На краток рок ќе се зголеми невработеноста, на среден и долг рок ќе се намали, бидејќи парите што ќе се ослободат за приватниот сектор ќе значат нови вработивања во реален сектор.
Дали ќе добие, можеби. Од една страна, ќе се добие голем број неквалификувана раб сила за која ќе се потребни милиони за преквалификација, социјални исплати, здравствено, отпремнини (како и да се нарекуваат) со што буџетот баш и нема да се растерети, а на таа сметка ќе се зголеми бројот на невработени па опасно ќе се доближиме 50 и 60% невработеност. Ако стапка на невработеност на лица 55-64 години (
од дзс) е 65%, истиот ќе се зголеми на % колку невработеноста во Зимбабве (над 90%). Да не зборуваме за % на криминал, уште поголемо намалување на финансиската моќ (а со тоа пропаѓање на уште еден бран приватни фирми) на семејствата и други социјални придобивки од оваа метода.
Од друга страна точно дека од таа маса ќе се добијат нови невработени кои приватниот сектор ќе може да ги користи, не да ги апсорбира, не за нови раб. места туку за поголема заработка. Можеби затоа и приватниците толку се за отпуштање (покрај за намалување на буџет), за да добијат што поголем % раб. сила со што помали плати и права. Друго прашање е кого би отпуштиле. Оние примени со книшка скоро невозможно. Остануваат неутралните и противниците со што ќе се изврши уште една голема дискриминација и уште полоша администрација при што на првата промена на власта ќе извршат рокада...и се така во недоглед.
За мене едино решение е отворање на границите односно слободен меѓународен пазар на раб. сила, а тоа ќе го добиеме најверојатно ако станеме членка на ЕУ. Затоа што капацитетот на вработувања во приватен сектор во Македонија е тој, повеќе помалку наводно барани се уште 4000 работници (за кои нигде нема инфо каде се барани). Никој не отвора голема фабрика или агрокомбинат кои ќе апсорбираат 5-10.000 работници.А барем за делумна апсорпција на невработените и дел од администрацијата потребни се неколку десетици гиганти што е неможно.
Но според тоа како се одвиваат работите, ниту владата посебно работи на доближување до ЕУ, најверојатно ниту најголем дел од приватниот сектор се заинтересирани.