- Член од
- 5 септември 2007
- Мислења
- 3.848
- Поени од реакции
- 960
Митарствата, според преданието, се еден вид царини низ кои, по смртта, поминува човековата душа на патот до Небото. На тие царини (митници) душата ја пречекуваат злите духови (митари) и бараат од неа откуп за гревовите што ги направила во нејзиниот живот.
Имено, според преданието, Теодора Цариградска откако починала, му се јавила во сон на Григориј (исто така ученик на нејзиниот духовник Василиј Нови) и му го раскажала нејзиното мачно патешествие од напуштањето на телото до Небото низ вкупно 20-те митарства. Таа му раскажала на Григориј дека секој човек по крштевањето добива ангел чувар кој ги запишува неговите добри дела, но исто така и дека ангелот на злото ги запишува сите негови гревови. (Ова верување дека секој човек има добар и лош ангел кој ги запишуваат неговите добрини и гревови е идентично со верувањето на Исламот.)
Според преданието, духовникот на Теодора, Василиј Нови, и пришол на почетокот на митарствата и им дал на ангелите-чувари едно ковчеже велејќи им: "Кога ќе треба да ги поминувате воздушните митарства, искупувајте ја земајќи од ова ковчеже и давајте им на лукавите и зли духови". На тој начин, со помош на добрините кои биле запишани во книгата на ангелот-чувар и ковчежето на Василиј, Теодора, во придружба со ангелите-чувари, минале низ сите 20 митарства и успеале да го исплатат откупот за гревовите кој го барале злите духови и најпосле ја довеле Теодора до Небото.
Според православното предание, сето ова Теодора во сон му ги раскажала на Григориј со цел да му покаже што го чека секој човек после упокојувањето: 20 митарства на кои злите духови ќе бараат откуп за нашите гревови. Доколку не успееме да дадеме откуп на сите митарства, тогаш нема да стигнеме до Небото, туку, после големи маки, злите духови ќе не одведат до пеколот и таму ќе не држат се до второто Христово доаѓање.