10.01.2013, 17:35
Раздолжени или пак задолжени
Дали сме раздолжени или пак задолжени?
И може ли некој да го следи во чекор министерот за финансии Зоран Ставрески. Во рок од само неколку дена информациите за тоа колку земјава вратила, а колку повторно позајмила ги збуни и најдобрите математичари и економисти.
Министерот бомбастично објави дека сме се раздолжиле кон странските кредитори, не целосно, туку се исплати еврообврзницата од 183 милиони евра, земена во 2009 година, за која се платија камати од 50 милиони евра за три години.
Оваа екстремно скапа еврообврзница очигледно треба да послужи како пример, како државата не треба да се доведе во безизлезна ситуација за да мора да влезе во такви скапи задолжувања, кои стасуваат брзо за наплата.
Истиот ден кога се исплати оваа скапа еврообврзница, на домашниот пазар Владата позајми рекордни 130 милиони евра. Веднаш и врати, околу 90 милиони евра. А тој ден кога им се враќаа парите на домашните кредитори, пак, како порачана стигна гаранцијата од Светска банка за новиот кредит што ќе го земе државава од 250 милиони евра.
Лесно е со позјамени пари да се одржат ветувањата, ама и тие еден ден ќе стигнат за исплата. Велат колку и да изгледа лесно задолжувањето од денешна перспектива, враќањето на тие пари може да биде многу тешко. Бидејќи без нов долг излегува дека не може да се врати стариот.
За враќањето на 183 милиони евра, Владата мораше да позајми нови 250 милиони евра од Дојче банк. Тие пак ќе се отплаќаат во два дела и тоа првиот после пет, а вториот по седум години.
Позната е изреката дека позајмените пари многу лесно се трошат, ама тешко се враќаат. Така е и со заемот што пред последните парламентарни избори го зема државата од ММФ. Пред година и пол Владата повлече 220 милиони евра, а веќе од в година ќе треба овие милиони евра од ММФ да почнат да се враќаат.
*****
И сега раздолжени сме или пак задолжени ???
Зема 130 милиони - врати 90 милиони
Зема 250 милиони - врати 183 милиони
Мене не ми оди математиката или......