Митарства

Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Митарствата, според преданието, се еден вид царини низ кои, по смртта, поминува човековата душа на патот до Небото. На тие царини (митници) душата ја пречекуваат злите духови (митари) и бараат од неа откуп за гревовите што ги направила во нејзиниот живот.

Имено, според преданието, Теодора Цариградска откако починала, му се јавила во сон на Григориј (исто така ученик на нејзиниот духовник Василиј Нови) и му го раскажала нејзиното мачно патешествие од напуштањето на телото до Небото низ вкупно 20-те митарства. Таа му раскажала на Григориј дека секој човек по крштевањето добива ангел чувар кој ги запишува неговите добри дела, но исто така и дека ангелот на злото ги запишува сите негови гревови. (Ова верување дека секој човек има добар и лош ангел кој ги запишуваат неговите добрини и гревови е идентично со верувањето на Исламот.)

Според преданието, духовникот на Теодора, Василиј Нови, и пришол на почетокот на митарствата и им дал на ангелите-чувари едно ковчеже велејќи им: "Кога ќе треба да ги поминувате воздушните митарства, искупувајте ја земајќи од ова ковчеже и давајте им на лукавите и зли духови". На тој начин, со помош на добрините кои биле запишани во книгата на ангелот-чувар и ковчежето на Василиј, Теодора, во придружба со ангелите-чувари, минале низ сите 20 митарства и успеале да го исплатат откупот за гревовите кој го барале злите духови и најпосле ја довеле Теодора до Небото.
Според православното предание, сето ова Теодора во сон му ги раскажала на Григориј со цел да му покаже што го чека секој човек после упокојувањето: 20 митарства на кои злите духови ќе бараат откуп за нашите гревови. Доколку не успееме да дадеме откуп на сите митарства, тогаш нема да стигнеме до Небото, туку, после големи маки, злите духови ќе не одведат до пеколот и таму ќе не држат се до второто Христово доаѓање.


 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Јас не верувам во преданието за митарствата затоа што, согласно Светото Писмо, верувам дека Христовата жртва е доволна да ги покрие сите мои гревови и дека јас со ништо не можам да "доплатам" за нив. Верувам дека Христос, со Својата застапничка смрт, изврши откуп за сите оние кои ја положуваат верата во Него.

"Христос... влезе еднаш засекогаш во Светината над светините, и тоа не со крвта на јарци и јунци, туку преку Својата крв, и ни прибави вечен откуп." (Евреите 9:12)

"Тој не избави од власта на темнината и не пресели во Царството на Својот возљубен Син, во Кого имаме откуп, преку Неговата крв; простување на гревовите" (Колошаните 1:13-14)

"Човечкиот Син не дојде да Му служат, туку да служи и да ја даде Својата душа за откуп на мнозина" (Исус Христос во Матеј 10:28)

"Исус Христос... во Кого имаме откуп преку Неговата крв, прошка на гревовите, според богатството на Неговата благодат" (Ефешаните 1:7)


Затоа верувам дека Христовото "ковчеже" им плати доволно на "злите духови" и никакво дополнително "ковчеже", ниту од моето, ниту од ковчежето на гореспоменатиот Василиј Нови, ниту кое било друго ковчеже не може да доплати врз Христовата скапоцена крв која беше пролеана како откуп за нас кои сме ја положиле нашата вера во Него.
 
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.065
Поени од реакции
666
Имам читано за ова од литература за теолошки факултет ,и прилично е интересно ...фактички ,душата ти ја носи ангел-чувар и по "патот" се срекаваш со злите ангели кои ти ги имаат запишано сите гревови ,доколку имаш направено премногу гревови ,душата ти ја "земаат" тие... ,којзнае ,можеби е така
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Како православен, нормално дека го прифаќам учењето за митарствата. Искуствата од поедини богоугодници тоа го потрврдуваат, со цел, навремено да ни укажат што ја чека душата човекова после телесната смрт, за да (не) ни се случи она кое му се случило на богатот (и на Лазар). За оние форумџии, кои упорно тврдат дека веруваат само на она кое е запишано во Писмото, имам лоша вест: митарствата се споменати во Новиот Завет: „...зашто нашата борба не е против крв и тело, туку против началствата, против властите, против световните управители на темнината од овој век, против поднебесните духови на злобата„. (Ефесјаните, 6.12). Оттаму, јасно е дека учењето за митартсвата итоа како има своја новозаветан заснованост. Токму таму, во поднебесието, (помеѓу материјалниот свет/Земјата и духовниот свет/Небеста), лоцирани се митарствата. Најпознатите и најдеталните искуства од поминувањето на душата човекова низ тие страшни судови, се оние од споменатата преподобна Теодора, некаде од 10-от век, но има и други, како на пример, оние сознанија од преподобниот Антоните.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Не е слично ни од блиску ни од далеку.

Римокталоцизмот го има „воведено„ чистилиштето, како нивно оригинално учење (покрај филиоквето), кое отстапува од изворното и светоотечкото. Чистилиштето им служи како доказ за нивното толкување на верата, според кое гревот, како категорија е исклучен и заменет со категоријата „престап„. Чистилиштето служи како „место„ за очистување на гревовите, па така, поединецот, колку и да греши во овој живот, преку чистилиштето ќе се очисти од сите свои гревови и по автоматизам оди во Рајот (независно до неговата грешност).
Православието не познава таква можност: се што може да направи поединецот за свое спасение, може да го направи сега, овде и во овој живот, пошто после телесната смрт, времето (за покајание) му е истечено и веќе нема можност за никакво „дополнително„ покајание на гревовоте. Всушност, заради тоа, Христос ја одреди Светата Тајна покајание: покајание сега, а не после смртта.

И, што имаат тука слично православието и римокатолицизмот? Митарставата ни оддлеку не служат за некакво дополнително очистување, туку на митарствата, и се суди на душата по одредена категорија гревови, а после митарствата, следува привремениот Христов суд на душата од упокоениот. На митарствата, ниедна душа не се очистува, туку ги доживува стравотиите од демонската близина.
 
Член од
25 октомври 2008
Мислења
368
Поени од реакции
2
Ехххх, нашол кој да ни каже во што да веруваме... ученик на баптистите кои се појавија во 17-ти век. До 17-ти век немало учење за митарствата, та сега реши брат Ев да ни кажува како е. :tapp:Алоооооо, прочитај добро за митарствата и загледај се малку во годината кога се случило тоа.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Охххх нашол кој да реплицира на оваа тема... ученичката на адвентистите кои се појавија во доцниот 18 век :)
Христос и апстолите не поучувале ваква еретичка наука за некакви си "митарства", туку напротив, како што можете да видите од мојот втор коментар на темава, тие поучувале сосема СПРОТИВНО на православните ткн. "митарства".
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Митарставата ни оддлеку не служат за некакво дополнително очистување, туку на митарствата, и се суди на душата по одредена категорија гревови, а после митарствата, следува привремениот Христов суд на душата од упокоениот. На митарствата, ниедна душа не се очистува, туку ги доживува стравотиите од демонската близина.
А што ако таа душа искрено верувала во Христос? Дали и на неа ќе и се суди?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Оној кој верува во Христа-верува, тоа е неспорно.

Работата не е во самото верување, туку во незибежната „процедура„ која душата човекова мора да ја помине после телесната смрт. Тоа е исто како да кажеш, на пример, дали Исус ќе им суди на оние кои во Него не веруваат. Да , ќе им/ни суди на сите, независно дали веруваме или не веруваме во Него, па по таа аналогија, секоја душа човекова (нека бидат тоа и душите од паганите, незнабожците и идлопоклонците) мора да ги помине митарствата, на патот кон Небесата и кон привремениот/поединечниот Христов суд.

Исклучок од тие митарства имаат само мајката Божја и некои богоугодници, кои нема да ги поминат стравотиите митарски. За сите други, важи веќе кажаното.
 

marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Оној кој верува во Христа-верува, тоа е неспорно.

Работата не е во самото верување, туку во незибежната „процедура„ која душата човекова мора да ја помине после телесната смрт. Тоа е исто како да кажеш, на пример, дали Исус ќе им суди на оние кои во Него не веруваат. Да , ќе им/ни суди на сите, независно дали веруваме или не веруваме во Него, па по таа аналогија, секоја душа човекова (нека бидат тоа и душите од паганите, незнабожците и идлопоклонците) мора да ги помине митарствата, на патот кон Небесата и кон привремениот/поединечниот Христов суд.

Исклучок од тие митарства имаат само мајката Божја и некои богоугодници, кои нема да ги поминат стравотиите митарски. За сите други, важи веќе кажаното.
Јас не сум баш запознат со миратствата...па ме интересира..Од каде преданието..она што Чорбаџи го опиша или нешто друго е во прашање..Мики од тебе чекам одговор..
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Да , ќе им/ни суди на сите, независно дали веруваме или не веруваме во Него,
Еве уште еден доказ дека православието е СПРОТИВНО на Христовото учење.

"Кој верува во Него (Христос), нему не му се суди"
(Исус Христос во евангелие по Јован 3:18)
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Веќе има пишувано на таа тема.
Од она кое мене ми е достапно како литература, најдетален опис на митарствата има дадено романскиот монах Клеопа, во неговата книга „Голем е Бог„.
Учењето за митарствата навистиа има новозаветна подлога, на цитатот од посланието до Галатјаните (види погоре). Тоа учење е последица од искуствата кои Црквата, а особено нејзините подвижници, ги имаат стекнато, живеејќи богоугоден живот, полн со покајание. Најпозната „исповед„ за патот на душата кон Небеста, има даден преподобната Теодора. Нејзиниот духовник, после подоста молитви, се удостоил да „контактира„ со веќе упокоената Теодора (раниот 10-ти век, по мое сеќавање), од која ги дознава дожививањата од нејзината душа на секое од тие митарства, поединечно.
Се работи за некои 20 (или 24) митарства/царини, поредени според тежината од гревовите кои ги чини човекот во овој свет, а на секое од тие митарсва, стојат ( и чекаат ) демоните кои ги соблазнуваат луѓето кон чинење одреден грев, и чиј (демонски) лик го има „ликот„ од гревот за кој се суди на митарството. Судењето на душата почнува со „читање„ на книгите, во кои демоните ги запишуваат гревовите во текот од животот од секој поединец. Митарствата се „поредени„ според тежината од гревот: почнуваат со полесните гревови (празнословие, непристојни збориви, осуда...) па се движат кон се потешките гревои (убиства, богохилење, прељубодејствување...) за кои душата мора да сноси одговор, т.е. „покритие„ со некое добро дело или исповед. Белиот ангел, даден на крштевањето, е оној кој ја придружува душата низ тие митарства а воедно, ги „чита„ добрите дела кои душата (на која и се суди) ги има сторено во вој свет и живот, со кои може да ги покрие своите злодела. На митарствата, се „мери„ тежината на сторениот грев но и на доброте дела и спред таа тежина, се одредува натамошниот пат од душата.
Спред реакциите од демоните, тие се фалат дека најмногу души имат отерано во пеколот на митартвото кое и суди на душата на тема „прељубодејствување„. (отприлика, тоа е 15-то митарство).
Митарствата се само дел од патот кој душата мора да го помине. На 3-от, 7-от (9-от) и 40-от ден од патот низ митарствата, секоја душа човекова се среќава со Христа, лично и персонално, за да Му се поклони. На 40-от ден, после сите поминат царини, душата го добива од Христа својот привремен суд и „местоположба„ кој важи се до второто Христово доаѓање, кога Он ќе им суди на сите: и на телото и на душата истовремено.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Еве уште еден доказ дека православието е СПРОТИВНО на Христовото учење.

"Кој верува во Него (Христос), нему не му се суди"
(Исус Христос во евангелие по Јован 3:18)
Цитираниот стих, не е доказ против митарствата во православното учење, ниту дека православието е против Христовото, туку е само цитат изваден од контекст. Христос има кажано и други услови за стекнување вечен живот а не само верувањето во Него. На пр:„...Кој ќе поверува и се крсти, ќе биде спасен, а кој не поверува, ќе биде осуден...„(Марко, 16.16).

„Суровата„ вера не е доволна причина за влез во Царството. Подвижниците, на прмиер, согласно евангелијата, ги навдеуват и делата, но и смирението, кое произлегува од богобојажливиот живот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom