Морал

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.196
Поени од реакции
12.541
Наведував факти. Твојов одговор не е одговор на тие факти туку некаква псевдофилозофија.
Баш напротив, се што кажав се факти. Ако тврдиш дека нешто е зло, тоа значи дека истото е грешка, промашување, не е нужно, т.е. неопходно за големиот дизајн. А ако тврдиш дека дизајнот т.е креацијата е дело на безгрешен и совршен креатор, тогаш апсурдно е да тврдиш дека постои нешто кое може да се квалификува како зло. Ова не е само факт, туку и елементарна логика.
 
Член од
16 јануари 2018
Мислења
78
Поени од реакции
63

Na koe tvrdenje od mojot post odgovaras? Na sekoj razumen covek mu e jasna razlikata pomegju poimite dobro i zlo.
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
7.845
Поени од реакции
8.576
Накратко, постојат три состојби во кои може да егзистира едно човечко суштество во однос на умот. На ниво на умот, под него и над него. На ниво на умот функционираат ~ 99% од луѓето, рестото е под и по некој ќе се најде што е над. Во првите две човекот е успан, во третата состојба човечкото суштество е буден.....како Буда :)
Како влегува моралот тука во комбинација.....
~ 99% од луѓето се наоѓаат во состојба на лажен морал....хипокризија, неможејки да се справат со читот што го прават они прераснале во мајстори во лажење на себе си.
Тие скоро 1% неможејќи да се лажат повеќе, потпомогнато од нивната искреност станале луди, односно паднале под нивото на умот.
Така сите оние искрени ќе станат луди а оние бараби ќе станат хипократи(хипокрити) како и да е.
Моралот наметнува надворешно адаптирање односно константно усогласување со колективни норми и правила, додека за возврат се случува внатрешно потиснување на сопствените(што и да значи тоа....цела наука е тоа за да се дојде до нив) принципи, желби и т.н.
Од таа гледна точка, како што пишав во темата за Телема не можеш никого да научиш ништо, односно тоа ќе биде лажно учење, во случајов лажен морал.
Постои состојба во која што човечкото суштество се наоѓа и од него извира моралот....сите свети книги, сите норми и правила ги донеле на светов тие луѓе....каква црна еволуција.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.196
Поени од реакции
12.541
Na koe tvrdenje od mojot post odgovaras? Na sekoj razumen covek mu e jasna razlikata pomegju poimite dobro i zlo.
Има една поговорка - Со инка не се става. Не си способен да разбереш што ти кажувам, затоа поштеди ме од реплики. На слеп да му објаснуваш што е виножито е залудно, слично е и на тебе човек да ти објаснува елементарна логика.
 
Последно уредено:
Член од
16 јануари 2018
Мислења
78
Поени од реакции
63
Моралот наметнува надворешно адаптирање односно константно усогласување со колективни норми и правила
Имаш погрешно сфаќање за моралот. Адаптирањето и усогласувањето со колективните норми и правила не само што не е морал туку најчесто е неморал затоа што колективните норми и правила најчесто се производ на неморално друштво.
Моралот почитува само едно правило - ненанесување зло.
Автоматски споено мислење:

Има една поговорка - Со инка не се става. Не си способен да разбереш што ти кажувам, затоа поштеди ме од реплики. На слеп да му објаснуваш што е виножито е залудно, слично е и со тебе.
Поговорката е точна. За жал веќе одговорив...
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
7.845
Поени од реакции
8.576
Имаш погрешно сфаќање за моралот. Адаптирањето и усогласувањето со колективните норми и правила не само што не е морал туку најчесто е неморал затоа што колективните норми и правила најчесто се производ на неморално друштво.
Моралот почитува само едно правило - ненанесување зло.
Ми го расцепка постот....и јас тоа го зборам. Само што треба да се дефинира што е тоа зло :D
Многу проблематична тематика...
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.196
Поени од реакции
12.541
Ми го расцепка постот....и јас тоа го зборам. Само што треба да се дефинира што е тоа зло :D
Многу проблематична тематика...
Доброто и злото се човечка перцепција за нешта и ситуации кои човекот не може да ги објасни и да најде цел или нужност за нивното постоење. Нема ништо апсолутно во тоа. Апсурдот во врска со ова е посебено нагласен кога концептот за добро и зло доаѓа како дел од концептот за Апсолутно битие или Господ. Нужноста ја елиминира идејата за зло, бидејќи ако за нешто има причина, истото не може да биде зло - злото по дефиниција значи промашување, грешка, непотребност.
 
Член од
16 јануари 2018
Мислења
78
Поени од реакции
63
Ај сега најди си некоја тема кај што не треба премногу мислење.
Пријателе, одамна ми е јасно дека муабетот најдобро ти оди кога си разговараш самиот со себе. Извини што ти попречив ама ти прв ме цитираше мене...
Автоматски споено мислење:

Ми го расцепка постот....и јас тоа го зборам. Само што треба да се дефинира што е тоа зло :D
Многу проблематична тематика...
И ти тоа истото го зборуваш иако немаш дефиниција за зло?! Малку нелогично. А што е всушност проблематично во разбирањето на злото. Дури и животните бегаат од злото без помош на дефиниција.
 
Последно уредено:

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.196
Поени од реакции
12.541
Пријателе, одамна ми е јасно дека муабетот најдобро ти оди кога си разговараш самиот со себе. Извини што ти попречив ама ти прв ме цитираше мене...
Како да ти објаснам најпластично.....немаш среќа кога е во прашање размислувањето. Јас со аргументи ти објаснувам зошто злото е човечки концепт и нема ништо апсолутно во тоа, ти ми велиш дека тоа било квазифилозофија и дека немало човек што не правел разлика помеѓу добро и зло. Ако немаш капацитет да ја согледаш апсурдноста во тоа да припишуваш човечка перцепција како репер за апсолутен концепт, тогаш не си кадарен за дискусија на темава. Оди во подфорум играчница и број до 1000 или занимавај се на некоја слична тема.
 
Член од
13 јуни 2009
Мислења
727
Поени од реакции
369
metafizicki moralot vo otvoren sistem kako univerzumot mozi moral ne postoi ,postojat fizicki zakoni hemiski bilo kako procesi , vo zatvoren sistem kako opsestvoto ljudsko zbrot moral postoi , i spored toj zbor odredeni morali zakoni pravila se zasledeni od masata ,i se dobiva porazlicno opsestvo podobro poloso zavisi, znaci zborot kako moral postoi i site vo nego, i ima vlijanie vrz procesite, znaci postoel golem nemoral, i analogno na toa se stvorila potreba od obraten zbor moral za poslozeno razvivanje od poprimitivnoto kon poneprimitivnoto .za polesno podobro zivveenje i razvivanje ,se do postignuvanje na najgolem stepen moral ili snigularity :)
 
Последно уредено:

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.376
Првин би го анализирал моралот од религиски аспект. Највпечатлива карактеристика за религиозниот морал е догматскиот фаличен став дека тој е апсолутен. Затоа религиите се во постојан конфликт со социјалните и културни промени што ги носи времето. И не само времето, туку во конфликт се и со моралот на останатите религии.

Нема пофаличен став од неверничкиот став дека моралот не е апсолутен. Сега, не ти преостанува ништо друго, туку да почеш да ја препреповторуваш „тезата„ дека „слободната волја не е факт„.

Или, уште послободно, можеш „до зла бога„ да релативизираш се‘ што е историски и емпириски познато од областа на моралот и етиката и да живееш во заблудата дека се‘ е тоа релативно, кое „као„ зависело де од ова, де од она...

Тоа што религиите се во конфликт, тоа само по себе е доказ дека нивните вредносни системи се суштински различни и секој обид за наметнување на нечии вредности на оној другот, тој „другиот„ реагира соодветно, бранејќи го своето.

И за крај, да не заборавиме дека староенската етика е липсана, а на сцена е стапена најновата бајато-еонска етика, без морални начела, во кои се‘ е релативно и се‘ е допуштено, без никакви ограничувања па токму затоа и живееме во времиња кои се исторски веќе познати и веќе видени, но спакувани во модерена амбалажа...За да не се сетат Власите.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.196
Поени од реакции
12.541
Нема пофаличен став од неверничкиот став дека моралот не е апсолутен. Сега, не ти преостанува ништо друго, туку да почеш да ја препреповторуваш „тезата„ дека „слободната волја не е факт„.
Е ај да го провериме ова тврдење. Дали робството денес е морално или не? Одговори ми.
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
3.543
Поени од реакции
9.357
Моралот е апсолутен, независен од времето и местото и од постојните друштвени и религиозни конвенции. Моралот се состои од желбата да се прави добро или барем да не се нанесува зло на било кое друго живо суштество. Моралот е или вродена или стекната карактерна особина, кај некои присутна во поголема а кај други во помала мера. Спротивност на моралот е склоноста за личното добро и благосостојба која наложува сите можни физички и умни способности да се искористат само за себе или за она што се смета за дел од себе - семејство, род, нација, раса.... . Кај човекот постои и друга спротивност на моралот а тоа е желбата да се нанесува зло. Во овој случај или се работи за душевна пореметеност или за чувство на правда кога е одмазда за нанесено зло.
Моралот апсолутно не е апсолутен, види ја погоре сликата со двете жени, потоа запрашај се зошто во Индија не се јаде месо од крава т. е. е религиска догма, зошто во исламскиот свет не е морално ако жената не е прикриена или пак конзумација на свинско месо итн. Моралот се обликува во согласност со потребите на заедницата, социо културолошките прилики, развојот на заедницата, технолошкиот развој, религиски прилики и е зависен од времето.

Моралот е далеку од вродена карактерна особина, туку е општествен инпут врз единката. Овде би ги исклучил психопатите.

Личното добро и благосостојба не се коси со моралот.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.376
Е ај да го провериме ова тврдење. Дали робството денес е морално или не? Одговори ми.
Е ај ќе ти одговорам, а после ти ќе ми одговориш дали ропството воопшто е укинато...

Ќе ти текне...
Автоматски споено мислење:

Моралот апсолутно не е апсолутен, види ја погоре сликата со двете жени, потоа запрашај се зошто во Индија не се јаде месо од крава т. е. е религиска догма, зошто во исламскиот свет не е морално ако жената не е прикриена или пак конзумација на свинско месо итн. Моралот се обликува во согласност со потребите на заедницата, социо културолошките прилики, развојот на заедницата, технолошкиот развој, религиски прилики и е зависен од времето.

Моралот е далеку од вродена карактерна особина, туку е општествен инпут врз единката. Овде би ги исклучил психопатите.

Личното добро и благосостојба не се коси со моралот.
Кон болдот; посочи ми, на кој начин техолошкиот развој влијае врз обликувањето на моралните начела.
 
На врв Bottom