Музичко име на тапет : Coldplay

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.341
Поени од реакции
57.954
Немам многу што да коментирам. Не сум голем фан а и нејќам да се вклопам во армија луѓе кои слушаат Нирвана затоа што по смртта на Кобеин стана модерно. Но далеку од тоа дека имам лошо мислење за нив, само не ги практикувам често албумите. Во мобилниот редовно ми е Unplugged in New York, нешто што го обожавам и го вртам повремено измеѓу Радиохед и Џон Ленон. И се разбира Teen Spirit. Ми се допаѓа Кобеин како појава, имаше харизма и добро е што умре млад и вечно ќе остане млад. Греота е такви луѓе да остарат.
 

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.819
Поени од реакции
10.968
Уф, зборено е на оваа тема за овој бенд на долго и на широко, но вреди да се потсетиме на последната рокерска револуција.

Дали Нирвана заслужува да биде во најдобрите 5 бендови во историјата? Несомнено ДА. Зошто? Затоа што е последната голема револуција во рок музиката, нека наведе некој друг бенд после Нирвана што сменил, вовел свој стил и привлекол толку внимание како нив. Во години кога глем рокот, хеви-метал и треш бендовите го имаат својот подем на музичката сцена, се случува моментот Нирвана.
Неколку едноставни рифови од кои ти се крева адреналинот инстантно и појавата на плавиот дечко (лепотан) со продорен глас чија моќност е зачудувачка. Харизма, моќ, длабочина и I don't give a fuck чувство е мојот опис на Кобејн и неговиот бенд. Еден од бендовите кои со три членови ги исполнуваат сите обврски успешно и на цд и во живо. Бенд што покажува како едноставноста може да биде генијална, акордите и рифовите може да ги свири секој што фатил гитара, но начинот на кој се аранжирани, спроведени и смислени излегуваат од генијалноста на Курт. Истовремено и вокал и единствен гитарист во бендот како и главен текстописец. Во едно од последните интервјуа спомнува како размислувал да земе уште еден гитарист во бендот, бидејќи некогаш му било тешко да се концентрира истовремено и на свирењето и на пеењето при создавањето на новите песни. Текстовите на Кобејн се едни од позаебаните, остануваат мистерија добар дел од нив, нема големо тупење во пишување реферати, некои песни се и со два реда текст па пак се привлечни за уво.
Дејв нема некој што не го знае во денешната музика, од одличен тапанар во Нирвана станува фронтмен и гитарист/вокал на својот сегашен бенд. Крист после Нирвана нешто со политика почнува да се занимава, чуден избор на професија.
Нема да тупам многу околу самоубиството негово и таа тема е многу зборувана, контроверзна е сеуште нерасчистена за мене и останува мистерија цела околност околу тоа.
За Smells Like Teen Spirit нема што многу да се зборува, ако Нирвана се во топ 5 најдобрите бендови тогаш сигурно песнава е во топ 10 најдобри рок песни на сите времиња. Тупење од типот комерцијала енд шит нема резон, некогаш некој бенд не одлучува сам дали ќе биде комерцијала, едноставно ќе направиш некое ремек дело кој сакал или нејќел цел свет ќе го слушне, енд ди рест ис хистори.
In Utero исто го сметам за успешен и многу квалитетен албум, зашто Вертер погоре не го спомна, јас мора да го спомнам.
Unplugged in New York е секако најдобриот live албум за мене исто.
Сум ги слушам, ги слушам и ќе ги слушам Нирвана уште долго време.

Еве нешто од моите омилени нивни песни




 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Песнава која ќе ја постирам не е оригинално од Nirvana, туку е пред се, стара американска фолк песна која е многу стара од 1800тите некаде, кон крајот, па потоа е неколку пати преработувана, но мислам дека верзијата на Нирвана е врв, многу често ја слушам, ја обожавам некако.


Инаку не сум најголемиот обожавател, но ги сакам. Не ги слушам секој ден, но кога сум во едно специфично расположение, си имам плејлиста само со нивни песни и си ги пуштам и си ги слушам со денови. :)
Што и да се каже, реално е малце, направија своевидна револуција. За Unplugged in New York па више нема што да се коментира, совршенство, барем за мене.
Освен оваа што веќе ја напишав, оваа ми е исто така врв:

 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Јас сум од оние кои веруваат дека Курт беше убиен.

Дали убиен од таа дрољата (со најмен убиец) шо ја влечеше покрај него или убиен од општеството и неговата несовршеност, Курт беше убиен. Уметник, бунтовник, кој можеби не го промени светот како што мечтаеше, но успеа да промени многу луѓе.

Шо знам, мене ме фати да пораснам со генерациите каде он веќе беше икона. Мене ми е нормално да ги сакам и никогаш не сум се оптеретувал дали е префорсирана нивната музика или дали не ја заслужува фамата. Тоа се Нирвана. Секогаш важен дел од мојот живот.


Ако треба да издвојам највртена :

 
Член од
1 декември 2011
Мислења
2.680
Поени од реакции
3.053
Alice pomili mi se.
Ovie mnogu tupat so dlaboki tekstovi, agresija vo ton, a od druga strana nosat nesto novo u muzikata, unikaten stil demek.
Me potsekjaat na osnovno i prva svirka u zivot na koja otidov. So Nirvana se pocinja. Nirvana e komercijalata na undergroundot.
Okay bend se, ama koa bi birala izmegju Alice i ovie, kao top grunge bendovi, biram Alice.
A whole new smisol i filing mu dadoa na grunge pravecot. <3
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
1.536
Поени од реакции
3.736
Омилената група, група поради која го засакав рокот и поради која се заинтересирав и навлегов во многу музички правци.
Уникатен спој на жесток гитарски риф и поп-мелодија. Ми се свиѓа што имаат песни кои можат да те извадат од кожа, да се изнарипаш и да ти кренат расположение до максимум, но и песни кои се слушаат навечер, легнат, со затворени очи и со паметот одлетан далеку.
По револуцијата која ја прави, популарноста која ја достига, бројот на продадени плочи, песните кои се вртат и привлекуваат фанови и по толку години, величањето од познати музичари и критичари, влијанието кое го има врз музиката но и културата воопшто, Nevermind е рамо до рамо со Sgt Pepper, Dark Side Of The Moon или Led Zeppelin IV. Албуми кои се бројат на прсти.
Во времето на MTV генерацијата, кога побитно од музиката било да направиш високо-буџетен спот со разголени девојки, на безвезе теми со едноставни текстови, на што подлегнуваат рок групите од 80--тите, а го имаме и денес, се пробиваат со она што навистина треба да претставува рокот, бунтовништво и револуција и ја бутаат од врвот на топ-листите, најголемата икона на тоа MTV- време, Мајкл Џексон. Тука е нивната големина.
Тешко можам да одвојам омилена песна од нив, но мислам дека оваа најдобро ја доловува генијалноста и откаченоста на Кобејн:

 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.819
Со овие сум растел. Можеби и првата касета која ја имав да беше нивна. 90 проценти сум сигурен дека да, но да не грешам душа, во тие 10-те останати, ги сместувам Архангел. Впрочем тие веројатно беа првите два бенда со кои турвиор го започна музичкото патешествие.

Кога ги слушав абер немав која песна во кој албум влегува, или поточно не ни знаев што е тоа албум, знаев само дека на сивата касета со малку жолта боја се наоѓа Мај грл, мај грл, или дека на црната касета се наоѓа кис кис молис липс. Преснимани беа, тие со паковка и сликче само ги гледав во кутијата на братучед ми. Најјако ми беше бебето кое скока по парата. Како мал сум ги преслушувал, дури и добро паметам дека со сукалото од мајка ми преобразено во гитара, се раскокував на маса, додека во позадина одеше нивната музика.

Е сега, со сигурност едно добри 5 години наназад, се дружам многу поретко со овој бенд. Ми текнува некогаш на месец дена да пуштам по некоја песна, онака поомилена колку да врати спомени, детски спомени. И понатаму остануваат еден од поомилените бендови. Инаку од каде потекнува влијанието во нивната музика, сметам дека Мелвинс тука имаат расфрлено прсти на Курт Кобејн. Како нивни огромен фан кој се влечка низ концертите, има привилегија да свири на нивниот албум во 94та година.

Факт е дека Кобејн знаел да ,,чапне" по некој риф од други постоечкни музички имиња, но друг факт е дека фино ги склопил работите, притоа оставајќи песни кои и до ден денешен живеат низ младите генерации. Е сега дека се комерцијала, може да се гледа од неколку агли, но јас ќе пробам да напишам реченица две само околу едниот. Дечките кои за прв пат го чувствуваат допирот со рок музиката, обично сметаат дека тука лежи почетокот на целокупното творештво, па така за некој тинејџерски бунт, проследен низ енергија и брзина, преку доживување на некаква внатрешна исполнетост е оправдано. Од тука и логички е се почесто да се гледа овој бенд на маички (инаку првата маица со кратки ракави нашарана со некој бенд ми беше токму од Нирвана, некаде околу 98-99 година). Некогаш ми паѓа неубо кога гледам дека и обожаватели на Линкин Парк, Скрилекс милекс, шибаат Нирвана, за кои сметам дека припаѓаат во друг кош музичари.

Come as you are, иди од тука некако http://www.youtube.com/watch?v=U25IcgIdVz0 :P

Инаку омилена песна

А како помал чинам оваа беше
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.819
Добив едно мало задолжение да ја продолжиме темава. Ги избрав мангиве како музичко име на тапет. Подоцна ќе произнесам и јас свое мислење. Воедно некој супер модератор нека смени наслов, го замолувам :)

PEARL JAM

Pearl Jam е американска рок група, создадена во Сиетл во 1990 година. Таа е една од најпопуларните групи во почетокот на 1990-те заедно со Nirvana и Soundgarden.
Од самиот почеток, бендот бил формиран од страна на Еди Ведер како водечки вокал и гитара, Џеф Амент свирел на бас гитара, Стоун Госард бил ритам гитарист и Мајк Мекреди бил на соло гитара. Тапанарот Мет Камерон член на бендот станал во1998 година, како тапанар и на Саундгарден. Pearl Jam се префрлиле на актуелната сцена со деби албумот Ten по распаѓањето на предходниот бенд на Амент и Госард – „Mother Love Bone“.
Pearl Jam биле критикувани како големи матријалисти на алтернативната рок експанзија како еден од главните бендови во почетокот на 90-тите години. Сепак, со текот на кариерата на бендот, членовите одбивале да се придржуваат на традиционалните практикувања во музичката индустрија и правење на музички записи како и вклучување во објавениот бојкот на Тикетмастер. Ролинг Стоун во 2006 година го опишале бендот како „бенд кој изминатата декада намерно ја уништил својата слава.
Бендот продал преку 30 милиони плочи во САД, и околу 60 милиони насекаде во светот уште од самиот почеток.[3][4]. Pearl Jam траел многу подолго одколку другите бендови од алтернативниот рок пробив во почетокот на 1990-тите години и се смета за еден од највлијателните бендови на декадата. „Allmusic“ (All Music Guide, AMG) ги опишува Pearl Jam како „најпопуларниот рокендрол бенд на 90-тите години“.

 
Член од
2 октомври 2008
Мислења
3.434
Поени од реакции
7.286
Добри се. Анплгадот им го отепав од слушање. Новиот албум треба на 14ти октомври да им излезе

А и слушам дека со Блек се освојуваат пички...
 

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.819
Поени од реакции
10.968
Ме мрзи да пишувам, еве малце фејкерски ќе го ставам постот што ми е во темата за бендот, едитиран малце.

Обожавам бендови што после 20 години работа горе-долу си го држат истиот стил и репутација, ретки се, а ова е еден од тие бендови.
Еден од најдобрите бендови од 90тите а веројатно и најдобрите воопшто, не верувам дека има гранџер панкер или воопшто рокер што ќе каже нешто лошо за дечкиве. Огромен фан сум и на Нирвана и Алис ин Чејнс, па мило ми е што остана некој жив од таа генерација со истата постава :)

Блек мора да ја спомнам како дефинитивно една од најемотивните песни напишани било кога, моментов кине

I know someday you'll have a beautifull life
I know you'll be a sun... in somebody else's sky, but why
why, why can't it be, can't it be mine......!

Еве некоја од поомилените песни


Уште една


И еден заебан рецитал



Дечки, предлогче едно. Да не ставате слични бендови едноподруго, сега Alice In Chains ако иде наредно не е интересно, менувајте, нека иде метал бенд, па рокенрол, па некој алтернатив, па панк и тако даље. Плус тоа ставајте пооспорувани и хејтани бендови, зашто овие неколку 95% проценти од форумџиите се согласуваат дека се супер бендовиве и нема некоја посебна дискусија.
Еве мој предлог за нареден бенд е Guns N' Roses, повеќе хејтан отколку сакан бенд на форумов, како што можам да видам. Па да видиме кој зошто го сака кој го хејта итн.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
1.536
Поени од реакции
3.736
Бендот кој се самоуништи - оваа реченица убаво ја доловува кариерата на момциве. Тој потег, тоа фак оф на МТВ, Тикетмастер и потоа вадење на два албуми, Vs. и Vitalogy, кои долго време ќе ги држат рекордите на најпродавани албуми, по првата недела на објавувањето е она што најмногу ми се свиѓа кај тој гранџ период и заедно со симнувањето на Мајкл Џексон од врвот на топ-листите од Nevermind, најдобро го покажува влијанието кое го имале овие бендови врз тогашната младина.
Еди е фронтмениште и пол, според мене најдобра боја на глас во рок-музиката. Отсекогаш повеќе ми се допаѓала способноста да се долови емоција, отколку бројот на октави кои може да ги испее еден изведувач. Еди, во Last Kiss на пример, многу повеќе ме убедува дека е заљубен човек, него ли урлањето на Витни Хјустон во I Will Always Love You.
Далеку се они од комерцијален рок-бенд, како што се обидуваат некои да ги претстават. Навреда е за нив да ги ставиш во ист кош со Ганси, Бон Џови и ним слични меинстрим групи.
Омилената песна, од омилениот нивен албум:

 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.819
Исто уште еден бенд од детството чии песни се најдуваа во касетите Best alternative, 10 на број.

Врв на нивната кариера по мое, првиот албум Ten, без конкуренција. Потоа следуваат ок албуми, но и целосен промашај од страна на музика каде во албум сум наоѓал едвај по една добра песна, другото подпросек (пример Binaural, само Nothing as it seems).

После 2000-та држат правец но како да губат по малку мотивација, што се осеќа по песните кои следуваат. Немаат моќност како оние во гранџ ерата, ја немаат таа сила. Албумот од 2009-та има исто по некоја кул песничка која и даде освежување на музиката во тој период.

Вокалот на Ведер е специфика сама по себе. Настап во живо не се разликува од она снименото, речиси целосно точно, прецизно, без грешка, што ретко се случува со бендовите кои се постојано присутни на концертните сцени.

Со сигурност се и ќе останат едни од највлијателните развивачи на музика од Сиетл кој како место бележи голем подем во тие доцни 80-ти и 90ти години. Еден од ретките бендови кои и во тивкото звучат гласно, моќно. Чисти лирики, едноставно искрени и гласни.

Да не објавувам нешто од Ten, ќе одам со омилената нивна песна која на прво слушање се зациментирала во мене.

 

Andrew

ќ
Член од
27 октомври 2011
Мислења
5.832
Поени од реакции
15.261
Pearl Jam ми е еден од оние рокерски бендови кои сум ги засакал заради нивните најславни години. На пример албумот Ten го обожавам повеќе и од пабло хани на рејдиохед, ради нивната чиста рокерска маестралност и тај единствен глас на Eди. Исто бенд кој не пратам моментално како напредува или се уназадува, шо објавува или презентира. Сеа знам има некој нов албум, имаше некоја трака ама не ми личи на тој Pearl Jam кој јас го сакам.
Од омилениот албум, нормално Black, исто Jeremy, али песна која највеќе ја сакам од наведениот албум е Once.


Другите албуми не сум ги проучувал многу, сум слушал многу нивни песни али не знам која од кој точно албум е. Just Breathe ми е n1 од нив воопшто. Тука гласот на Еди и неговата харизма, текстот и звукот од гитарата. I love it.


Еди како музичар многу го сакам, па ќе се осмелам да стаам нешто само од него, соло со гитарче, милина.

 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.819
Предлог за нареден бенд, да бидат Gnr или Ac/Dc.
Тука имаме различни видувања, па ќе биде поинтересно. Да ги поштедиме малку пофалните зборови :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom