Морал

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Едно прашање, дали има систем на морални вредности кај тебе?
Секако дека има, се што намерно ќе повреди некого, без да има причина која го тангира животот на оној што повредил, за мене е неморално. Тука не ги вбројувам самоодбраната и борбата против опресија и тиранија.
Значи секој акт со кој некому се нанесува страдање и болка а тоа не е поради директно и непосредно отстранување на опасност од себе си и својот начин на живот, за мене е акт на неморалност.
 
Последно уредено:

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
Моралот е апсолутен. Како и секоја друга свест (интелектуална, емотивна, сетилна) така и моралната свест се темели на апсолутно важечки принципи независни и од поединецот и од времето и од местото. Меѓутоа, исто како што интелектуалната свест не е подеднакво јака кај секого иако логиката како основен принцип има апсолутно важење, исто така и кај моралната свест постои градација. Моралните принципи за некого се појасни за друг позамаглени. Сепак најголемиот дел од луѓето поседуваат релативно јасна морална свест. Дури и кога постапуваат неморално тие се свесни дека нивните постапки не се баш најчесни но си имаат оправдување - сите прават така...

Засега толку. Кратко е ама е доволен доказ дека принципите на моралната свест се апсолутни.
Свеста е една и она ги рефлектира сите аспекти од твоето постоење => медитација погледни го видеово, топло ти го препорачувам ако не си го гледал.
Моралните принципи кои ги кажуваш уствари се суштината на супер егото кое е коректорот и можеби можеш да го изедначиш со душата. Постојат повеќе личности во главите на луѓето, повеќе ега а едно супер его, и во зависност од ситуација(хормонални нивоа) доминира некое од нив.....
 
Член од
16 јануари 2018
Мислења
78
Поени од реакции
63

Да не ги релативизираме работите. Темата на мојот пост е апсолутноста на принципите на кои се темели моралната свест. Дали поседуваш некаков конкретен доказ дека моралот е нешто релативно, зависно од постојните друштвени конвенции? Не негирам дека такви конвенции постојат. Меѓутоа сметам дека моралната свест не е исто што и друштвената конвенција.
 
Цело време на темава беа посочувани примери за релативност на моралот. Прашањето е дали ти имаш било каков доказ или пример за апсолутност на моралот?
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
Да не ги релативизираме работите. Темата на мојот пост е апсолутноста на принципите на кои се темели моралната свест. Дали поседуваш некаков конкретен доказ дека моралот е нешто релативно, зависно од постојните друштвени конвенции? Не негирам дека такви конвенции постојат. Меѓутоа сметам дека моралната свест не е исто што и друштвената конвенција.
Во право си за повеќето работи кои ги кажа овде. Проблемот е во терминологијата, јас те разбирам потполно арно ама ретко кој друг те разбира. Моралот не е релативен од проста причина што истиот Бог живее и во мене и во тебе. Некој ќе рече не е така....пак, проблемот е семантички на крајот на краиштата.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Во право си за повеќето работи кои ги кажа овде. Проблемот е во терминологијата, јас те разбирам потполно арно ама ретко кој друг те разбира. Моралот не е релативен од проста причина што истиот Бог живее и во мене и во тебе. Некој ќе рече не е така....пак, проблемот е семантички на крајот на краиштата.
Како може нешто да е апсолутно а да е ограничено со дуален концепт како што е моралноста? Ако постои моралност, автоматски значи дека постои и неморалност. Тоа значи перспектива или гледна точка што е дуална - поларизирана, слично како и кај добро - зло, погрешно - исправно итн, итн.
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
Како може нешто да е апсолутно а да е ограничено со дуален концепт како што е моралноста? Ако постои моралност, автоматски значи дека постои и неморалност. Тоа значи перспектива или гледна точка што е дуална - поларизирана, слично како и кај добро - зло, погрешно - исправно итн, итн.
Решението на проблемот е следново:
Кога си успан си неморален.....без разлика дали си под влијание на супер егото или не, тогаш Бог не е условно речено. Или Бог функционира успан, а тогаш постои дуалноста.
Кога си буден тогаш си морален, нема неморал тука....тогаш Бог е.
Првиот пост на темава ми беше околу ова.
 
Ова е исто како да речеш брзината на светлината е апсолутна, ама само кога(наведуваш некава причина) тогаш не е.....
Ако нешто е апсолутно, нема ама, или е или не е. Не може жена да биде малку трудна, или е трудна или не е.
 
Член од
16 јануари 2018
Мислења
78
Поени од реакции
63
Цело време на темава беа посочувани примери за релативност на моралот. Прашањето е дали ти имаш било каков доказ или пример за апсолутност на моралот?
Сите наведени примери се однесуваа на усвоени друштвени конвенции. Мојот доказ се уште јасно стои во претходните мои постови.
Автоматски споено мислење:

Во право си за повеќето работи кои ги кажа овде. Проблемот е во терминологијата, јас те разбирам потполно арно ама ретко кој друг те разбира. Моралот не е релативен од проста причина што истиот Бог живее и во мене и во тебе. Некој ќе рече не е така....пак, проблемот е семантички на крајот на краиштата.
А доказот?
Автоматски споено мислење:

Како може нешто да е апсолутно а да е ограничено со дуален концепт како што е моралноста? Ако постои моралност, автоматски значи дека постои и неморалност. Тоа значи перспектива или гледна точка што е дуална - поларизирана, слично како и кај добро - зло, погрешно - исправно итн, итн.
Тоа што постои апсолутна логика не значи дека не постои дуалноста лага - вистина.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Сите наведени примери се однесуваа на усвоени друштвени конвенции. Мојот доказ се уште јасно стои во претходните мои постови
Цитирај го, посочи го. Не видов никаков доказ дека моралот е апсолутен.
 
Член од
16 јануари 2018
Мислења
78
Поени од реакции
63
Ова е исто како да речеш брзината на светлината е апсолутна, ама само кога(наведуваш некава причина) тогаш не е.....
Ако нешто е апсолутно, нема ама, или е или не е. Не може жена да биде малку трудна, или е трудна или не е.
Примерот е бесмислен. никој никогаш не тврдел дека брзината на светлината е апсолутна. Од каде оваа информација?
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Примерот е бесмислен. никој никогаш не тврдел дека брзината на светлината е апсолутна. Од каде оваа информација?
:pos: Човече.....и после сум бил непринципиелен кон ,,своите гости"
Убаво реков, зошто не си одите во играчница и таму да си броите до 1000?
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
Ова е исто како да речеш брзината на светлината е апсолутна, ама само кога(наведуваш некава причина) тогаш не е.....
Ако нешто е апсолутно, нема ама, или е или не е. Не може жена да биде малку трудна, или е трудна или не е.
Мислам дека бев јасен, таа е природата на реалноста.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Мислам дека бев јасен, таа е природата на реалноста.
И јас бев јасен, ако зборуваме за апсолутност, дуалноста нема место во таков концепт. Како човекот ги доживува нештата е човечка перцепција а таа е далеку од апсолутност.
 
Член од
16 јануари 2018
Мислења
78
Поени од реакции
63
Цитирај го, посочи го. Не видов никаков доказ дека моралот е апсолутен.
Секој што има јасна морална свест ја знае разликата помеѓу добро и лошо, праведно и неправедно, чесно и нечесно...и од постојните историски сведоштва се гледа дека тоа било така во секое време и на секое место кај луѓето кои имале појака морална свест. Но постојат и друштвени конвенции кои го извртуваат вистинскиот морал во друштвен морал кој некогаш е, но почесто не е во склад со апсолутните морални принципи. Тоа не го негира постоењето на апсолутните морални принципи.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom