НБА сезона 2015-2016

Како ќе заврши серијата?


  • Вкупно гласачи
    67
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
G

garthok

Гостин
Им се одрази што го бркаа рекордот, не може и тоа и тоа да бркаш голем напор е, се губи физичката спремност, сила, фокус, повреди... а суров е светот, еве Томпсон ќе биде повеќе запамтен како играч што потфрли него одличната сезона што ја имаше
 
Член од
5 јуни 2015
Мислења
696
Поени од реакции
445
Им се одрази што го бркаа рекордот, не може и тоа и тоа да бркаш голем напор е, се губи физичката спремност, сила, фокус, повреди... а суров е светот, еве Томпсон ќе биде повеќе запамтен како играч што потфрли него одличната сезона што ја имаше
Мое мислење е дека доколку во 7 натпревар играше Богут а не играше Кари може и ќе победеа Вориорси.
Богут е сила во рекет, смешно беше како Леброн во рекет покрај Спејтс и Езели поминува.
А на местото на Кари поголема минутажа ќе имаа Ливингстон и Барбоса кои немаше да форсираат со шутеви, повнимателно ќе трошеа шутеви и ќе асистираа.
Кари само 2 асистенции имаше во 7 натпревар, 2 асистенции имаше еден Џ.Р Смит, и Клеј Томпсон само 2 асистенции и потроши многу шутеви. Со Кари и Томпсон Голден Стејт наликуваше на репрезентацијата на Македонија кога и нашите само шутираа тројки.

Но тоа е се хипотетика, што би било кога било. Блиску сум бил во анкетата,гласав Вориорс да победи со 4-3.
 

the_kop

Модератор
Член од
14 јануари 2011
Мислења
10.432
Поени од реакции
13.558
hqdefault.jpg

Уште една НБА сезона е позади нас. Се изнагледавме квалитетна кошарка, се изнадискутиравме на темава, која е една од најпосетените досега на подфорумов. Бевме сведоци на рекордот на Голден Стејт од 73 победи и 9 порази, но исто така бевме сведоци на првата екипа во историјата на НБА која во финалињата успеала да се врати од 3-1 негатива и тоа токму против (статистички) најдобрата екипа во регуларниот дел на првенството во историјата на НБА. Честитки до Кавси на потполно заслужената титула!
Со оглед на тоа што започнува офсезоната, во четврток е драфтот и започнуваат муабетите за трејдови и потпишувања на играчи, оваа тема оди под клуч а "во сила стапува" темата за драфт, трејдови и шпекулации.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom