...ИЧ мислам дека кон Архангел си непотребно толку злобен. Ако гледаме така ко ти, мене па Санаториум не ми се ништо појќе од Архангел, а на светско ниво се просек. Може далеку и од тоа.
Глеаш ц, не бива таква перцепција. Лабилен аргумент.
Да, има разлика наше, има разлика у свет. Продукција да речеме? Пари мејби? Ако гледаме така ко ти, сите наши бендови се далеку од просек на светско ниво.
Пандев не е најдобриот фудбалер на свет, ама пак сите го славиме, нели?
Архангел џанаци нели нагласе. Ам шо у Санаториум на нутела да не се? А и колку ми е битно шо се знаиш, ич. Туку дека аргументите ногу ти држат.
Башка твоите Санаториум и Архангел имаа ми се чини на некој таксират заеднички настап (неколку песни). Санториум пееа песни на Архангел, овие нивни ( тоа при смената на бендови на сцената). И негуваат заемен респект едни кон други.
Плукај слободно по Архангел, ама понуди ми други аргументи
Муабетот ти е канта and you know it. осеќам дека си пијан.
башка прашањето: кој е добар македонски бенд, на кое одговорив Санаториум.
не знам од кај заклучи дека јас сум некој нивни фан, па уште ми уфрли дека заедно свиреле со Арангел Михаел. гајле ми е ако Перо Шпирт и Рики Вртески си ги имале разменето жените, if any.
Санаториум се добар мак бенд, исто и Мизар и Архангел. И завршува тука приказната. Меѓу толкав неквалитет, извираат тие (додуша бар она што го праат санаториум е ОК во споредба со големтие браќа на светско ниво, ко Хелоуин на пример)
Верувам дека има куп добри бендови од Централно Афричка Република.
Јас нема да ги слушам и ценам по некои потесни критериуми (башка паралелата со пандев ти го сврте муабетот кон мојот), само затоа што се македонци.
Јас кога слушам музика не се интересирам под кои услови твореле, кои се социо - економските и геополитичките карактеристики на нивната држава или слично. Еден критериум за сите, дали од Јуесеј дали од Србија.
или ми пасираш и чиниш или не.
„Абе брааат тетовирање најјак филм е“
- абе седи, глеј канта продукција, канта камера, тон, се е канта“
- Абе братм, за то време, шо сакаш, плус македонски е“
Да, Стенли Кјубрик пред 40 години не праеше филмој
Или Лед Цепелин на поарна опрема снимаа ко беа New Yardbirds.
Зошто Македонија да биде олеснителна околност кога вреднуваме квалитет.
П.С. Санаториум безразлика дали се на Нутела или кокаин, не важат како бенд од типот
„еј браат, ко го пишел ова, сигурно на тешки дроги е биден, колку е јако еееј закон алал да му е“