Музичко име на тапет : Coldplay

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.690
Поени од реакции
59.860
Одиме сега да ја искористиме оваа скромна прилика да и оддадеме почит на генијалноста на Џон Ленон.



Последните години во Битлси и песните од типот на Revolution се јасен показател за неговото созревање во зрела личност со јасни ставови за случувањата во општеството. Неговиот уметнички интегритет никогаш не беше ставен под прашање - и тогаш кога беше под обработка од ФБИ и тогаш кога се обидоа да го заплашат и дисциплинираат, тој остана доследен на своите погледи и никогаш не ја свитка кичмата. Веројатно затоа и остана сакан. Во меѓувреме, Ленон никогаш не заборави да напише едноставни песни за секојдневниот живот. Неговиот талент најмногу лежи во тоа што успева за ништо да напише предобра песна. Се што му се случува и се што доживува знае да претвори во прекрасен стих што и не е така лесно во Англискиот јазик и не му успева секому. Накратко, мајстор за игра со зборови, песни напишани со леснотија кои допираат до вас и будат емоции.

Ленон е уметник во смисла што никогаш во својата соло кариера не се трудел да направи нешто „меинстрим“. Прв пример е албумот Plastic Ono Band (1970) кој беше продаден во мал тираж но во изборот на магазинот Rollingstones се наоѓа на 23 место на сите времиња. Тоа што го обожавам кај овој албум е што истиот е тотално надвор од било каква претензија да се направи нешто по терк. Ленон се затвора во студио со неколку инструменти и снима песни кои се крајно едноставни по структура. Во албумот доаѓаат до израз сите негови ментални фрустрации и болки од приватниот живот и од општествените прилики, кои Џон ги изразува слободно врискајќи во песни како Mother и Well Well Well. Исто така, Џон ги изразува своите погледи во Working Class Hero, песна која од стих во стих е се посилна и посилна, и God која е многу лична песна во која отфрла секакви идоли и тргнува по свој пат. И пак, не заборава дека all we need is love и пишува едноставни песни како Love и Look at me. И понатаму Ленон не се обидуваше да ја следи изменетата рок-сцена нити новиот бран кој доаѓаше пред крајот на 80-те. Си остана доследен на својата музика.

Plastic Ono Band (1970) - плејлиста.




После тоа следи Imagine (1971) кој важи за негов најпопуларен соло албум. Албум во кој се наоѓа култната песна Imagine која беше прогласувана и за песна на 20 век, но и други анти-воени и анти-политички теми како I dont wanna be a soldier и Gimme som truth. Преписките со Пол продолжуваат со How do you sleep во која Џон фронтално го напаѓа Пол. "Those fricks were wright when they said you was dead" и "The only thing you've done was Yesterday". Но повторно, мене како емотивец најмногу ми се допаднаа Oh my love и Jealous Guy. Во времето кога на Кајгана имаше видео на профил (уааа управа, шнајдери!) Jelaous Guy ги дочекуваше посетителите и сите пишуваа порелаксирано. Сега морам да го трпам @wot. Да ми го вратите видеото на профил!

За снимањето на Imagine и општо за Џон Ленон има убав документарец кој ви го препорачувам:



Imagine (1971) - плејлиста




Бидејќи немам доволно време за комплетната дискографија, еве уште една рандом плејлиста од песни кои не се на предходните два албуми:

John Lennon рандом плеј листа.




И кога сме кај документарците, овој е повеќе анти-воен отколку музички но се разбира, во секоја прилика:


За мене ќе остане број еден композитор и вистински уметник. Џони, фала ти за се! :cuc:
 
H

HoT IcE

Гостин
Се извинувам за оф-топик, ама може два предлози за следниот тапет, Morphine или Deep Purple. Ме интересира вашето мислење за овие бендови. Особено за ДП.
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Се извинувам за оф-топик, ама може два предлози за следниот тапет, Morphine или Deep Purple. Ме интересира вашето мислење за овие бендови. Особено за ДП.

Секое мислење кое ќе биде дадено за гореспоменативе бендови ќе биде избришано и третирано како офтопик.

Предлогот е веќе даден од страна на Werther. Можете да ги давате предлозите за наредните недели, пишувајте ми по пп. Секако предлогот подразбира и ваш вовед.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.690
Поени од реакции
59.860
W

Werther

Гостин
Следен бенд на тапет е култниот пост-панк бенд Joy Division.



Формирани во 1976 во предградието на Манчестер, Salford. Најпрво под името Warsaw. Членови од формирањето па се до распадот се Иан Куртис -- вокал, Бернард Самер -- соло гитара/синтисајзер, Питер Хук -- бас гитара и Стипен Морис -- тапани.

Во почетоците нивниот стил на музика бил недефиниран, најмногу наликувал на панк-рок, но потоа нивниот жанр бил пост-панкот, и имено се едни пиноерите во тој правец. Во нивното кратко постоење од само четири години, издале само два студиски албуми насловени:

-Unknown Pleasures 1979

-Closer 1980

Исто така, подоцна се издадени еден видео албум, дванаесет компилации, четири Live албуми и три EP.

Бендот се распаѓа по самубиството на фронтменот Куртис кој страдал од епилепсија, во 1980 година, а останатите членови го формираат бендот New Order.


Главен текстописец е фронтменот, и во создавањата на некои од текстовите учесвувал и гитаристот Самер.
Текстовите се крајно депресивни, ладни, интроспективни, кои ја отскилуваат психичката состојба на Куртис.

Подоцна од текстовите на Куртис влечеле инспирација голем број од Goth бендовите во осумдесетите, The Sisters of Mercy, Bauhaus, The Curе, Fields of the Nephilim и други. Всушност првпат терминот Goth аплициран на стилот на музиката го употребил продуцентот на Joy Division, Тони Вилсон за музиката на бендот како дистинкција од тогашните Поп изведувачи.

Joy Division се дефинитивно еден од најголемите Рок бендови на сите времиња, според многу, и најдобриот бенд.

Најпознатата песна на бендот Love Will Tear Us Apart:


Dead Souls, од првиот албум :


Isolation, од вториот албум:


Снимен е и филм за бендот, но не како класичен документарец и може да се гледа независно дали сте фан на Joy Division.

Филмот се вика Control, во режија на Anton Corbijn.

Eве и една сцена од филмот:

.
 

Andrew

ќ
Член од
27 октомври 2011
Мислења
5.832
Поени од реакции
15.261
Интересно ќе беше денес Queen да ги стаеме на тапети, баш за роденденот на Фреди али не се бунам.

Џои Дивижн.
Ја ќе се фанам одма за стилот. Пост панк да, ама освен тоа највеќе одговара да му лепнеме алтернатив рок/панк, пошо според мене доста од сегашните чисти алтернативи користат идеи од Дивижн. Можда оти бендот престанал да постои баш на самиот почеток на ова движење, раните осумдесети, па не се споменувани како такви.

Иан, човек кој не го поштувам или сакам заради самоубиството. Начин на кој се собираат многу фанови после смртта, слично како кај Кобејн пример. Го поштувам ради генијалноста шо ја внел во музиката. Во текот на краткото постоење на бендов, постигнал успех поголем од многумина други за цела кариера, десетици години подолга. Додуша вистинската популарност покасно ја стекнале, ама битно признати се.

Омилен албум, од официјалните студиски би го избрал Unknown Pleasures, не дека другиот е лош ама овој повеќе ми е при срце, без некоја посебна причина повеќе од другиот.

По една да турам и од двата албуми, демек омилените.


 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.642
Поени од реакции
31.864
Мислам дека се бенд кој тука на форумов се слуша послабо (не мислам на потценет, туку се вари послабо)

Ако употребам збор бенд, се чувствувам како недокажан, како да пишувам за еден од најсупер бендовите кои некогаш постоеле, па така се јавува некоја потреба за нов термин, нешто поврзан со надбенд, со суперсонична сила.
Прикажуваат дека постои еден поинаков начин на музицирање, еден вид на топла вода и страшно освежување во тие крајни 70-ти, почетни 80-ти. Да не потсетувам на нивниот импакт во музиката воопшто, на нивното влијание врз огромна бројка на бендови од различни правци, не само од пост панк ерата.

Искрени текстови, напишани од болката на Иан, ретко оставаат некој рамнодушен. Како Warsaw ми се супер група, малку подинамична, по чисто панкерска би рекол, но како Дивижн го достигнуваат зенитот. Можеме до сабајле да пишуваме за музиката, за текстовите, за болеста на Иан, за епилептичните напади, за притисокот со кој се соочува, за фрустрациите кои секако имаат свој дел во целокупното творештво. Во 1979, новинарот во NME, Paul Rambali напиша- The themes of Joy Division's music are sorrowful, painful, and sometimes deeply sad. Дури и самиот Кертис има изјавено дека текстовите се мултидимензионални, и ако добро се зачиташ и затумачиш во нив, ќе пронајдеш што ти душа сака, целосно отворени за интерпретација.

Важат за гласен, бучен бенд во своите настапи. Препознатливиот стил на денсање кој го понесе фронтменот, остави исто така свој длабок печат. Unknown pleasures и Closer, само две официјални албумчиња кои комотно можат да се наречат албумчишта. Мене првиот ми е помил и повеќе ме примил. Тука се најдуваат моќни песни во својата мрачнотија.

Едни и единствени за век и векова. И да........љубовта ќе на раздели, толку едноставна реченица за читање и пишување, а толку силна и длабока, искрена до максимум и наназад.

 
Член од
8 јуни 2007
Мислења
6.102
Поени од реакции
12.199
Имам забележано дека најголемото фан лоби на групава се наоѓа во Прилеп. Ко шо има фаној на Helloween и King Diamond во Охрид, Rainbow и Beatles во Струга, Metallica и Queen во Kичево, W.A.S.P. во Битола ... :D

А немам што посебно да засејам за бендов. Тешко дека сум запознаен за да се наречам фан, ама сепак, она доволно што го имам преживеано слушајќи ги, можам да го претворам во позитивно, само позитивно мислење.
И едно негативно, кое не зависи од нив, него од страна. :D И бидејќи нема врска со нив, нема да го споменам (освен што ке напоменам дека го имам тотално сменето мислењето за бендов, кога им дадов second chance, на времето)

Иан ми е една од најомилените музички фигури од Островот.
Ги чувствувам и ги обожавам оние негови мрачни вибрации кои врескаат get me out, get me out...
И онака, дур го слушаш, дур ти догорува цигара, од левиот звучник излегува неговата мрачна душа, и педагошки те акнува и ти ја фрла и треснува душата на десниот звучник, и успеава да го убие Господ во тебе, ама ѓаволот во тебе останува да живее.
И палиш нова цигара, со learn to forget намена.
И пак, аll over again, низ неговото сивило, оти нема доста.
И го дочекуваш утрото, in a sea of haze.

Е така ги доживувам.
 
Член од
22 јуни 2010
Мислења
3.688
Поени од реакции
5.444
Имам чуено доста од нив, едноставно не ми се свиѓаат. Имаат доста брзички песни за таква темна тематика во песните, тие две работи не ми одат заедно.
Единствено ги ценам и почитувам само поради една песна која стварно е блиску до перфекција:

 

Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.543
Поени од реакции
14.678
ајде одиме на нешто свежо, нешто психоделично
Tool


Tool(1990-present) е американски прогресивен рок бенд составен од тапанарот Дени Кери, Гитаристот Адам Џоунс, Вокалот Мејнард Кинан и басистот Џастин Ченслор. Формирани во Лос Ангелес бендот е познат низ САД и пошироко, имаат освоено многу награди од кој 3 се греми.
И доста блабла работи од википедија, бендов го заслушав годинава, ја знаев само sober, и ги имав начекано на тв. И едниствен впечаток ми оставаа спотовите J.
Во еден муабет така зимоска со една другарка која е огромен фан, решив да ги слушнам, најпрвин почнав со Schism I Sober, по слушање на ове песни цел ден на рипит, си ги најдов на јутуб и си ги пукам до ден денес, самата уметност во музиката и таа психоделична атмосфера која едноставно те меша одвнатре. Музикава ме потсеќа на еден муабет што го прочитав на еден форум кој гласеше вака : зеам дрога за да чуствувам работи што нормално неможам да почуствувам, и можам да се согласам до некаде J
Буди емоции бендов. Гнев, смиреност, рамнодушност, сето тоа можеш да најдеш во една песна
Можеби е само до мене а можеби ме маваат feel trips ама сума сумарум бендов е одличен и заслужува таа фама што ја има стекнато

П.С 4 албуми се и се слушаат наеднаш, си ги ставаш во телефонче и на слушалки нека пука :B

(ви ги кладов линковите од комплет албуми за Pluh да неможе да постира песни :sneaky: )

--- надополнето: 13 септември 2013 во 00:28 ---
и за тоа како вокал Мејнард е маестрален во живо :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom