Имам одено во теретана 2008-2010, ама тогаш бев послаб од сега. И генетика игра улога...
Иначе не правам високи повторувања него го варирам темпото, пример за склекови 4 секунди спушташ, 2-3 секунди држиш доле, 4 секунди се креваш нагоре, 2-3 држиш, и така до отказ, обично до кај 10-12 склека паѓам.. Исто важи и за било која друга вежба кај која се прават над 12 повторувања со нормално темпо. Мислам дека тоа е трикот, што вика Stef да кинеш мускул, иначе отпор си е отпор дали е од тег дали од нешто друго нема врска. Нормално со тег полесно се достигнува тој отпор, коа немаш тежини мора да импровизираш.