Може ли Македонија да ги врати воопшто кредитите што ги зема?

Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.806
Поени од реакции
6.246
Нови задолжувања на државата- овој пат за 22,4 милиони евра

23/01/2013 // Пред 13 минути // ЕКОНОМИЈА
Вчера Министерството за финансии ја продадена севкупната понуда на државни хартии од вредност со износ од 22,4 милиони евра во вкупно три аукции. Според изјавите од Централната банка, продажбата на 1,18 милијарди денари (19,2 милиони евра) во тромесечни државни записи беше остварена со купон од 3,6 отсто. Државни обврзници во износ од 60 милиони денари без девизна клаузула беа продадени со купон 5,35 отсто, а државни обврзници со девизна клаузула во износ од 135 милиони денари беа продадени со купон од 5,15 отсто
http://faktor.mk/archives/23549
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
И еве нешто,што е поврзано со задолжуването, поточно трошенето на задолжуването.
Ранг листа на трошенето на државните буджети на државите от гледиште на информираност и отвореност.
http://survey.internationalbudget.org/#rankings
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.806
Поени од реакции
6.246
И еве нешто,што е поврзано со задолжуването, поточно трошенето на задолжуването.
Ранг листа на трошенето на државните буджети на државите от гледиште на информираност и отвореност.
http://survey.internationalbudget.org/#rankings
Macedonia (MK)

2008:Score: 54
2010:Score: 49
2012:Score: 35

Ова знали дека секоја година паѓаме се подолу, ако разбирам добро :) ?
А на пример Уганда:

Uganda (UG)
2006:Score: 32
2008:Score: 51
2010:Score: 55
2012:Score: 65

--- надополнето: 23 јануари 2013 во 13:57 ---
Е не , ќе се заебаваме, ќе им даваме на други да ни го гледаат есапот...
И јас дома не им давам на комшии да гледаат што трошам и како трошам:)
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.806
Поени од реакции
6.246
Внимателно со јавниот долг
Воопшто не се нови и непознати предупредувањата дека користењето на странските кредити е меч со две острици. Односно, дека е убаво кога странските девизи легнуваат на државно конто и кога владите ги трошат според сопственото наоѓање, но во годините што следуваат нивното враќање може да биде многу непријатно, особено доколку во тој период на економијата на државата не и' оди сјајно како што очекувала, па не може да обезбеди девизи за исплата. Токму тогаш стапуваат на сцена оние болни буџетски мерки, кои или значат кратења плати на административци, на пензии, на субвенции, или зголемување на даноците.

Без намера да се прејудицираат вакви сценарија, реално е да се каже дека се пак постојат ризици од таков тип. Сугестиите да се внимава со задолжувањата особено се препознаваат како добронамерни кога доаѓаат во пакет со пораката дека зајмените пари треба да се трошат за продуктивни проекти, или народски кажано за енергетика, за патишта..., бидејќи само тие можат да го турнат напред економскиот раст и така да осигураат непречена отплата на позајмената странска финансиска инфузија.

Досега во Македонија беа изречени серија вакви сугестии, и не само од опозицијата, туку и од многу видни експерти, поранешни министри за финансии и гувернери.

Но, можеби вреди да се одбележи една порака што деновиве имавме можност да ја чуеме од еден сериозен стручњак, висок претставник од Европската централна банка.

Господинот Френк Мос, директор на Генералниот директорат за меѓународни и европски односи во ЕЦБ порача дека „земји кои се потпираат на надворешно финансирање, дали во овој регион или во еврозоната, треба да спроведуваат политики кои спречуваат развивање прекумерни надворешни нерамнотежи и ескалација на нивоата на приватен или јавен долг“.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=C57906283C997B4BB14C6AA5B8818B9C
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.886
Поени од реакции
12.421
Главни препораки за Македонија
  • треба да почне да креира граѓански буџет и предбуџетско соопштение
  • треба да се зголемат опфатот и информациите што ги обезбедуваат полугодишните и годишните извештаи за буџетот за потранспарентно следење на имплементирањето на буџетот
  • неопходно е креирање механизми и можности за вклучување на јавноста во дискусиите за буџетот и буџетскиот процес
Финска „Демократија“ за случувањата во Македонија:
...владата потрошила повеќе од 350 милиони евра во проектот Скопје 2014 и трошела многу пари на рекламни кампањи во медиумите“, се вели во текстот...
Во текстот понатаму се објаснува што всушност претставува проектот Скопје 2014, за неговата моноетничност и како властите ги трошат парите на граѓаните за неесенцијални проекти во услови на многу слаба економија.
Во последните неколку години, пишува весникот, владата го зголеми државниот долг со цел да го одржува системот на клиентелизам. Членството во владејачката партија е услов да се добие работа во јавната администрација, а за возврат партијата ја добива поддршката. Како што економската ситуација се влошува, постои опасност од губење на ресурсите за одржување на системот на клиентелизам.
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.806
Поени од реакции
6.246
Во целост интервју со Петар Ѓошев....
Приказ на економската ситуација без розовите наочари.....

Интервју - Станавме измеќари на меѓународниот капитал

Индиецот Субрата Рој најави изградба на суперлуксузен туристички комплекс во Љубаништа и споменик на Мајка Тереза. Дали сте фасциниран од овие ветувања?
Фасциниран сум од нешто друго - од длабочината на незнаењето и нечесноста на нашите управувачки елити, од свесното и/или несвесното предизвикување непоправливи загуби за својот народ. Наместо трескавично да молат да дојдат странски инвеститори, треба да имаат елементарна анализа за добивките и штетите од секоја странска инвестиција и јасна стратегија за среднорочните и долгорочните ефекти од нив.

Можете ли да го илустрирате тоа со неки примери?
Секако. Пред продажбата, скопската Рафинерија работеше со загуба. Загубата беше затоа што Владата ги држеше цените на дериватите под контрола, без редовно усогласување со берзанската цена на нафтата. На странскиот купувач му се даде тоа право - без тоа никој не е луд да инвестира во објект со планирана загуба. Државата се обврза секоја година да го откупи секое количество мазут до 500.000 тони, коешто нема да го продаде на пазарот. Исто така, речиси му подарија траса за да изградат нафтовод од Солун до Рафинеријата, со повисоки транспортни трошоци од претходниот транспорт вршен преку „Македонски железници“. Апсурд, но е корисно да се скрие добивка за помалку да се плати данок на државата. Бројот на вработените го намалија, добивките, нормално, се зголемија. Значи, ним добивките, нам помалиот број вработени и големото загадување, зашто секоја влада е уценета со задолжителниот откуп на непродадениот мазут.

Потоа беа продадени „Македонски телекомуникации“, монопол, кој во социјализмот, со превработеност и неколку пати пониски цени, правеше добивки меѓу 100-150 милиони германски марки. А потоа, намален број вработени, неколкукратно повисоки цени, подмитени функционери кои им го чуваат монополот, а јавниот правобранител не може да утврди кои се тие. Билансот е јасен: нам отпуштените работници и повеќекратно зголемените цени, ним триплираните добивки, уставно изнесени од земјата.

Беше продадена и „Електродистрибуција на Македонија“. Тие ќе инвестирале, ние не сме можеле. Тие инвестираат, но сите пари и многу над тоа ќе се обезбедат од граѓаните и фирмите во Македонија, во спротивно, не би седеле овде ни ден. Бидејки е странска компанија, „излобираните“ функционери им изгласаа закон за 5-годишно робијање на сиромашните кои ќе бидат фатени во кражба на струја. Сега следува „надградба“ на овој проект. Катарците ќе стануваат сопственици на ЕЛЕМ. Ашколсум!

Странци ни ги купија и „прилепските мермери“ и цементарницата „Усје“, компании кои можат да работат со загуба само ако ги управуваат ненадминати апаши. Се пустоши народното богатство, а за еколошките кратери никој не плаќа. Положбата на вработените во нив никогаш не била полоша, заштита нема.

Своевремено беше донесен и „Рамстор“, да ни изгради хангар во центарот на Скопје, на парцела купена за само 25 германски марки и да ни ја продлабочи дупката во билансот на плаќања, слично како и „Веро“, само тој плати повеќе за земјата и на тезгите, има и по некој македонски производ.

Што ќе кажете за најновите странски инвестиции?
Со „новиот бран“ политичари се вжештија индустриските зони како главен белег на економскиот модел на сегашната Влада, покрај „Скопје 2014“. Државата троши даночни пари за изградба на инфраструктурата, за возврат, главно, во првата декада, не бара даноци. Задоволна е со по неколку стотици вработувања и не се грижи што има дијаметрално спротивни аршини кон домашните инвеститори, кои згора на тоа мора да трпат рекетирање по разни основи - партиски, лични, верски. А откако ќе завршат годините на даночниот рај, голем дел од нив, како што докажано прават, ќе побараат нов даночен и еколошки рај. Во таа низа е и најавената инвестиција на Субрата Рој, крајно нетранспарентна инвестиција во најава, договарана во четири очи, без јавен меѓународен тендер. Не знам што нему му е ветено дека ќе плаќа и нема да плаќа, но бездруго ќе ни вработи еден број келнери и келнерки и ќе отвори еколошка дупка во нашиот најубав и најскап резервоар на вода и природна убавина, вода која можеби по 5-10 децении ќе биде фактор број еден за наше преживување. Преспанско Езеро се губи, Дојранско е повеќе бара одошто езеро, неслучајно го нарекуваат „ѓољ“. Ќе се префрлиме, можеби на најновата надеж, Дунав – Морава – Вардар - Егеј.

Ова прозвучува како да сте против странски инвестиции?

Може така да се разбере, но тоа не би било точно. Со примериве сакам да кажам дека во процесот на глобализација има добитници и губитници. Ние сме, убедливо, губитници. Ние сме дел од таканаречената асиметрична глобализација. Продаваме се', и тоа најдоброто, а не купуваме ништо. На тој начин ние стануваме само измеќари на меѓународниот капитал: нашите во странство за надница, нашите дома за надница, уште помала, и тоа додека не им текне да најдат некој друг инвестициски рај. Реки пари истекоа надвор од нашата економија и народ од неукост и корумпираност, а министерот за финансии не трепнува, велејќи дека сме заштедиле десетици милиони евра затоа што ако не сме го „лапнале“ кредитот со камата од околу 5 отсто, тој и неговата Влада ќе не' задолжеле со кредит со камата од 10 отсто, трето немало?

Сакате да кажете дека овие инвестиции не го зголемија нашиот БДП?
Овие инвестиции влијаеја на зголемување на БДП, но не или трошка на БНП (бруто националниот производ).

На кој начин?
Еве како. Некаде до 1990 година стандардна мерка за економските остварувања беше бруто националниот производ (БНП), грубо кажано, вредност еднаква на бруто приходите на граѓаните на една земја. Потоа се премина на БДП (бруто домашниот производ), вредност на производите и услугите произведени во една земја. Во изолирана земја, без размена со странство, овие два индикатора се исти. Во што е суштината. Ако дел од вредноста на производите и услугите излегол надвор од земјата, БДП не се намалува, пресметан е пред тие вредности да излезат од земјата, но БНП се намалува. Значи, приходот на странските компании остварен во земјата целосно влегува во индикаторот БДП, но излезениот дел од приходот од земјата се покажува како намалување само во БНП. А населението во една земја живее од тоа што останало во неа.

Зошто и покрај поволностите што се нудат и големиот број презентации во светот, странските инвестиции се мали?
Не е доволно да им понудите само пониски даноци и други олеснувања. Битни се и други фактори: функционирањето на вкупниот економски и политички систем, големината на пазарот и куповната моќ на населението. Не е доволно да им кажете - „ние сме на раскрсница“, а истовремено да велите - ние им даваме приоритет на локалните патишта, таму поминувале повеќе луѓе? Тоа значи дека на „раскрсницата“ сте и' ставиле крст, а крстовите служат за молење и исповед, а не за работа. Над сето тоа, би рекол клучно, е како ја проценуваат вашата политичко-безбедносна состојба, тековно и во перспектива.

Пред извесен период предизвикавте бура во јавноста. Рековте, јавниот долг не е 30, туку 45 отсто. Стоите ли уште на кажаното?

Тоа што го реков бездруго е точно. Јас не ја измислив дефиницијата за вкупниот јавен долг, туку Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд. Ги собрав сите одделни компоненти што го сочинуваат вкупниот јавен долг и резултатот е тоа. Но, на Владата и' се најбитни перцепциите на јавноста, не стварноста. Перцепциите, за жал, ги добиваат изборите, не стварноста. Затоа на веб-страницата на Министерството за финансии стои само долгот на централната Влада и тоа нецелосно.

Се смета дека побитно од висината на долгот е прашањето на што се потрошиле парите.
Клучно е каде одат парите. Врби, споменици и административни згради, ако се од домашниот пазар, влијаат во дадениот момент на тековниот БДП, но не го зголемуваат неговиот потенцијал за раст. А делот од кредитите кој веднаш се насочува за плаќања во странство, вклучително и за автобуси, бронзи од Фиренца, восочни фигури од Украина и слично, не влијае ниту еднократно врз растот на БДП. Кога доаѓа време за враќање, тоа влијае врз намалување на агрегатните индикатори, какви што се БДП и БНП.

На што се должи финансиската и вербалната подршка што ја добива Владата од финансиските институции, пред се', од Светска банка?
Тие институции живеат од давање кредити. На нивните списоци има армија луѓе со огромни плати, висини од кои боли глава. Не можат да дадат кредити, а да кажуваат дека ги даваат во „бунар“. Освен тоа, проценуваат дека Македонија може да позајмува, уште малку, но, видовте и дека почнаа да предупредуваат. Ако пак се случи да заглавиме, ете повторно работа за нив. Ќе не' спасуваат, ќе ни диктираат услови и ќе не' контролираат. Ќе ни бидат Влада, неизбрана на избори, ќе ни го одземат и она трошка суверенитет што ни остана. Домашните претставници на нашиот суверенитет тогаш ќе бидат можеби на Малдиви, на Кајмански Острови, со накривени капи за сонце, додека не им заборавиме.

Свежи се сеќавањата на 24 декември. Зошто мораше буџетот да се изгласа до крајот на 2012 и да не се оди на привремено финансирање?
Скандалот и срамот од 24 декември, свежо или несвежо, нема да се заборави. Тој влезе во нашата тажна историја, заедно со актерите. Усвојувањето - неусвојувањето на буџетот беше прашање за Владата, да се биде или не. Доколку не поминеа задолжувањата во странство, целата популистичка структура ќе им се струполеше врз глава. 2013 ги дочека со достасан долг од најмалку 250 милиони евра. Почнато, а незавршено „Скопје 2014“, пензии кои треба да се зголемат по сила на закон и ветувања над тоа, исплата на т.н. земјоделски субвенции формирани на ниво чие намалување има голема политичка цена, долгови кон компаниите кои не можат веќе да се кријат, а приходната страна на буџетот е се' послаба. Се разбира, тие ја произведоа таа состојба и тоа не им дава право на насилство врз пратеници и новинари. И ним им е јасно дека ја прекршија процедурата. Секој непристрасен суд би ги поништил тие одлуки.

Како би постапиле доколку сте на местото на Бранко Црвенковски?
Ситуацијата е крајно деликатна. Тепаните пратеници не можат да се вратат во тоа што се нарекува парламент, дури и со поголема политичка компензација. Нарачателот нема сам да се казни, а нема да ги казни ниту неговите амбициозни полтрони кои слепо ги извршуваат неговите заповеди. Ризично е отсуството од локалните избори. Европските функционери одамна не се на нивото на задачата што го бара проектот „Обединета Европа“. Пречесто се непринципиелни, со различни аршини за исти работи, мижат пред недемократски постапки, па дури и фашизоидни. Јасно е дека сакаат да ни помогнат да го прескокнеме Рубиконот, но не сум сигурен дека е здраво нивното калкулантство со елементарни кршења на човековите права и неретки недемократски постапки. Нема поважна цел од човековите права и слободи. Нема цел што го оправдува нивното жртвување.
 

Маршалот

Bianconeri
Член од
29 декември 2009
Мислења
2.091
Поени од реакции
2.398
Го достигна ли јавниот долг на земјава плафонот над кој понатаму не смее да се оди или, пак, не станува збор за високо ниво и Македонија се' уште има простор да се задолжува? Различни се првичните реакции на експертите со кои контактираше „Утрински“, откако беше објавено дека централната Влада минатата година ја завршила со вкупен долг од 2,55 милијарди евра, или 32,1 отсто од домашниот бруто-производ.

„За земја со ниво на развој каква што е Македонија, ова ниво на јавен долг веќе е плафон. Богатите држави можат да си дозволат повисока задолженост, на пример САД, дури и три пати повисоко ниво на јавен долг. Но, тоа не важи и за Македонија. Не е исто да е задолжен 30 отсто некој што зема плата од 10.000 денари, и да има долг од 30 отсто оној чии приходи, на пример, се еден милион денари. Вториов ќе има доволно и да ги враќа обврските без проблем и притоа да живее комотно“, објаснува Предраг Трпески, доцент на Економски факултет при УКИМ.

Тој смета дека со ова ниво на долг, Владата веќе треба да престане со надворешните задолжувања, а добро би било да се преземат чекори преку кои јавниот долг би се свел до ниво под 30 отсто од БДП.

Како во наредниот период ќе се плаќаат ратите што доспеваат, зависи од стапката на раст што ќе успее да ја оствари земјава. Ако Македонија обезбеди високи стапки, тоа ќе значи поголеми суми од даноци во државниот буџет, што ќе осигура непречено враќање на обврските. Но, проблеми може да се појават ако економијата продолжи да стагнира и оваа година, како што тоа се случи минатата. Иако податокот за БДП за 2012 се' уште не е познат, не се очекува дека економскиот раст се искачил многу над нулата. За годинава, пак, Владата предвидува два отсто, но Светска банка, на пример, очекува еден отсто економски пораст.

„Ако македонската економија продолжи да стагнира и оваа година, веќе од 2014 не знам дали земјава ќе биде способна да ги отплатува ратите, сметам дека тоа ќе оди тешко. Дури и во 2013, доколку не се обезбедеше странската кредитна поддршка од 250 милиони евра од Дојче банк, мислам дека ликвидноста ќе беше нарушена“, вели овој експерт. Трпески не гледа големи надежи дека оваа година Македонија ќе успее да оствари економски раст и странски инвестиции какви што посакува.

Поинаку во поглед на задолженоста размислува Љупчо Зиков, основач на „Капитал медија груп“. „И според теоријата и според праксата, ниво на јавен долг од 32,1 отсто не е високо и Македонија, реално, се' уште има простор да се задолжува. Јас не би ни цитирал за колку проценти нагоре може да се оди со задолжувањето, бидејќи тоа не е најважната тема во земјава. Најбитна работа, според мене, е како државата ги троши средствата од земените кредити, каде тие се насочуваат“, вели Зиков.

Според него, Македонија мора да отвори инвестициски циклус кој би бил многу посилен од сегашниов. „Секој став поврзан со овој тип на политики на Владата кој ќе оди во насока дека средствата треба да се користат за инфраструктура, за гасификација, за железничкиот сообраќај, за хидросистеми, па зошто да не и во натамошна изградба на Скопје ако таа биде продуктивна и квалитетно поставена, треба да добие поддршка. Лично сметам дека не е спорно ако државата во тој правец продолжи да се задолжува. Значи, има квалитетно задолжување и неквалитетно, и има здраво задолжување, и нездраво“, вели Зиков.

Тој смета дека ако Македонија се задолжува во овој правец, на долг рок не само што ќе може да ги враќа позајмените средства, туку ќе биде во кондиција и повторно да се позајмува. „Нема развој без инвестиции, а нема инвестиции без задолжување. Бидејќи, Македонија во изминатите години нема создадено голема акумулација и мора да се оди на задолжување за да се обезбедат средства за инвестиции“, објаснува Зиков.

Инаку, нивото на долг на централната Влада од 32,1 отсто е највисоко од крајот на 2006 година, кога долгот изнесувал 32 проценти.

Уште во јануари Македонија се раздолжи по основ на еврообврзницата, враќајќи 175 милиони евра. Министерот за финансии Зоран Ставрески тогаш изјави дека со оваа отплата долгот ќе се намали на 28,5 отсто од БДП. Таа промена ќе се регистрира во податоците за јануари. Сега се очекуваат средствата од новиот заем од 250 милиони евра од Дојче банк, кои ќе треба да бидат прокнижени во нивото на јавниот долг.

Инаку, Владата утре ќе се обиде на домашниот пазар да позајми 119 милиони евра. Веќе наредниот ден ќе треба да им врати околу 135 милиони евра на домашните банки.

Извор: Утрински Весник
 

Маршалот

Bianconeri
Член од
29 декември 2009
Мислења
2.091
Поени од реакции
2.398
Наместо планираните 118 милиони евра, владата прибрала 132 милиони евра. Машала убаво им тргнало.
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.806
Поени од реакции
6.246
Како економски се убиваат малите држави, нешто што треба да го прочита секој ( и да се замисли, ако веќе не сака да бара сличности со нешто познато...)

****
Uterivanje zemalja u dužničko ropstvo omogućavao je sistem koji funkcioniše po sledećoj šemi:

Najpre nastupaju ekonomske plaćene ubice; ukoliko ne uspemo da zavrbujemo šefove vlada ili predsednike država za naše ciljeve, na scenu stupaju ljudi zaduženi za svrgavanja vlada ili ubijanje lidera. I, tek onda šaljemo vojsku.

Džon Perkins je tokom mnogo godina bio vodeći svetski ekonomista, koji je na kreiranju globalne imperije radio direktno sa čelnicima Svetske banke, MMF-a i drugim svetskim finansijskim institucijama. Njegov posao sastojao se u ubeđivanju šefova država i vlada zemalja trećeg sveta, da pozajme dovoljno novca od globalnih finansijskih institucija kako bi se njihove zemlje našle u dužničkom ropstvu, posle čega bi se korumpirana elita u toj državi strahovito obogatila a resursi tih zemalja, njihova privreda i ekonomija, izvori vode i mineralni izvori – prepustili korporacijama

U isto vreme zemlja se optereti dugovima koje ne može da vrati i to je naš trenutak, onaj na koji smo čekali i računali. Tada se mi vraćamo u tu zemlju i kažemo: „Pošto ne možete da vratite dugove, vi ćete po ceni koju mi odredimo (a to je veoma niska cena i nipošto ne odgovara tržišnoj), prodati našim kompanijama svoje izvore nafte, najprofitabilnija preduzeća, izvore vode i mineralnih bogatstava. Ili: dozvolite nam da napravimo vojnu bazu na vašem tlu“.

Линк до една од книгите од човеков
http://www.mogi.co.rs/download/John Perkins - Ispovest ekonomskog ubice.pdf
--- надополнето: 10 февруари 2013 во 10:53 ---
Ако некој не наоѓа никаква сличност на ова со состојбата во МК, тогаш нека се држи до ставовите на Ставревски дека сме малку задолжена држава.
Па да го корегираме тоа......:facepalm:, да не биде така........
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.755
Поени од реакции
4.526
Како економски се убиваат малите држави, нешто што треба да го прочита секој ( и да се замисли, ако веќе не сака да бара сличности со нешто познато...)

****
Uterivanje zemalja u dužničko ropstvo omogućavao je sistem koji funkcioniše po sledećoj šemi:

Najpre nastupaju ekonomske plaćene ubice; ukoliko ne uspemo da zavrbujemo šefove vlada ili predsednike država za naše ciljeve, na scenu stupaju ljudi zaduženi za svrgavanja vlada ili ubijanje lidera. I, tek onda šaljemo vojsku.

Džon Perkins je tokom mnogo godina bio vodeći svetski ekonomista, koji je na kreiranju globalne imperije radio direktno sa čelnicima Svetske banke, MMF-a i drugim svetskim finansijskim institucijama. Njegov posao sastojao se u ubeđivanju šefova država i vlada zemalja trećeg sveta, da pozajme dovoljno novca od globalnih finansijskih institucija kako bi se njihove zemlje našle u dužničkom ropstvu, posle čega bi se korumpirana elita u toj državi strahovito obogatila a resursi tih zemalja, njihova privreda i ekonomija, izvori vode i mineralni izvori – prepustili korporacijama

U isto vreme zemlja se optereti dugovima koje ne može da vrati i to je naš trenutak, onaj na koji smo čekali i računali. Tada se mi vraćamo u tu zemlju i kažemo: „Pošto ne možete da vratite dugove, vi ćete po ceni koju mi odredimo (a to je veoma niska cena i nipošto ne odgovara tržišnoj), prodati našim kompanijama svoje izvore nafte, najprofitabilnija preduzeća, izvore vode i mineralnih bogatstava. Ili: dozvolite nam da napravimo vojnu bazu na vašem tlu“.

Линк до една од книгите од човеков
http://www.mogi.co.rs/download/John Perkins - Ispovest ekonomskog ubice.pdf
--- надополнето: 10 февруари 2013 во 10:53 ---
Ако некој не наоѓа никаква сличност на ова со состојбата во МК, тогаш нека се држи до ставовите на Ставревски дека сме малку задолжена држава.
Па да го корегираме тоа......:facepalm:, да не биде така........
Друже можно е сценариово кај нас ама во овој случај не лаже човекот.
Македонија е ниско задолжена земја 25% од БДП мислам дека што не значи дека ова изговор за поголемо задолжување.
Со ПАМЕТНИ КАПИТАЛНИ инвестиции нека земаат кредит колку сакаат парите ќе се вратат ама за градење статуи на плоштад да земаш кредит треба да си луд.(Океј си ги перат парите па може не се до толку луди)
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.806
Поени од реакции
6.246
И интервју за Лондонски Обсервер во 2001 година со Џозев Стиглиц, професор по економија на Станфорд, екс советник на Клинтон, екс претседател на Светска банка за обнова и развој

http://www.guardian.co.uk/business/2001/apr/29/business.mbas

Скратено, од друг сајт:
Перфидно смишљени сценарио је следећи: Прво се сними и детаљно анализира привредно и кадровско стање сваке државе која затражи финансијску помоћ за свој развој или опстанак. Након тога, Светска банка за обнову и развој влади дотичне земље уручује истоветан типизирани програм који садржи четири обавезна корака.

ПРВИ КОРАК - ПРИВАТИЗАЦИЈА
Прво што влада земље - жртве треба неодлжно да спроведе је приватизација, а посебно великих јавних и кључних индустријских подузећа која чине кичму привреде једне земље.
"Можете видети како им се разогаче очи на могућност добијањаа провизије ако се у процени вредности имовине великих јавних и кључних индустријских предузећа скине која милијарда или бар неколико стотина милиона долара" - каже професор Стиглиц.

ДРУГИ КОРАК - ЛИБЕРАЛИЗАЦИЈА
Након кампањски спроведене приватизације обавезно следи доношење законске регулативе о либерализацији тржишног капитала. Тај потез, теоријски посматрано, омогућује инвестицијском капиталу несметан улазак и излазак из земље. При томе, како показује искуство, у "земљу - жртву", улази релативно мало капитала, а кудикамо највећи део расположивог капитала на "законит" начин несметано излази из земље. Тај процес извлачења капитала је у економији познат под именом "круг врућег новца".

ТРЕЋИ КОРАК - ТРЖИШНО ОДРЕЂИВАЊЕ ЦЕНА
Тада ММФ "земљу - жртву" која је на издисају хладнокрвно увлачи у трећи корак - тако звано "тржишно одређивање цена". То је леп израз за драматично подизање цена хране, енергената, воде и осталих комуналних услуга. То, дакако, не значи и подизање цена рада (плата и осталих накнада по основу рада) и пензија. Тиме се, у првом реду, драстично руши већ ионако низак животни стандард становништва те осетно подижу пословни трошкови у већ добрано посусталој привреди.

ЧЕТВРТИ КОРАК - ММФ - ов ПРОТЕСТ
Тим протестом је "земља - жртва" дословце бачена "на колена" и "де фацто" се налази пред извеснијим привредним и економским уништењем. У тим драматичним околностима, ММФ из ње злочиначком хладнокрвношћу извлачи и последње капи крви. Програмирано појачава "ватру" и подиже социјалну температуру док напокон "цели котао не експлодира".
Еклатантан пример за то је Индонезија 1998. Којој је ММФ безобзирно укинуо субвенције за храну и гориво за сиромашно становништво, након чега су широм земље букнули жестоки протести и немири.

Такав, све изразитији привредни пожар и колапс има и своју светлу страну, наравно, само за безобзирне стране власнике капитала. У таквој безизлазној ситуацији они могу по смешним и симболичним ценама откупити преосталу имовину "земље - жртве" у паничној распродаји. По том перфидном обрасцу већ је у посљедњим деценијама у земљама Трећег света створено много земаља - губитница.
При томе су једини победници увек биле моћне западне банке које у бездушном лову за капиталом не презају ни пред чим.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Оставаат впечаток последниве три поста...
Можеби ова представува крај на поимот суверена национална држава.
А можеби ќе се отворат нови патишта на развојот на Човечкиот род
Но факт е за да сегашниот систем функционира, неопходно е државите да се задолжуваат.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom