Мислам дека горе доле, веќе се дадени сите коментари за каков бенд е Архангел, па јас ќе споделам дел моите лични впечатоци и искуства од нивната музика.
Архангеливе првпат ги чув некаде почеток на средно, у парк, на гитара, со некое ефтино лошо вино во рака, кое на времето чинеше 45 денари. Знам уште првото слушање на нивна песна, изведувана од не толку талентирано мое другарче, ме заинтересираа кои се и што се. Па барав касети по другари и другарки, па ги преснимував истите и ги убивав од слушање, на едно старо црно радио кое го расипав од премногу вртење, на тие истите преснимени касети. И тоа беља работа, не можев да најдам цел албум од нив за да го слушнам од почеток до крај. Песните беа селектирани, хитовите од нив кои беа најпопуларни, Милион долари, Хард кор, Убермакедонишен, Чудесен свет, Разговор без смисол итн итн...
Се сеќавам пламенот во срцето, ни беше камен во бубрегот.

Средното ми помина без никаква чуена и посетена свирка, концерт во живо од нив. Ама сепак си ги сакав, во меѓувреме си ги бев набавила албумите кои до тогаш ги имаа издадено, преслушани од почеток до крај, по не знам колку пати. Обожавав да ги слушам, некаде пред изгрејсонце, оптегната на тераса, правејќи си филмови у глава и забегувајќи на зборовите од песните. По милионити пат.
Е на факултет кога дојдов беше друга приказна. Архангел ваму настап, јас таму. Не ги пропуштав скоро никаде, каде и да имаа настап. Се сеќавам на концертот каде картите ги продаваа со зелени маички. Уф како добро си поминав тогаш. Дали беше до нив, дали беше до мене и до количината на алкохол која ја испив таа вечер, не знам, ама прекрасно си пројдов. Последниот концерт на саем кој им беше, ми беше малку полајтерски, ама пак добро си поминав.
Искрено ми фалат нивните звуци во живо, нешто начув годинава пак да не ќе правеле концерт. Вистина е?!
Давајте информации ако знае некој нешто.
Не ми се допадна нешто посебно последниот албум, како да ми беа излезени од колосек некако со песните кои ги имаа таму.
И за крај ве оставам со мојата омилена од нив...