Музичко име на тапет : Coldplay

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Просечен бенд со добар менаџмент:D. Они ми се чини го измислија тоа - плати за да паѓаат у несвест. Мислам, тоа на почеток. После немаше потреба од подметалици:D Ко ги гледаш у живо Јуб - Туб свирките дури не се ни слуша шо свират од скримови.


Ја не можам да се декларирам ко најватрениот фан на Битлс, но шом Ленон вика дека се поголеми од Исус нема причина да не му верувам:D (колку и да е изветеперена изјавава). Малку Io Sono Interista ми е сумљив, ама ќе преминам преку тоа. :D

Ретко кој бенд еволуира ко нив од албум до албум (малку албумите од раната фаза ми се така, ама не дека се лоши). Они се ко некоја комбинација од класик и детска мелодија. Бенд кој даде душа на музичкиот универзум.

Но и бенд во кој имало многу его. Ми се чини најголемо. И тензија да. Секогаш постоела таа вечна борба Ленон или Мекартни (Мекартни Vs Харисон то па башка)? Дури и фановите се поделени на Ленонисти и Мекартниеви деца. Отсекогаш Харисон некако е бил запоставен (неправедно), а бaш добри песни има малиот.

Соло кариерта на Ленон секако дека го надмаша Мекартни.

Ко сме кај Мекартни ќе се филмаме? Загинат или не у фамозната сообраќајка? После демек сменет со шкотланѓанецот Вилјам Кемпбел? Енибади? Информации од прва рука?:D

Британците тешко дека ќе понудат друго. Шекспир, па Битлси. Тоа е:)


П.с Функционира ко радио Битлси. Ко воли, нека изволи.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
Просечен бенд со добар менаџмент:D. Они ми се чини го измислија тоа - плати за да паѓаат у несвест. Мислам, тоа на почеток. После немаше потреба од подметалици:D Ко ги гледаш у живо Јуб - Туб свирките дури не се ни слуша шо свират од скримови.


Ја не можам да се декларирам ко најватрениот фан на Битлс, но шом Ленон вика дека се поголеми од Исус нема причина да не му верувам:D (колку и да е изветеперена изјавава). Малку Io Sono Interista ми е сумљив, ама ќе преминам преку тоа. :D
На почеток тие не ни имаа што да платат. They were poor and I wasn't rich - вака некако беше изјавата на нивниот менаџер Брајан Епстајн, ја има на албумот Anthology. Тоа што викаш во право си, и самиот Џон кажа дека тоа било циркус и немало никаква врска со музика. Самите тие не уживаа во тоа и затоа се повлекоа во студио каде ги направија најдобрите албуми.
 
Член од
6 јануари 2011
Мислења
1.059
Поени од реакции
2.684
Се сеќавам на часовите по музичко кога стариот професор ќе влезеше во училницата со касетофон во рацете, ќе го запишеше часот, ќе ја пуштеше касетата од Битлси и само ќе речеше: -Шшшш, да не чујам глас...
И ќе вртеа Let it be и Yesterday
Магична атмосфера беше тоа
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
Мала дигресија пред да се вратиме на темата: реклама на t-mobile од 2009:

 

Andrew

ќ
Член од
27 октомври 2011
Мислења
5.832
Поени од реакции
15.261
После се напишано, после тие километарски постови за Битлсите ја немам многу што да искоментирам. Имам огромен респект за нивното влијание во музиката и го поштувам нивниот квалитет, но не толку колку што тие самите се сметале за добри. Егото им било навистина големо и тоа е едно што не ми се свиѓа кај нив. Во музиката нивна не уживам многу али има некои траки кои ми се посебно драги.

 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Ги сакам. Мајка ми на времето била голем нивен обожавател и се мислам дека и тоа си има влијание врз мене. :) Е сега можеби ептен длабоко немам навлезено у смисла да ги знам сите песни што ги извеле у живот, но ги сакам. Нема да пишувам многу и да разглабам, мислам дека Io некако многу убаво долови се што требаше да биде доловено и после тој пост, онака не знам што друго да кажам. И да, јас некако влечам кон тим Харисон, не затоа другиве не ги сакам, туку некако многу ми делува како во сенка човекот, а ми го прави меракот, барем мене. :)
 
Член од
8 јуни 2007
Мислења
6.102
Поени од реакции
12.199
Секогаш сум се прашувал самиот, и упорно се обидував да не земам страна. Дали мојот омилен Џон, или пак, Пол е онака, подобар вокал? Мислам дека сеуште не можам да си одговорам на тоа прашање, а остарев. Ваљда со внуците ќе го поставувам тоа како дискусија, ко ice breaker кога ќе ги прашувам зошто имаат кец на полугодие. :)

Џон го сакам и како Битл, и неговиот вокал го обожавам и во соло водите. Неговото bye bye во She's leaving home ми одзвонува во главава две децении и понекогаш ме буди од РЕМ интимата. Ама пак, the Long and winding road на Пол, ми става повеќе прашалници.

Моите симпатии кон Џон натежнуваат воопшто, оти имам неизмерна почит кон него, како личност, како генијалец, како здрава и права фигура за која можеш да бидеш среќен дека постои, а во мојот маргинален во поглед на галаксијава свет, иако фиктивно, пак е вредно. Доволно вредно.

He was a working class

И сега, дури и во мојов коментар постои дистинкција и делба во битлсите, камо би кај нив во тие 10 златни години.

Ваљда Џон беше стар и зрел, а овие невини и млади, па им беше ко father figure. Додека пораснаа, па после му покажаа заби. Барем Пол. За жал. Секогаш Џорџ сум го перцепирал како разумниот дел на Битлси, како тивката генијална четвртина, која за среќа не беше доволно тивка, и имаше немирна душа па и ни подари ноти на ситар.

А Ринго, ко Ринго. Ваљда јас сум единствен кој го перцепира како ОК чоече, и пронаоѓа голем дел од духот на Битлсите во неговите перкусии. Иако не беше доволно голем џек за да учествува во Битлманијата. Или, можеби неговите лирики беа доволни за да се залепат само на фрижидер, сеедно, јас сум среќен што Ринго го заменил Бест.

Она што е добар дел од тривијалната генијалност е и paul is dead пропорцијата, која и ден денес поттикнува муабети меѓу некои кои бараат конспирации rather than Alex Jones's radio tunes :)

Пол е мртов за Џон. А Џон, или како и да имал начин да произведе во нечија корелација, направи и мајтап на тоа.

Од менувањето на каверот за Yesterday and today; преку маестралниот кавер за Сарџнтот, кај што го „погребуваат“ Пол, а меѓу тие што се на „погребот“ е и Алистер Кроули

It was twenty years ago today, Sargent Pepper told the band to play

1947 умре Алистер, 67 сарџнтот излезе. Па Welcome the rolling stones и тн. И свирката за куче во Деј ин Д лајф.

Тие приказни се значаен дел од Битлси, и за мене претставуваат симбол на нивното созревање, и на преодот од I wanna hold your hand во Strawberrie fields forever.

Кога Џон ваљда почна да ја слуша бојата на својот сон, нели.

Битлси се еден од најдобрите бендови во Кумовата Слама, за кои треба вечно да се жали оти something went wrong, исто како и за The Clash... :D

ту би континјуд :D
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
Ринго си е ок, онака тапанар ко тапанар. Успеа некако да напише и неколку песни со помош од останатите. Интересно, во еден документарец гледав како во момент на депресија сакал да го напушти бендот, веројатно притиснат од славата на останатите тројца. Па отишол кај Пол, тропнал на врата и му кажал: слушај Пол, јас мислам да ве напуштам зошто вие тројцата и јас... на што овој го прекинал со: како „ние тројцата?“ Јас мислев дека сте „вие тројцата и јас“. Од тука го побарал Џон и почнал да му го расправа истиот муабет, на што Џон такоџе му рекол: мислев дека сте „вие тројцата и јас“. И така, малку его, малку вистина, Ринго се премислил и продолжил до крај.

Последната свирка - концертот на покривот, прекинат од полицијата:

Иако Сарџентот е недвосмислено ремек дело и најдобар албум, мене Abbey Road ми посебен. И пак, Пол е мртов на коверот :)

Перфектниот микс од незавршени песни на албумот:

Е сега, за Џони можат книги да се напишат, па ќе оставам за следниот пат. Malcolm van den Сабаховић, оваа беше сликата:

 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
1.654
Поени од реакции
4.281
А што уопште може да се каже за најпродаваниот, најпризнаениот, најславниот бенд, а да не се биде клише?
Единствениот бенд што има извршено влијание на сите други што се појавиле после него. Ги поставија основите по кои треба да се движи секој бенд што себеси се смета за сериозен, со развивањето од рокенролот кон психоделијата, притоа надминувајќи ги сите други групи кои твореле во тие правци. Го имаат она најјакото што треба да се има за да се создаде врвна песна - мелодијата. Никакви прогресиви, прелази, двеминутни солажи, врвни вокали, нејасни лирики не се репер, тоа е за оние што ја дефинираат музиката. Музиката не се дефинира, музиката е емоција, ако го имаш тоа во себе можеш и со два-три акорда во двеминутна песна да создадеш и искажеш повеќе отколку некои кои својот неталент ќе го покриваат со претходните "мерила". Затоа се Битлси поголеми од Флојд( ги сакам и овие да не дојде до забуна :)), затоа што се најмелодичниот бенд од оние кои стекнале светска популарност.
Веројатно и затоа сум еден од ретките кои на исто рамниште ги става и првиот-рокенрол период и оној позрелиот, подоцнежниот период. Мене врв ми се и I Want To Hold Your Hand, She Loves You и Lucy In The Sky With Diamonds, Across The Universe.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
1.942
Поени од реакции
1.750
Јас музиката ја делам на Битлси и остала музика.





Еве и една песма од Хетфилд, преработка на Битлси (онака за сеир де) :)
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Мојот омилен бенд. Се зачудив што некој погоре ја постирал Eleanor Rigby, мислев само мене ми е омилена :) Исто така од поомилените би можела да ги издвојам и The Ballad of John and Yoko и Come together.
--- надополнето: 31 август 2013 во 11:51 ---
Ах, не можам да останам на три песни. Ај ќе ги спомнам и Oh, darling и Drive my car.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom