Solid
Зона на самракот
- Член од
- 26 август 2007
- Мислења
- 7.174
- Поени од реакции
- 4.132
Напуштање на пасивната толеранција и примена на далеку поактивен либерализам, предлага британскиот премиер, нагласувајќи дека доктрината на мултикултура само ги раздвојува луѓето и создава изолирани заедници кои се однесуваат спротивно од суштинските британски вредности.
"За да се заштити од екстремизмот, на Кралството му треба посилен национален идентитет," порачал Камерон на безбедносна конференција во Минхен, во своето прво обраќање на оваа тема откако е дојден на власт.
Премиерот од своите луѓе бара кратење на средствата за дел од муслиманските групи, кои според него, по затворите и универзитетите во Британија шират екстремни пораки.
"Ајде соодветно да ги судиме овие организации: дали веруваат во универзални човекови права, вклучувајќи ги жените и луѓето од друга вера? Дали веруваат во еднаквост на сите пред законот? Дали веруваат во демократија и правото на луѓето да ја изберат сопствената власт? Дали ја храбрат интеграцијата или сепаратизмот?," прашува конзервативецот.
Покрај тоа што Камерон го разграничил Исламот како религија од исламскиот екстремизам како политичка идеологија, муслиманските групи од Островот сметаат дека со укажувањето на нивната заедница, Камерон само ја подржува хистеријата и паранојата.
"Британските муслимани се гадат од тероризам и екстремизам и ние сериозно работевме на искоренувањето на ова зло од нашата земја. Но да сугерирате дека не се залагаме за толеранција, почит и слобода е крајно навредливо и неточно," вели Мохамед Шафик, директор на фондацијата Рамазан.
Со него се сложуваат и други претставници на муслимански организации во Британија, кои разочарани од Владата на Камерон, оценуваат дека владејачката гарнитура не изменила ништо во стратегијата за борба против екстремизмот.
И германската канцеларка, Ангела Меркел, во сличен тон неодамна оцени дека мултикултурниот концепт, по кој различните луѓе требаше среќно да живеат еден крај друг, комплетно пропаднал.
http://on.net.mk/default-MK.asp?ItemID=BAB92CB2622EEA4DAC2B0A39ED5DBCC3