Ај ќе бидам првиот што ќе пише нешто на темава, а не е голем фан на бендов. 
Иако Pablo Honey им е најхејтан албум, мене ми е сосем ок, како за деби албум е одличен, албум кој можам да го преслушам од почеток до крај, што за мене е показател на квалитет. Врвот, за мене, го имаат постигнато на The Bends и OK Computer, стварно не можам да одвојам кој ми е подраг, албуми кои го покажуваат целиот нивен талент и дарба за создавање на квалитетна и мелодична музика. Едни од поомилените албуми воопшто.
Е сега, експерименталните албуми што следуваат по Компјутерот е она што ме одвраќа од поголема љубов кон бендов ( иако единствената песна што сум ја постирал во темата за бендов е од тој период
). На албумите има неколку стварно добри песни, ама албумите како албуми и стилот што се обидуваат да го протнат, не може да ми влезе во уво никако, иако сум им дал шанса. Веројатно затоа што сум љубител на гитарска музика, првите три албуми ми легнале, експерименталкиве не и не.
Замерка им наоѓам и во тоа што во 90% од песните, темата им е меланхолија/депресија, ретко има живост во нивна песна, како и во гласот на Јорк.
Се согласувам дека се бенд кој не влага од прва во уво. Од лично искуство, првиот пат кога ги слушнав, во средно, ги отфрлив одма, ми беа спори и досадни. Потоа, преку сестра ми, на која и беа омилен бенд, повторно ги заслушав и ги засакав.
Не би рекол дека се олицетворение на тоа како треба да звучи алтернативниот рок, затоа што алтернативата има толку многу звуци и различни стилови, што не може да се поврзе со ниеден бенд.
Лично мене, бендов во топ 10 не ми е, во топ 20 сигурно.