Музичко име на тапет : Coldplay

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Предлог за нареден бенд, да бидат Gnr или Ac/Dc.
Тука имаме различни видувања, па ќе биде поинтересно. Да ги поштедиме малку пофалните зборови :)

Види стварно претеравме со фалење. Моја па варијанта за плукање беа U2 :D
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.648
Поени од реакции
31.877
Види стварно претеравме со фалење. Моја па варијанта за плукање беа U2 :D
Можи :D
Макар шо тука имам резервирано плукање околу првиот албум мислам дека беше :icon_lol:
Oставам на тебе.
 

Andrew

ќ
Член од
27 октомври 2011
Мислења
5.832
Поени од реакции
15.261
Предлог за нареден бенд, да бидат Gnr или Ac/Dc.
Тука имаме различни видувања, па ќе биде поинтересно. Да ги поштедиме малку пофалните зборови :)
Ја би се истурил на Ac/Dc.
Кој ќе го праи? Forrest Gump?
 

Anne.

~
Член од
4 декември 2009
Мислења
4.629
Поени од реакции
10.284
Пошто сте ги исфалиле за сите пари, ја неам што да додадам освен оваа песна
Новата песна што ја пуштија не е баш во нивен стил, доста брза е, ама па тоа не значи дека целиот албум ќе им е таков. :)
 
Член од
6 септември 2009
Мислења
2.693
Поени од реакции
1.403
Moјот омилен гранџ бенд. Пред да ја слушан Just breathe, не знаев скоро ништо за нив. Ама кога ја слушнав горенаведената, пуштив уште две три песни (Even flow и Once) и после комплетното преслушување на Тen се затрескав у бендов.


Кога и да ја слушам песнава се ежам до максимум поготово на следниов стих:

I know someday you'll have a beautiful life,
I know you'll be a sun in somebody else's sky, but why
Why, why can't it be, can't it be mine


Еди мајсотре !

П.С сеа мењајте бенд комотно.
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Можи :D
Макар шо тука имам резервирано плукање околу првиот албум мислам дека беше :icon_lol:
Oставам на тебе.
Јас бев лонг тајм фан на ЈуТу 90тите некаде и можам да кажам дека U2 до Achtung Baby вклучително и него нема издадено лош албум , всушност Џошуа Три е албумиште.
И албумите потоа не се толку лоши (Еби му мајката Брајан Ино е генијалец), ама стануваат досадни по малку за слушање од причина што почнуваат да се повторуваат.
Плукањето може да биде што заработуваат безобразно многу за тоа што го имаат направено.

За моменталниот бенд на тапет немам никаква забелешка за тоа што го направиле на музички план, посебно е за пофалби кога еден бенд континуирано опстојува 20 години.
Единствена што забележувам е цената на влезниците за нивните концерти, последниот во Прага беше над 60 евра за влез.
Па нели тие истите Перл Џем своевремено повлекоа парница против тикетмастер за да ја намали цената на влезниците на нивните концерти од причина што нивните фанови се тинејџери и не можат да се дозволат толкава сума за влез.
Сега во последно време гледам немаат никаков проблем со астрономските суми за нивните концерти. :rolleyes:
 

Andrew

ќ
Член од
27 октомври 2011
Мислења
5.832
Поени од реакции
15.261
Мењаме стил, мењаме тапети, мењаме бенд. This time, еј си ди си

AC/DC е австралиска музичка рок група формирана во 1973 од браќата Ангус и Малколм Јанг во Сиднеј. Групата меѓудругото е сметана за една од првите хард рок хеви метал групи, покрај Блек Сабат(Black Sabbath) и Лед Цепелин(Led Zeppelin). Но и покрај тоа членовите на групата својата музика секогаш ја класифицирале како рок ен рол.




AC/DC неколку пати го менуваше својот состав се до издавањето на нивниот прв албум „Хај Волтеџ(High Voltage)“ во 1975 година. Составот на групата се стаблизира кога во 1977како нов басист беше примен Клиф Вилијамс, на местото на Мaрк Еванс. Во 1979 година групата го сними едниот од нивните најпопуларни албуми Хајуеј ту Хел(Highway to Hell), кој исто така е последниот албум снимен со пеачот Бон Скот, починат на 19 јули 1980 по ноќ помината во пиење алкохол. По неговата смрт членовите на групата размислуваа дали да ја распуштат групата, но сепак решија да продолжат со свирење и како нов пеач беше избран Брајан Џонсон. Во истата година групата го сними својот најпродаван албум и еден од најпродаваните албуми на сите времиња Бек ин Блек(Back in Black).
Следниот албум на групата,[For Those About to Rock(We Salute you)]исто така беше многу успешен и беше нивни прв албум кој стана број еден во САД.

Кратка биографија пред да почнеме да зборуваме за нив и нивните творештва. За разлика од предходните бендови кои беа на тапет, овој има послаб одзив на фанови на кајгана колку што знам, па добро е за промена да престанеме со пофалните зборови. Почнете вие, јас ќе се изјаснам подоцна.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
1.942
Поени од реакции
1.750
АЦе гром ДеЦе исто познати ко 1 риф за цела дискографија. Добри се само кога се возиш по автопат, инаку досадни затоа што го тупат едно исто.
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.648
Поени од реакции
31.877
Убај се бе, во случај да сакаш да ти постани досадно. Некогаш позабавно е да ги гледаш глупостите на Бибер на јутуб.

Треба да претставуваат култен бенд по некоја поставеност на работите. Демек специфичен вокал кој чиниш кога пее некој со нокти греби по мазни плочки во капатило, Ангус младото кое знае да свири гитара, де рифој де солажи, a звучи пак некреативно, прибидејќи иста музика различно распоредена во секоја ебана песна има.

Мене ми се крајно досаден бенд. Ни ју шок ми ол најт лонг, ни патот до пеколот кои беа хитови во свое време и тука во старата Апореа, не ми помогнале да се развеселам, без разлика колкава била радоста на присутните. Да бидам поконкретен, ме фаќа нервата од бендов. Те иста музика хард роковска (обично вакво хард рок никогаш не ме примил и го одбегнувам) во сите албуми се влечка. Исто имам мала антисимпатија кон изгледот на Ангусот со тоа капче и куси панталончиња, кога ми мавта со ножето во ритамот на гитарата и прави гримаси со фацата. Друго не знам шо да кажам, шо и да кажам лошо че биди, ништо добро.

:sick:
 

Andrew

ќ
Член од
27 октомври 2011
Мислења
5.832
Поени од реакции
15.261
Бендов го знам од ногу одамна, да не кажам во првите рок/рок ен рол бендови шо уопште сум ги упознал. Коа бев дете сакав смирена музика, независно од кој стил. Но сакав и онака гласна и силна која ќе ме разигра. Не знам точно кои песни први сум ги слушнал од ац/дц, тогаш не ни знаев за кој се работи, ама мене воопшто убаво не ми звучеа. Дури ми створија некој комплекс и одбивност спрема таа хард рок музика дури и неможев да замислам како некој го слуша тоа. Во глава ми искачаа само оние дечки со испиени фаци, високи тесни кондури, црна облека, долги коси и железни ланци и гривни. Шо знаев тогаш. Битно таа музика многу ја замразив. Полека почнав да слушам и слични на нив, од Блек Сабат па до Моторхед и Ајрон Мејден. Нив си ги слушам и ден денес. Додуша ни не сум сигурен дали се исти. Од Ејси Диси неам слушнато многу, освен тие што ми се вкорениле во глава потсвесно и кога и да ми ги пуштат не можам да опишам каква чудна нервоза ми прават. Некако ме нервира нивната досадна и јака музика. Знам дека крева се дигаше околу хајуеј ту хел нивниот албум, можда има некој квалитет ама никад не ми било толку досадно, шубе и без идеја за музика за да седнам да го преслушам. Има уште неколку такви бендови кои ја ствараат истата нервоза у мене ама коа ќе им дојде ред на тапетите.

 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
1.692
Поени од реакции
4.439
Досадни се. Али онака, прилично досадни. Напорни за слушање, напорни за гледање.
30 и кусур години истиот звук, стил, гласот на фронтменот ко за измачување на затвореници и џуџено шо мафта со ноџето и прави некои грмаси со фацата. Па на крај и кога ќе ги стави прстите над глава, демек ѓаволче :facepalm:. Клише пар екселанс.
Сакав да ставам една песна со првиот фронтмен, што ми се свиѓаше на времето, али и таа ми се виде досадна.:facepalm:
Ама па затоа имаат и еден ин јор фејс факт. :)
Ни Стонси, ни Цепелин, ни Флојд, ни Квин, најпродаваниот рок албум на сите времиња е Back To Black на момциве, втор најпродаван воопшто зад Thriller на Мајкл Џексон.
И не е интересно вака само да хејтаме, нека си искоментира нешто позитивно и некој фан нивни, ако ги има воопшто на форумов.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom