- Член од
- 5 април 2013
- Мислења
- 3.311
- Поени од реакции
- 6.533
Тренинг кампот започна, што ефективно значи и дека новата сезона практично почна. Растрчани и испотени двометраши насекаде. Од битки за да се биде дел од "елитните 15", преку битки за минутажа па се до уигрување на таа последна варијанта од акцијата која во Јуни може да доведе до титула - многу нешта се одлучуваат сега.
Сезоната започнува со големи очекувања. Како можеби никогаш досега се создаде една елитна група на 7-8 тимови кои би требало да бијат жестока борба за титулата и еден куп зад нив во битка кој побрзо до врвот... или до дното. Со цел добро да ја почнеме сезоната еве една кратка анализа по конференции.
Исток
Елитни екипи: Кливленд
Единствен елитен тим на Истокот реално е Кливленд. Леброн и компанија се веројатно први фаворити за пол позиција пред плејофот во цела лига. Прашањето е само како ќе ги реинтегрираат Irving и Love по повредите.
Плејоф екипи: Атланта, Чикаго, Мајами, Торонто и Вашингтон
После Кливленд ова се 5те екипи кои ако немаат фатални повреди би требало да се пласираат во плејофот. Атланта, Чикаго и Мајами имаат шанси и да бидат елитни, но многу работи треба да им тргнат од рака. Атланта да покже дека нема да им падне обраната без Carroll, Чикаго па ќе зависи во многу нешта од формата на Rose, а Мајами од целосната непознаница од то како ќе функционира нивната потенцијано смртоносна стартна постава. Торонто и Вашингтон стандардни 45-50 победи.
Блиску до плејоф, поблиску до дома: Милвоки, Шарлот, Детроит, Индијана, Бостон, Орландо, Њујорк
Како и секогаш убедливо најголемата група на истокот. Многу екипи со плејоф аспирации, малку квалитет и места. Милвоки треба да ги оправда очекувањата со многу млад состав. Шарлот се засили со шутери но дали ќе им издржи одбраната. Детроит ќе проба да го глуми Орландо ор минатата декада. Индијана и Бостон фантазираат за некакви тимски креативни модерни варијанти, но се ми се лини дека лошо ќе минат сезонава. Њујорк ќе биде подобар но дали ќе остане Мело до крај на сезоната. Ќе може ли Орландо таа група на супер талентирани деца да ги претвори во екипа. Многу прашања помалку одговори.
Здраво лотарија! Филаделфија и Бруклин
Овојпат оваа група е доста кратка на Истокот но како и секогаѓ веројатно брзо ќе се прошири. Од Филаделфија се очекува мал напредок со една од најмалдите екипи во историјата. Од Бруклин се очекува машина за патување низ времето, бидејќи немаат шанси ниту за пик ниту за резултати,
Запад
Елитни екипи: Голден Стејт, Сан Антонио, ЛА Клиперс, Хјустон, Оклахома Сити
Ауу каква конкуренција. Е тука ќе се води вистинската битка. Голден Стејт супер силен со доволно млада екипа да биде при врвот во следните 5 години. Сан Антонио повторно во едно ново на никого нејасно издание со Aldridge. Клиперс во last resort варијанта со еден куп бивши ѕвезди. Хјустон со дополнителна ширина и подобро здравје. И ОКЦ со огромен потенцијал и досега малку егзекуција. Многу различни филозофии, различни стратегии, многу ѕвезди. Но само еден на тронот. Кој ќе видиме. Сите имаат реални шанси.
Плејоф екипи: Њу Орлеанс, Мемфис
Њу Орлаеанс ќе продолжи да напредува со новиот тренер на крилата на Дејвис. Мемфис е на граница на елитен тим но некој ќе мора да се задоволи со 5-6 место на западот.
Блиску до плејоф, поблиску до дома: Јута, Далас, Сакраменто
Ќе има навистина жестока борба за тоа 8мо место но не меѓу пола конференција како што многумина мислат. Се ми се чини дека само овие 3 имаат шанси. Фаворит според мене младата и опасна дефанзивна Јута. Сакраменто може и тотално да се распадни, но ми се чини дека позитивно ќе изненадат и покрај тоа што имаат ростер кој не е добро вклопен.
Здраво лотарија: Портланд, Денвер, Феникс, Минесота, Лејкерс
Изненадувачки но очекувам оваа група да биде поголема од вообичаено. Некои од овие екипи се на ранг на оние од погорното ниво на истокот но на западот едноставно немаат никакви шанси за плејоф и сакале или не ќе се фокусираат на младите играчи. На Портланд, Денвер и Минесота тоа им е јасно, на Феникс и Лејкерс ќе им стане јасно.
Мислам дека е ова доволно за почеток. Спремни сте за нова луда сезона? Ако сте, навалете со мислења А во меѓувреме може и да гласате, за тоа која екипа ќе биде најнапредната сезонава.