Музичко име на тапет : Coldplay

Andrew

ќ
Член од
27 октомври 2011
Мислења
5.832
Поени од реакции
15.261
Слична на темата во подфорумот за Филм и ТВ, по консултација со еден од модераторите за музика, решив да отворам тема за дускутирање за некој музичар, бенд, оркестар и секој поврзан со музиката. Секое музичко име ќе се менува неделно доколку има достојна дискусија на темава. Коментирајте што сакате кај нив, што не сакате, кое дело најмногу ви се допаѓа, дали се преценети, потценети, дали имаат влијание во музиката..

Први на тапет ќе ги ставам Radiohead.


За мене еден од омилените бендови на сите времиња ако не и омилен. Еден од најдобрите во алтернатив рокот, а доста потценет бенд. Неминовно е дека оставиле трага во музиката, ама дали вреди да се спомнуваат како култен бенд? Дали имаат толкаво влијание спрема тој правец, дали тие се дефиницијата за алтернативниот рок? Кој им е најдобар албум според вас? Дали ги знаете само заради синглот Creep, дали навистина можат да се споредат со квалитетот на Пинк Флоид, Блек Сабат, Нирвана и сличните култни бендови? Ајде да го продискутираме можеби најдобриот бенд што уште е на сцената. :)

Листа на дискутирани музичари:
1.Radiohead; 2. Nirvana; 3. Pearl Jam; 4. AC/DC 5. Архангел; 6. The Beatles; 7. Joy Division; 8.Tool; 9.Nine Inch Nails;10;Pink Floyd 11.Porcupine Tree; 12.ЕKV 13.Iron Maiden 14.Мизар 15. Arctic Monkeys 16. Rammstein 17. Iggy Pop 18. Nightwish 19. Placebo 14. Morphine
 
Член од
2 октомври 2008
Мислења
3.434
Поени од реакции
7.286
Не би рекол дека се потценети. Популарни се, имаат добиено многу награди и номинации, музиката им е многу слушана и призната од луѓето...Не се ни преценети како и да е
Ако потценувањето е при споредба со легендарни групи како ПФ, Битлси, ЛедЗ или кои и да се, тогаш секоја група што ќе ја споредиш со тие е потценета.
Потценети се indie групите, оние групи што едвај имаат по пола милион гледаност на ЈТ, хипстерските...




creep the best <3
 

Anne.

~ Happiness In Slavery.
Член од
4 декември 2009
Мислења
4.628
Поени од реакции
10.284
Веројатно мислеше на тоа дека се потценети кај нас. :)
Ова е бенд кој што или го сакаш или го мразиш. Не на секого му се допаѓа нивното експериментирање и мумлањето на Том кога пее, плус песните им се потешки па ако ги преслушаш само еднаш може и да не ти легнат. :)

За мене се одличен бенд, еден од ретките кои можам да ги слушам во секое време. Секој што им ја има преслушано целата дискографија знае дека албумите им се комплексни и се приказни сами за себе. Многумина им го хејтаат првиот албум Pablo Honey, кој додуше им е најслаб, ама да бидеме реални не е лош, туку сосема просечен албум. Од сите албуми мене најмногу мерак ми прави OK Computer, кој што ми е еден од омилените албуми воопшто.

То би било то. Ќе завршам со омилената песна

п.с. одлична идеја за темава! (y)

едит: пошто Плух4е вика за да се пополни темава да ја ставам и оваа, дека го издвоив ОК С.
 
Член од
2 октомври 2008
Мислења
3.434
Поени од реакции
7.286


Рандом добра песна од албумите за да се наполни темава :D

In Rainbows:

Kid A:

Hail to The Thief:

OK Computer:

The Bends:
(sry, zaboraviv da stavam)

Amnesiac:

King of Limbs:

Pablo Honey:
n/a
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
И на никој не му текна да го тагни Io Sono Interista a? Страмота.

Рејдиохед незнам зошо али сакам да ги слушам во живо. И да ги глеам у живо. Опасен бенд за во живо.

Сакам кога бенд се дава целиот кога настапува во живо. Варијациите на гласот и малку шизофреничното мафтање на Том со глаата е прво нешто шо ми текнува кога ќе се спомнат Рејдиохед.
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.817
Aj jaс да се осмелам да напишам нешто за омилениот бенд.

Да тргнам од старт дека се потценет бенд, не мислам така. Во денешно време лека полека имаме појава на бендови кои попримаат од нивниот стил, што е еден од основните показатели дека влијанието на овој бенд ќе го почувствуваме и во иднина низ останати имиња кои ќе се занимаваат со музика. Ако разговараш со страствен љубител на класик рок, тука може да дојдеш до несогаслување од едноставна причина што не му влегува во стилот и вкусот кој го практикува. Од тоа што сум заприметил(ќе го спомнам фејсбук), голем дел од музичарите кои ги имам во пријателчиња, овие нашинциве тука и некои од балканот па и од пошироко, ги слушаат, објавуваат, што по некоја логика им прават и нив мерак, без разлика дали свиреле панк, прогресив, блуз, џез, пост работи и слично, што значи дека и не мора да има ограничување во правецот.

Првите два албуми се сосема во ред, но по мое отскочната даска лежи во OK Computer. Да се останеше на претходните два албуми, ќе беа само супер-одличен алтернативен бенд со помалечко влијание, и не толку награди, успеси, восхити ширум светот. На најпознатата музичка страна(барем не сум сретнал друг податок за попозната) last.fm се рамо до рамо со Битлси во слушаност ширум светот, што искрено мене ме зачуди.

Нивната тежина и специфичност може да се препознае преку барање на сличен бенд, кој се занимава со слична тематика и истата ја пласира на сличен или идентичен начин. Од тоа што сум преслушал, засега не се погодил некој кој ќе ми ги задоволи овие апетити во поголема доза.

Кога ги почнуваат експериментирањата со електрониките, навидум можеби на прво слушање да создаваат тежина(јас не го помнам овој момент кај мене оти уште како многу мал го имав првиот контакт со бендов), но кога разговарам со луѓе на кои музиката им е основно занимавање, слушам ваков муабет понекогаш. Имав пример со другарче кое сметам дека е најдобриот тапанар во Македонијава на негова возраст, страшен талент кој го продолжи чколиото со музика, ми вика дај некој албум да преслушам. Кога го прашав за мислење ми вика, имаат ептен заебана музика, со чудна хармонија која на почеток ми беше тешка(а детево и класика бичи, Моцарт омилен) но се привикнав и сега се повеќе и повеќе како да ги засакувам. Е тој е отприлика одговорот кој почесто го имам сретнато кај луѓе кое стапиле во контакт со бендот.

Едно од најтешките прашања воопшто на кои немав одговор беше-Кој ти е омилен албум, која ти е омилена песна од бендот, која ти е најлоша и слично. Со секое преслушување сум менувал став, некогаш едниот повеќе легнува(л), некогаш другиот во зависност од моментот. И така еден ден ги пуштив сите со ред и дури слушав и уживав, пробав да ги подредам и си реков дека секогаш ќе практикувам да останам на тој став(иако да бидам искрен и до ден денешен можи да се случи да има префрлање од еден во друг во зависност од моментот кога го слушам).

Секоја песна дури ја слушам автоматски ме исфрла во друг свет, било да е планина со зеленило и една обична полуосветлена куќарка во која огнот тивко работи во некоја пригушна вечер каде тревата не се гледа, било да е тоа покрај некоја жуборлива рика, или пак некаде јавнат на некоја ѕвезда или комета, стојам или летам во бесконечноста. Секоја песна своја приказна. Ме почестува со мали искри имагинација при секое слушање, over and over again. Нешто кое со ниту еден друг бенд не го доживувам, нешто така оригинално, неповторливо само по себе. Кога и да пуштам, знам дека ќе добијам две невидливи раце кои ќе ме извртат за 360 степени, а со тоа и моето расположение.

Постојат многу бендови кои се сеедни, ги слушаш, ок се е и толку. Постојат бендови кои се глупи, досадни, ги избегнуваш. Постојат бендови кои ги сакаш, уживаш додека ги слушаш. Но постои за мене само еден бенд кој додека го слушам, ниту ми е сеедно, ниту ми е глупо и досадно, нити пак може да се кажи дека уживам, туку некое надискуство од минативе три спомнати, нешто кое единствено човек може да го искуси, ако му ја дам глава со сето размислување и гледање на оваа работа, да си постави слушалчиња и да осети.

Ако тргнам албум по албум ќе завршам работа. Ако постои опција да се најди заеднички, усогласен заклучок за тоа која е најлоша песна од бендов, само едно знам, со сигурност таа ќе биди подобра од 99 проценти активна сцена во времето кога е создадена и снимена. По мое видување, генијалноста на овој бенд ќе се осети како генијалноста на многу други претходно, по изминување на годините. Тоа ќе биде потврда за неповторливоста, а ние ќе бидеме среќниците кои ќе можат да се фалат дека биле живи кога овие чоеци растурале со музиката, како што малкумина можат да се пофалат дека ги зачекале Флојд наназад, во цутот на младоста.

Да завршам со омилената песна, оти нешто многу сум се запишал, а сепак не сум задоволен од напишаново оти чинам не постои пишан збор кој ќе ја отслика максимално убавината на овие музички прекраснотии.

 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Абе требам да прогласувам у Ју-ве, а ме заигравте со темава.

Најјак стеротип за Рејдиохед шо сум го чул е дека они заедно со Масив Атак се на чело на листата бендови за дрогаши. Тоа дрогаши да го земеме у најширока смисла на зборот. Или ти треба нешо барем еднаш да ти ги отвори брчките на мозокот, за да почниш да ја восприемаш нивната енергија и генијалност.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.311
Поени од реакции
57.752
Секоја песна дури ја слушам автоматски ме исфрла во друг свет, било да е планина со зеленило и една обична полуосветлена куќарка во која огнот тивко работи во некоја пригушна вечер каде тревата не се гледа, било да е тоа покрај некоја жуборлива рика, или пак некаде јавнат на некоја ѕвезда или комета, стојам или летам во бесконечноста.

Да завршам со омилената песна, оти нешто многу сум се запишал, а сепак не сум задоволен од напишаново оти чинам не постои пишан збор кој ќе ја отслика максимално убавината на овие музички прекраснотии.

Тоа е тоа. Моќта на бендот е што може да те префрли од димензија во димензија, инстантно. Те носи каде што сакаш и секогаш на различно место. Песните се идеја, ти ја отвораат имагинацијата и те оставаат да ги доживееш на свој начин.

Where I End and You Begin и мене омилена песна, а богами и на beneamata.

Од албумите, OK Computer, Hail to the Thief и In Rainbows растураат, не дека другите помалку ги слушам ама овие 3 се нешто ненормално.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
1.942
Поени од реакции
1.750
Тапа бенд се.















мухахаха
Не, не се. Искрено радиоглава ми се еден од поомилените бендови. Имале добри идеи кои ги склопиле убаво и направиле убави парчиња музика. Можеби не се бенд на кој ќе се навлечеш од прво слушање, ама затоа ако им дадеш шанса нема да ти излезат од глава. Плус тоа факинг 90ти бе..
 

Andrew

ќ
Член од
27 октомври 2011
Мислења
5.832
Поени од реакции
15.261
Ептен сум ќефен шо се разгоре темава :vozbud:

Досегашното искуство у овај свет и по интернето, не ми е покажало дека овој бенд имаат група на хејтери. Можда не го обожаваат сите ама мал е процентот кој плука по нив. Да ги споредам со некој друг бенд, кој строго има ист стил како на рх, нема шанси. Освен бендови кои после некој нивни албум вадат музика која ги инспирирала и на некој начин ги копираат. Сепак невозможно е да ја копираат таа емоција која ја буди овај бенд, да биде интерпретирана на начин на кој може Том и компанија, неговите мрмолења во песните.

Не е бенд кој е лесно певлив, да земеш и да пееш текстови. Треба 10 пати минимум да слушнеш песна, па да го читаш текстот и пак не можеш да си ја пееш ко на Бон Џови некоја песна пример. Си ги прави Том зборовите и фразите на некој негов јазик, неразбирлив донекаде ама сум заљубен у него. Пример, видов некаде дека и Anne. место пеј атеншн слушала пенетрејшн :pos: на 2+2=5Истото беше и кај мене и коа го видов текстот се укопав.
Зборот ми е, не можат други музичари лесно да имаат настап со нивни нумери, и да звучат на исто ниво со нивното.
 

Anne.

~ Happiness In Slavery.
Член од
4 декември 2009
Мислења
4.628
Поени од реакции
10.284
Anne. не само што слушала, него и си ја пееше така. beneamata :D
Знам како е правилно, ама што да правам бе кога стваааааарно така ми иде?! :rolleyes::noze:

едит: ќе биде означена темава ко важна? Forrest Gump :)
 

Andrew

ќ
Член од
27 октомври 2011
Мислења
5.832
Поени од реакции
15.261
Anne. не само што слушала, него и си ја пееше така. beneamata :D
Знам како е правилно, ама што да правам бе кога стваааааарно така ми иде?! :rolleyes::noze:
у глава ми беше и пееше ама не го пишав :D
 
G

garthok

Гостин
Потценет, ха. Тешка комерцијала станаа и Рејдиохед.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom