Музичко име на тапет : Coldplay

  • Креатор на темата Креатор на темата Andrew
  • Време на започнување Време на започнување
Ај ќе бидам првиот што ќе пише нешто на темава, а не е голем фан на бендов. :)
Иако Pablo Honey им е најхејтан албум, мене ми е сосем ок, како за деби албум е одличен, албум кој можам да го преслушам од почеток до крај, што за мене е показател на квалитет. Врвот, за мене, го имаат постигнато на The Bends и OK Computer, стварно не можам да одвојам кој ми е подраг, албуми кои го покажуваат целиот нивен талент и дарба за создавање на квалитетна и мелодична музика. Едни од поомилените албуми воопшто.
Е сега, експерименталните албуми што следуваат по Компјутерот е она што ме одвраќа од поголема љубов кон бендов ( иако единствената песна што сум ја постирал во темата за бендов е од тој период :)). На албумите има неколку стварно добри песни, ама албумите како албуми и стилот што се обидуваат да го протнат, не може да ми влезе во уво никако, иако сум им дал шанса. Веројатно затоа што сум љубител на гитарска музика, првите три албуми ми легнале, експерименталкиве не и не.
Замерка им наоѓам и во тоа што во 90% од песните, темата им е меланхолија/депресија, ретко има живост во нивна песна, како и во гласот на Јорк.
Се согласувам дека се бенд кој не влага од прва во уво. Од лично искуство, првиот пат кога ги слушнав, во средно, ги отфрлив одма, ми беа спори и досадни. Потоа, преку сестра ми, на која и беа омилен бенд, повторно ги заслушав и ги засакав.
Не би рекол дека се олицетворение на тоа како треба да звучи алтернативниот рок, затоа што алтернативата има толку многу звуци и различни стилови, што не може да се поврзе со ниеден бенд.
Лично мене, бендов во топ 10 не ми е, во топ 20 сигурно. :)
 
тоа переминување во комерцијала колку го правиш официјално..
Едноставно се изрекламираа малку повеќе за да привлечат влијание, ама не трпи музиката некоја промена од тоа. Можеби најновиот албум не е како кид а и ок компјутер ама квалитетот останува, без оглед дали станаа попознати или не.
Абе не може нешто толку општо прифатено да не е комерцијално. Чиста логика. И не ме сфаќај погрешно, ги сакам рејдио
 
Еден од моите омилени бендови. Заедно со Pink Floyd и Sigur Ros. Толку влијателни дури и само по 20-тина години слава а сепак толку уникатни и невозможни за копирање. Музика за тага, за јад, за човечки судбини, за мислење... генијалност која се ретко се раѓа.
 
Нешто се зборуваше за мрдањето и скренувањето на Том...

си има мака малиот :D
Миксо напиша:
blabla
I twitch and I salivate like with myxomatosis
I got myxomatosis

 
првио коментар says it all!
 
Yeah, такви коментари има на сите видеа од различни, хипстерски или андерграунд групи
 
Nirvana.jpg


Задоволен од дискусијата за Radiohead, дојде ред да го смениме фокусот. Овојпат на тапет ќе биде еден од најпознатите бендови на сите времиња, култен и бендот на легендарниот Кобеин. Нирвана, бендот кој беше во медиумите бил прогласен за знаменосец на таа генерација на рокот, издвојувајки се од другите, фокусирајки се на квалитетот. Баш во времето кога се развивал алтернатив рокот, имале голем удел во тоа. Доминирале во раните деведесети со гранџот заедно со слични бендови како Алис ин Чеинс, Прл Џем, Саундгарден и како резултат на тоа алтернативот станал познат и слушан на радијата во Америка.
Контроверзен бенд, контроверзни членови, несомнен квалитет, оставен впечаток во музичката историја. Неможат да се споредат со други. Дали според вас Нирвана заслужува да биде во најдобрите пет бендови воопшто во историјата? Дали мислите дека биле желни за внимание? Дали го цените нивниот квалитет? Дали воопшто сеуште ги слушате?
Овде може да се разговара и за смртта на Курт, но без забегување во теории за неговата смрт без воопшто да се спомне делото на Нирвана или неговото во истиот бенд.


Ајде луѓе, нивни слушачи и неслушачи, кажете што имате.
 
Нирвана, последниот вреден рок бенд. Два албуми се вредни за споменување, Nevermind и Bleach. И live албумот Unplugged.

Од овие, сметан за рок класика е Nevermind. Силните акорди, и бунтовништвото во текстовите се заштитен знак за албумот.
Bleach, доста од песните стилски се разликуваат, и е првиот студиски албум. Одличен албум кој своевремено добил позитивни критики.

Unplugged е најдобриот Live албум, ever.



 
Баш пред некое време го најдов ова по јутјубот:

Кој има време и радозналост нека слушне.


Инаку, Нирвана... си ги слушам уште.
 
Кажи му на модераторот да смени наслов.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom