- Член од
- 30 октомври 2008
- Мислења
- 31
- Поени од реакции
- 1
Сјајно! Значи ти сега не треба ништо да правиш само мирно да си е дочекаш смртта и ќе го видиш рајот затоа што Господ веќе се жртвувал за нас?! Значи можеш и да убиваш и да крадеш и да силуваш, жртвата е платена и се ќе покрие?! Само ти спиј на тоа уво...Јас не верувам во преданието за митарствата затоа што, согласно Светото Писмо, верувам дека Христовата жртва е доволна да ги покрие сите мои гревови и дека јас со ништо не можам да "доплатам" за нив.
Како православен христијанин апсолутно верувам во митарствата и им кажувам на сите што се православни да внимаваат на тоа што вика Црквата а не некојси умници одовде. Иначе потполно се согласувам со ставовите на Мики и не би додал ништо посебно. Една работа ми е интересна само - нов сум на овој форум и просто ми е фантастично околу какви се прашања и „недоумици“ се отвараат теми. Едноставно сакам да кажам за оние кои се православци нека си отидат во црква и таму нека се информираат зашто овде освен добронамерните постојат и оние други кои можат да одведат на крив пат!