Што имаат боговите со тоа кој, кога, каде и колку пати ти некој љубиш? Мислам, што е проблемот со тебе, па кога се зборува за морал ти одиш во екстремни случаи и споменуваш убиства, прељуба, лажење - кога е факт дека човек што лаже, кој би сакал со таков да има било што? Посебно ако го фатиш дека лаже само за да си ја задоволи гладта пред некој бог во кој што верува?
Измислувањето сказни за другите е неморалност, како што правеше ти во темите на подфорумот Религија, само за да го оправдаш христијанството како најсветлата точка во историјата на човештвото и како сеуште сето тоа таму важи и за нас, денес!
Тоа е неморално! Обично човечко дејствување заради некоја подмолна цел.
Ти расрпаваш и досадуваш што е морал, а се повикуваш на тоа дека Исус Христос, еден од тројца, двајца без никој - ти дал морал во света книга и тоа е апсолутноста... како претходно и потоа не постои ништо освен ова што ти го прифаќаш за вистина преку верување!
Ајде малку прибери се и симни се од облаци, подалеку од верувањето на боговите што ти кажале и како ти си веруваш...