Aj jaс да се осмелам да напишам нешто за омилениот бенд.
Да тргнам од старт дека се потценет бенд, не мислам така. Во денешно време лека полека имаме појава на бендови кои попримаат од нивниот стил, што е еден од основните показатели дека влијанието на овој бенд ќе го почувствуваме и во иднина низ останати имиња кои ќе се занимаваат со музика. Ако разговараш со страствен љубител на класик рок, тука може да дојдеш до несогаслување од едноставна причина што не му влегува во стилот и вкусот кој го практикува. Од тоа што сум заприметил(ќе го спомнам фејсбук), голем дел од музичарите кои ги имам во пријателчиња, овие нашинциве тука и некои од балканот па и од пошироко, ги слушаат, објавуваат, што по некоја логика им прават и нив мерак, без разлика дали свиреле панк, прогресив, блуз, џез, пост работи и слично, што значи дека и не мора да има ограничување во правецот.
Првите два албуми се сосема во ред, но по мое отскочната даска лежи во OK Computer. Да се останеше на претходните два албуми, ќе беа само супер-одличен алтернативен бенд со помалечко влијание, и не толку награди, успеси, восхити ширум светот. На најпознатата музичка страна(барем не сум сретнал друг податок за попозната) last.fm се рамо до рамо со Битлси во слушаност ширум светот, што искрено мене ме зачуди.
Нивната тежина и специфичност може да се препознае преку барање на сличен бенд, кој се занимава со слична тематика и истата ја пласира на сличен или идентичен начин. Од тоа што сум преслушал, засега не се погодил некој кој ќе ми ги задоволи овие апетити во поголема доза.
Кога ги почнуваат експериментирањата со електрониките, навидум можеби на прво слушање да создаваат тежина(јас не го помнам овој момент кај мене оти уште како многу мал го имав првиот контакт со бендов), но кога разговарам со луѓе на кои музиката им е основно занимавање, слушам ваков муабет понекогаш. Имав пример со другарче кое сметам дека е најдобриот тапанар во Македонијава на негова возраст, страшен талент кој го продолжи чколиото со музика, ми вика дај некој албум да преслушам. Кога го прашав за мислење ми вика, имаат ептен заебана музика, со чудна хармонија која на почеток ми беше тешка(а детево и класика бичи, Моцарт омилен) но се привикнав и сега се повеќе и повеќе како да ги засакувам. Е тој е отприлика одговорот кој почесто го имам сретнато кај луѓе кое стапиле во контакт со бендот.
Едно од најтешките прашања воопшто на кои немав одговор беше-Кој ти е омилен албум, која ти е омилена песна од бендот, која ти е најлоша и слично. Со секое преслушување сум менувал став, некогаш едниот повеќе легнува(л), некогаш другиот во зависност од моментот. И така еден ден ги пуштив сите со ред и дури слушав и уживав, пробав да ги подредам и си реков дека секогаш ќе практикувам да останам на тој став(иако да бидам искрен и до ден денешен можи да се случи да има префрлање од еден во друг во зависност од моментот кога го слушам).
Секоја песна дури ја слушам автоматски ме исфрла во друг свет, било да е планина со зеленило и една обична полуосветлена куќарка во која огнот тивко работи во некоја пригушна вечер каде тревата не се гледа, било да е тоа покрај некоја жуборлива рика, или пак некаде јавнат на некоја ѕвезда или комета, стојам или летам во бесконечноста. Секоја песна своја приказна. Ме почестува со мали искри имагинација при секое слушање, over and over again. Нешто кое со ниту еден друг бенд не го доживувам, нешто така оригинално, неповторливо само по себе. Кога и да пуштам, знам дека ќе добијам две невидливи раце кои ќе ме извртат за 360 степени, а со тоа и моето расположение.
Постојат многу бендови кои се сеедни, ги слушаш, ок се е и толку. Постојат бендови кои се глупи, досадни, ги избегнуваш. Постојат бендови кои ги сакаш, уживаш додека ги слушаш. Но постои за мене само еден бенд кој додека го слушам, ниту ми е сеедно, ниту ми е глупо и досадно, нити пак може да се кажи дека уживам, туку некое надискуство од минативе три спомнати, нешто кое единствено човек може да го искуси, ако му ја дам глава со сето размислување и гледање на оваа работа, да си постави слушалчиња и да осети.
Ако тргнам албум по албум ќе завршам работа. Ако постои опција да се најди заеднички, усогласен заклучок за тоа која е најлоша песна од бендов, само едно знам, со сигурност таа ќе биди подобра од 99 проценти активна сцена во времето кога е создадена и снимена. По мое видување, генијалноста на овој бенд ќе се осети како генијалноста на многу други претходно, по изминување на годините. Тоа ќе биде потврда за неповторливоста, а ние ќе бидеме среќниците кои ќе можат да се фалат дека биле живи кога овие чоеци растурале со музиката, како што малкумина можат да се пофалат дека ги зачекале Флојд наназад, во цутот на младоста.
Да завршам со омилената песна, оти нешто многу сум се запишал, а сепак не сум задоволен од напишаново оти чинам не постои пишан збор кој ќе ја отслика максимално убавината на овие музички прекраснотии.