Пау и Бајнам. Да не беше шутерското лудило на Далас ах...веројатно ке го закачеше и шестиот...

Брајант нема да ја заврши кариерата 2016..

Ја заврши на 12 април 2013 против Вориорс кога му пукна Ахиловата тетива.

Никако поинаку нема да го памтиме ликот со 5 нба титули, човек со 81 поени на утакмица, кој имаше муда до колена кога се одлучуваше мечот ..

Можеше и да не го прифати оној луд договор од Бас и Купчак од 25 милиони, но сепак Коби е его манијак и не дозволи да биде 2 или трета опција во тимот...

Како би рекле Американците - Fathers time remains undefeated...
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.313
Поени од реакции
6.541
Мислам дека попусто го гледате распоредот во однос на тоа кога ќе изгуби Голден Стејт. Апсолутно не мора да значи дека ќе изгубат против јака екипа - може да биде и против слаба (впрочем најблиску беа против Бруклин). Ќе изгубат тогаш кога ќе влезат премногу опуштено во натпреварот и/или нема да им оди шутот.

Што се однесува до Данкан vs. Коби не велам дека е голема разликата, но јас мала предност му давам на Данкан. Неговата неверојатна констатност едноставно го одвојува од било кој играч во историјата.

Олајџувон па донекаде разбирам субјективност, ама Данкан со сигурност е смешно да иде пред Коби, а на многу листи го гледам како е фаворизиран.
Лик од сенка никогаш критикуван, а веќе грубо кажано 5/6 години не е ни топ 5 на негова позиција у НБА... but everbody likes Timmy.:rolleyes:
Најголем апсурд ќе беше на база на симпатии пред 2 години ако му дадеа МВП на финалето.

Eдни добри 50% од бројките му се заради тоа што играше за најстабилната франшиза у НБА.
Голем играч е, не викам не, ама не е у топ 10 all time NBA.
Ова за мене е несфатливо. Никој во историјата не бил толку добар во своите доцни 30ти како што е Данкан. Коби од друга страна е помлад а едно 3-4 години е негативен играч кој повеќе му штети на екипата отколку што му помага. Данкан од друга страна дури и во своите доцни 30ти успеа да биде меѓу најдобрите 20тина играчи во лигата, нешто што никој не го направил...

А и да не заборавиме дека во неговиот ек, во почетокот на 2000тите имаше врвни сезони какви што ретко кој имал некогаш. Тие всушност се клучните сезони зошто Данкан за мене е на таа листа. Плус веројатно е втор најдобар дефанзивен играч во историјата после Бил Расел.
 
W

wicked_1

Гостин

Коби на 34 ја одигра најдобрата сезона од неговата кариера, практично на тие години доминираше во НБА а и годините претходно нонстоп беше у трка за МВП, нешто што Данкан не го прави одамна т.е подобро погледнеш Данкан нема ни дојдено до 20 поени просек повеќе од 10 години, оваа е некаде пола од неговата кариера - која у голем дел му ја носеше Паркер, посебно у плејоф. Затоа и сметам дека Биг фундаментал е хајпнуван у медиумите.
Никој од играчите у топ 10 што ќе ги пишеш го немал луксузот на Данкан да одмара 20утакмици по сезона а екипата да носи резултати, сите други беа доминантни играчи кои гребеле по терен и кои сезона за сезона претендирале за МВП и топ скорери, како Џордан, Биг О, Џабар, Меџик, Б'рд, Олајџувон итн., дури и еден Гарнет. Затоа и не го ставам у друштво на овие.
Значи збориме за индивидуални квалитети и оставштина на поединци у НБА па ги рангираме врз основа на тоа, не за тимски успех и клубско работење.

Дефанзивно ако го рангираш како ПФ не го ставај со центар како Расел, Данкан на таа позиција никако не би можел/можеше да чува играчи како Џабар, Шек, Олајџувон, Јуинг итн.

@Дим4е Данкан беше донесен у Спарс у друштво на Робинсон, Шон Елиот и Ејвори Џонсон, ама овие се за тебе изгледа просечни играчи
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.294
Поени од реакции
108.412
Да подобар лидер е. И двајцата имаа среќа да ги водат тренеришта ама се разликуваат во тоа што на Коби во прајмот на кариерата му носат готови играчи, а кај Тим се носат играчи од цел свет кои се пронаоѓаат во системот на Спарс. Тони, Ману и Кавај почнуваат кариера во Спарс. Таков пристап да се има при градењето на тимот на Коби не верувам дека би имал исти успеси, а не би ни останал во една иста франшиза цела кариера.
Брат, во прајмот Коби играше со Крис Мим и Смуш Паркер, не ме јеби. Данкан цел живот е со Ману и Паркер, а претходно и со адмиралот. Не е баш и дека Данкан имал лоши тимови, впрочем кој играч може со ужасен тим да освои титула?
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.313
Поени од реакции
6.541
Коби на 34 ја одигра најдобрата сезона од неговата кариера, практично на тие години доминираше во НБА а и годините претходно нонстоп беше у трка за МВП, нешто што Данкан не го прави одамна т.е подобро погледнеш Данкан нема ни дојдено до 20 поени просек повеќе од 10 години, оваа е некаде пола од неговата кариера - која у голем дел му ја носеше Паркер, посебно у плејоф. Затоа и сметам дека Биг фундаментал е хајпнуван у медиумите.
Никој од играчите у топ 10 што ќе ги пишеш го немал луксузот на Данкан да одмара 20утакмици по сезона а екипата да носи резултати, сите други беа доминантни играчи кои гребеле по терен и кои сезона за сезона претендирале за МВП и топ скорери, како Џордан, Биг О, Џабар, Меџик, Б'рд, Олајџувон итн., дури и еден Гарнет. Затоа и не го ставам у друштво на овие.
Значи збориме за индивидуални квалитети и оставштина на поединци у НБА па ги рангираме врз основа на тоа, не за тимски успех и клубско работење.

Дефанзивно ако го рангираш како ПФ не го ставај со центар како Расел, Данкан на таа позиција никако не би можел/можеше да чува играчи како Џабар, Шек, Олајџувон, Јуинг итн.

@Дим4е Данкан беше донесен у Спарс у друштво на Робинсон, Шон Елиот и Ејвори Џонсон, ама овие се за тебе изгледа просечни играчи
Мислам дека затоа што Данкан веќе подолго време има минутажа од по 30 минути по натпревар (а не 35-38) ти влијае врз размислувањето. Впрочем таквите големи минутажи се повеќе се напуштаат наскоро никој нема да игра повеќе од 34-35 минути по натпревар заради интензитетот со кој се игра денес во споредба со порано. Инаку Данкан никогаш во кариерата не пропуштил 20 натпревари. Неговото "одмарање" е повеќе медиумски трик отколку што е реално. На цело тоа "одмарање" минатата сезона на ример одигра 77 натпревари во регуларна сезона.

Како прво Данкан никогаш не бил класичен "scorer" напротив бил многу покомплетен играч кој како дел од пакетот кој го нудел било постигнувањето на доста поени за својата екипа (а во принцип никогаш и не бил под 20 поени на 36 минути). Што се однесува за одбраната, подобар играч од Данкан за одбрана на тие центри кои ги наведе нема ни да најдеш (освен како што кажав Бил Расел). А инаку воопшто не се замарам јас со тоа PF или C. Сосема сеедно е. И двете позиции ги играл низ кариерата и во принцип самата позиција нема никаква врска со тоа колку добар дефанзивец бил (макар што факт е дека внатрешните играчи се за нијанса поважни во одбрана од надворешните, особено во денешното време на "pace and space"). А да не зборувам што одбраната е многу повеќе од едноставно чување на противничкиот играч кој игра на таа позиција (пр. противничкиот центар).

20 години Сан Антонио има елитна одбрана и срцето на таа одбрана е Данкан. Освен Робинсон во првите 2-3 години и Леонард во последните 2-3 во сите останати не ни имал некој друг елитен дефанзивец до него (да не се лажеме Паркер и Џинобили се пред се офанзивни играчи, особено Паркер).

Што се однесвуа до класичните елитни статистики во сезона слободно разгледај ги неговите статистики од 2000-2005та...
 
Остај тоа покомплетен играч, тимски играч итн.. Збориме за најдобрите кошаркари кои го играле спортов, индивидуалните статистики и индивидуалните скилови на играчите мора да бидат критериум кога рангираш некого во топ 10 all time.
Данкан не доминира повеќе од 10 години во лигата - тоа е факт, а тоа е за малце пола од неговата кариера. Ниту еден ваков друг пример нема од тие елитни топ 10 играчи кои ги напиша.

Данкан е на хартија PF, де факто е центар веќе многу години, ама не беше играчот што чуваше центри-тешкаши на 5тка, затоа и Попович носеше шотблокери со цел да му олесни терет.
Нејќам да звучам како кобитард, ама Брајант нонстоп ги чуваше најсилните противнички опции на 2ка и 3ка, без исклучоци.

Според мене освен Расел, подобри дефанзивци од него се Робинсон, Олајџувон, Јуинг, Морнинг. Ако гледаме дури Олајџувон и дефанзивно и офанзивно е подобар од Данкан.

Тие 20 години одбраната е сет на Попович кој е мастермајнд у ова, Данкан е дел од неговиот систем, па нормално е битна алка.
 
Член од
24 октомври 2014
Мислења
2.803
Поени од реакции
2.446
Seriozno Kobi so Duncan najdovte da gi sporeduvate ?! pa aj ako ne i Shaq so Fisher da go sporeduvame ?
 
Член од
1 септември 2014
Мислења
5.148
Поени од реакции
7.850
За мене најголем, раме уз раме со MJ23 иако остана краток за еден прстен...знам дека некои нема да се сложат, али има и некои други работи... истите тие заради кои Ален Ајверсон увек ке биде класа играч за Ајзеа Томас, Денис Џонсон, Џејсон Кид и остали великани кои имаат титула во џебот.

Коби увек водеше војна против сите, заколнат антиконформиста кој не се плашеше еден ESPN да го нарече дека е група од идиоти, го болеше курац дали му се допаѓа некому или не, никогаш не ќутеше на провокациите, едноставно да биде медијски кул лик...

Џордан дојде во НБА како потполно формиран играч и маж со 21 година, додека Коби имаше 18, неговиот прв договор го потпишаа Џо и Памела Брајант, затоа што тој беше малолетен.

Коби слети во Лејкерси, од кои секогаш се очекува напад на титула, имаа 11 таа 1996 година, кога дојде притисокот беше огромен. MJ почна во булси кои беа во подрумот на лигата, не беа освоиле титула никогаш а никогаш и не беа влегле во финале и никој ништо не очекуваше од нив, така да притисокот беше помал.

Коби со 18 мораше да се бори со Еди Џонсон, Ник Ван Ексел, клупската легенда Скот кој дојде да се опрости,Себалос и искусниот Керси за минутажа и оттаму не можеше на мира да се кали како играч...секој негов потег беше под лупа. На сетоа тоа Лејкерси го доведоа и најдоминантниот центар во лигата посте Вилт..кој беше веќе прв стрелец во лигата и околу него беше граден тимот.

Во најдобрите години имаше само еден добар играч - Одом, додека остатокот на тимот го сочинуваа Брајан Кук, Лук Волтон, Смуш Паркер, Кваме Браун, Слава Медведенко, Рони Туријаф, Морис Еванс...

Правдата сепак се задоволи 2009 и 2010 со помош на Пау и Бајнам. Да не беше шутерското лудило на Далас ах...веројатно ке го закачеше и шестиот...

Брајант нема да ја заврши кариерата 2016..

Ја заврши на 12 април 2013 против Вориорс кога му пукна Ахиловата тетива.

Никако поинаку нема да го памтиме ликот со 5 нба титули, човек со 81 поени на утакмица, кој имаше муда до колена кога се одлучуваше мечот ..

Можеше и да не го прифати оној луд договор од Бас и Купчак од 25 милиони, но сепак Коби е его манијак и не дозволи да биде 2 или трета опција во тимот...

Како би рекле Американците - Fathers time remains undefeated...
Се е на место и убаво кажано, ама дека Ален Ајверсон е класа над Ајзеа .....
 
Член од
19 март 2011
Мислења
12.813
Поени од реакции
14.161
Да не цитирам сега треба рано да станувам сабајле.

Во споредбава со Коби-Данкан би направил една паралела со фудбалот, односно Гигс - Меси/Роналдо. Многу слични кариери имаат, да не кажам исти. И двајцата припаѓаат на тимови кои што си тераат своја философија и имаат тренеришта кои што ги водат по 20+ години. Двајцата се огромни легенди на својот тим и општо спортот што го играат. Играат од најрана до најзрела возраст на високо ниво за тимот и ретко се случува да имаат лош ден. Лидери на терен/паркет ама никогаш го немале тој X-фактор во себе да бидат СУПЕРѕвезди како Коби и Меси на пример.
Данкан и во најдобри денови нема давано толку поени како Коби на постари години. Не само поени, туку и како главна алка во тимот од кого зависи се. Додека Тими можел да има скратена минутажа или пак да не ни игра воопшто тоа го нема кај Коби. Се знае додека е здрав и може да игра, се тера нема многу калкулирање.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom