Dumbledore
...
- Член од
- 24 октомври 2013
- Мислења
- 12.192
- Поени од реакции
- 26.997

Тема за еволуцискиот тек на музиката, ќе промешаме вкусови и стилови, ќе се потсетиме на некои подзаборавени песни и ќе се подружиме малку со музиката.
Правилата се едноставни: споделуваме една песна на ден која е објавена во годината која е впишана во самиот наслов. Годината, хронолошки, за една, ќе се менува еднаш неделно. Така, наредна недела ќе постираме песни од 1961-ва година. Се надевам дека ќе дојдеме и до 2022 (односно 2023) на крајот на оваа музичка одисеја.
Може да се пишуваат и импресии за песната, за спомени од истата, за емоциите кои ги буди во вас, па и критики. Може да се напише нешто за формирање или распаѓање на некој бенд, издавање на албум, или раѓање или починување на одреден член од бенд, музичар, продуцент...во таа конкретна година. Може да се постираат и слики и интересни податоци за одреден бенд, настан или пејач од таа конкретна година, само мора да има и песна, сепак е Музика.
Очекувам од модераторите активно асистирање за бришење на неадекватните песни, редовно менување на насловот за да не настане конфузија и откако ќе заврши циклусот, за ја затворат оваа тема, а не репетиторно да ја започнат од почеток затоа што ќе се загуби нејзината смисла.
Да почнеме: